Контакт

Надворешна политика

Бројни честитки до Иванов по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија

Објавено пред

По повод празникот 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија, до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, беа упатени писма со честитки од голем број шефови на држави од светот.
 

dobivaj vesti na viber

По повод празникот 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија, до претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, беа упатени писма со честитки од голем број шефови на држави од светот.

 

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, во името на американскиот народ упати честитка до претседателот Иванов и до македонскиот народ во која вели дека Македонија има со што да се гордее на 24-годишнината од нејзината независност.

„Соединетите Држави и натаму ќе бидат Ваш непоколеблив партнер во Вашите напори за создавање на уште попросперитетна, демократска иднина,  и очекуваме натамошно зајакнување на нашето пријателство со Македонија и нејзиниот народ во годините што доаѓаат“, пишува во честитката претседателот Обама.

Во пораката од Кралицата на Обединетото Кралство, Елизабета Втора се вели: „Ваша Екселенцијо, ми претставува посебна чест и задоволство да Ви го честитам државниот празник, Денот на независноста, со најискрени желби и честитки за среќа и просперитет на народот на Република Македонија“.

Претседателот на Германија, Јоаким Гаук честитајќи го Денот на независноста, изразува уверување дека Германија и натаму како пријател и партнер ќе ја поддржува Република Македонија во своите напори.

„Политичките лидери на Вашата земја докажаа дека може да се договорат за доброто на земјата и за нејзините граѓани. Оваа култура на компромис може да се надгради. На тој начин претстојните реформи за заедничката иднина во европското семејство може да се спроведат благовремено, транспарентно и одржливо“, порачал Гаук.

Меѓу другото, во упатената честитка германскиот претседател се осврнува и на бегалската криза. „Бројката на бегалци што расте, ја доведува Вашата земја, како и цела Европа, пред дополнителни предизвици. За да ја добијат потребната заштита, потребен е ангажман на секоја поединечна земја како и соработка меѓу сите засегнати држави“, пишува претседателот Гаук.

Желби за среќа и просперитет на граѓаните на Република Македонија изрази во честитката до претседателот Иванов императорот на Јапонија, Акихито.

Честитка до претседателот Иванов упати и претседателот на Турција, Реџеп Тајп Ердоган. „Сакам да потенцирам дека ќе продолжиме со поддршката околу интегрирањето на Република Македонија во НАТО и во ЕУ. Сплотувањето на Македонија во евроатлантските институции, како земја каде различните етнички и верски заедници живеат со меѓусебно почитување, цврсто сум убеден дека ќе придонесе за зачувување на мирот и благосостојбата не само во Вашата земја, туку и во земјите од Балканот“, стои во писмото од турскиот претседател Ердоган.

Честитка по повод Денот на независноста пристигна и од претседателот на Унгарија, Јанош Адер, во која се изразува силна поддршка за натамошно развивање на билатералните односи. „Во изминативе години Македонија направи големи чекори во процесот на евроинтеграцијата. Искрено посакувам Вашата држава успешно да ги надмине и преостанатите препреки. Може да сметате на безусловна поддршка на Унгарија во овој поглед“, пишува претседателот Адер во писмото до македонскиот претседател.

Во писмото упатено од претседателот на Латвија, Раимондс Вејонис, се вели дека Латвија високо го цени политичкиот дијалог и конструктивната соработка со Република Македонија. „Верувам дека блиските односи на пријателство меѓу нашите земји ќе продолжат да се унапредуваат и во иднина“, стои во честитката од латвискиот претседател.

Писмо со честитки по повод 8-ми Септември до претседателот Иванов упати и претседателот на Швајцарија, Симонета Сомаруга. „Нека пријателството и соработката кои постојат меѓу нашите две држави продолжат да се унапредуваат и во следните години“, стои во честитката со желби за здравје и просперитет на граѓаните на Република Македонија.

Честитки по повод Денот на независноста со желби за добро здравје и просперитет на македонските граѓани упати и кралот на Шведска, Карл Густав.

По повод 8-ми Септември, писмо со честитка до претседателот Иванов упати и претседателот на Република Косово, Атифете Јахјага. „Република Косово и Република Македонија  ги поврзуваат многу заеднички работи:  почитта кон човековите права и владеењето на правото, како и заедничката посветеност на демократијата, развојот и просперитетот“, пишува Јахјага.

Писма  до претседателот Иванов пристигнаа и од претседателите на Алжир, Непал, Палестина, Виетнам,  кралот на Малезија, со желби за среќа, благосостојба и просперитет на граѓаните на Република Македонија./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет1 час

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет2 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет3 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет3 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет4 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија21 час

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија22 часа

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија23 часа

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија23 часа

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија24 часа

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет1 ден

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет2 дена

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет2 дена

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ2 дена

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ2 дена

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...