Контакт

Надворешна политика

Иванов–Туск: Македонија ќе ги засили напорите во справувањето со мигрантската криза, ЕУ треба да даде соодветна помош

Објавено пред

Македонија е подготвена да ги засили напорите во однос на справувањето со мигрантската криза, но за ова е потребно од страна на Европската унија (ЕУ) да биде дадена и соодветна помош, бидејќи досега земјата ги сноси последиците од нефункционалноста на Унијата во поглед на кризата, порача претседателот Ѓорге Иванов во неделата во Скопје по средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој е во посета на регионот.

dobivaj vesti na viber

Според Иванов, справувањето и превенцијата со бегалската мигрантска криза ги открија слабостите на Унијата и ова доведе до тешка состојба во стариот континент.

„Оваа посета е од исклучителна важност и поради актуелните случувања и тешката состојба во која се наоѓа цела Европа. Прво, поради кризниот менаџмент на ЕУ и на Македонија за справување со мигрантската криза. Второ, поради постојаната и директна закана од терористички напади кои доаѓаат од радикалниот и насилниот екстремизам, со кои се соочивме и ние во месец мај оваа година, при кумановските настани.Тогаш, спречивме извршување на координирани терористички напади низ повеќе градови во Македонија. И трето, поради блокадата на македонската европска интеграција, токму во Европскиот совет. Справувањето и превенцијата со бегалската и мигрантската криза ги открија слабостите на ЕУ. Македонија се наоѓа на Балканскиот коридор, и е првата држава во Европа која не е членка на Унијата, а која прогласи кризна состојба за закана од илегална миграција која доаѓа од територија на Унијата“, изјави македонскиот претседател.

Иванов додаде дека Македонија во моментот ги сноси последиците од  нефункционалниот механизам на Унијата за распоредување на бегалците во земји-членки на Унијата со таканаречени квоти, потоа неспроведувањето на регистрација на бегалци и мигранти во земја членка на Унијата и носењето на еднострани национални одлуки во земји членки на Унијата кои го ограничија протокот на лицата без претходно да информираат за тоа.

И покрај досегашните ветувања, според Иванов Македонија нема добиено никаква финансиска и техничка помош од Европската Унија, во однос на мигрантската и бегалска криза.

„Баравме размена на податоци, заедничко оперативно работење, заеднички интервентни тимови на делот на заедничката граница со Унијата каде имаме проток и контролни пунктови за регистрација. Баравме пристап до базите на институциите на Унијата за соработка за институциите кои ги спроведуваат законите, за листите со членови на ИСИЛ и други терористички мрежи, за фалсификувани документи и пасоши. Баравме и ќе бараме пристап заради безбедноста на нашите граѓани и за одбрана на нашата територија. Баравме и ќе бараме пристап заради Европската безбедност. Сега имаме нова реалност. Земјите од Унијата донесоа одлука да го ограничат протокот на бегалци и извршија категоризација на таканаречени „економски мигранти”. Контролниот пункт кај Гевгелија станува “тесно грло” за влез на мигранти и бегалци. Се зголемуваат безбедносните ризици. Европа е под постојана и директна закана од терористички напади. Терористичкиот напад во Париз е основа за промени во безбедносните политики. Унијата како и со мигрантската криза не смее повторно да реагира реактивно“, рече Иванов.

Според македонскиот претседател, досегашниот пристап на Европската унија кон Македонија за жал не даде резултати и затоа неопходно да заврши блокадата на евроинтеграцискиот процес и земјата да го добие заслуженото членство во ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет Туск, пак, порача дека ЕУ е подготвена да продолжи со својата поддршка за Македонија, веднаш откако ќе направи проценка околу тоа какви се потребите на земјата.

„Свесен сум за големиот мигрантски проток со кој се соочувате и за напорите кои ги правите за менаџирањето на овој проток. Како и секоја земја, не само што имате права, туку и обврска да ги заштитите своите граници, како што тоа го прават и земјите од ЕУ во поглед на надворешната граница. Сите земји од транзит рутата мора да комуницираат меѓусебно и да соработуваат. Ако сакаме ефикасно да се справиме со предизвикот тогаш координацијата е од клучна важност. ЕУ  е со вас и подготвена е да продолжи со поддршката преку хуманитарната и техничката помош, вклучувајќи ги и агенциите на ЕУ. Подготвени сме да ви пружиме многу повеќе, веднаш откако ќе процениме кои се вашите потреби“, изјави Туск.

Според него, доколку ЕУ сериозно сака да ги спаси Шенген зоната и безвизното патување, тогаш мора да им помогне на земјите кои што се наоѓаат на првата линија, како што е Македонија.

„Мора да бидеме свесни дека најголемиот проблем денес е во изворот на кризата и земјите на потекло. Нашата цел е да се намали бранот на бегалци а не само да се олесни нивниот транзит. Истовремено мора да бидеме свесни дека со големи проблеми ќе се соочат и земјите што се крајна дестинација, како на пример Германија. Ситуацијата е многу посложена од тоа што беше претходно, но сигурен сум дека ќе најдеме начин да соработуваме со вашата земја, вклучувајќи ја тука и финансиската поддршка. ЕУ е ваш партнер и ќе продолжи да ве поддржува на патот кон целосната интеграција, заедно со остатокот од Европа. Ова не е само формален став туку  и мој личен став, верувам дека припаѓате во ЕУ и дека таму е нашата заедничка иднина“, порача претседателот на Европскиот совет.

Покрај Македонија, Туск викендов оствари и посети на Србија и Албанија, а од понеделник тој на разговори за актуелната мигрантската криза заминува и во Босна и Херцеговина (БиХ), Хрватска и Словенија./крај/мф/бс

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија8 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет12 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет13 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет21 час

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет21 час

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет21 час

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет21 час

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет22 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија1 ден

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија2 дена

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија2 дена

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ2 дена

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија2 дена

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет2 дена

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет2 дена

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ2 дена

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија2 дена

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...