Македонија
Бејли: Поддршката кон Македонија останува иста и нема да се промени
Поддршката кон Македонија останува иста и нема да се промени, промените нема да се случат веднаш ниту пак партнерствата ќе се променат, изјави во средата утрото американскиот амбасадор Џес Бејли, за време на објавувањето на резултатите од претседателските избори во САД, на кои победи републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
„Ќе се согласиме дека целите ни се исти. Сега следи период кога треба да седнеме во рамките на Конгресот и Сенатот да најдеме решение. Мојот тим ќе се врати назад во амбадасата да размисли која ќе биде политиката на САД кон Македонија“, изјави Бејли, поздравувајќи ги американсите граѓани кои покажале како треба да фунционира демократското општество.
Американскиот амбасадор исто така додаде дека постизборниот период е време чувствата да се тргнат настрана и дека сега е време на патриотизам./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

