Контакт

Надворешна политика

Македонија во 2017-та ќе биде претседавач на САД-Јадранската повелба

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, во петокот во Загреб, учествуваше на состанокот на Партнерската Комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД.

 

Ова е последниот состанок во рамки на Хрватското претседавање со Повелбата, кое на состанокот и беше предадено на Република Македонија, која ќе претседава Комисијата во 2017-та година.  „Хрватска заврши со многу успешно претседавање на американско-јадранската повелба и Македонија ќе го следи истиот пат“, истакна Попоски и потврди  дека Македонија како претседавач на прво место ќе ги стави односите со соседите и ќе се обиде да ја зацврсти регионалната соработка во однос на безбедноста и перспективата за заеднички просперитет.

 

„Доколку ја погледнеме македонската перспектива од близу, дефинитивно ќе треба да ја инвестираме нашата енергија со нашите соседи кои се членки на НАТО и ЕУ.  Американско-јадранската повелба доби голема предност со регионалната соработка и особено поради тоа што ги имаме САД со нас. Се надевам дека откако ќе дојде новата администрација ќе имаме силен подржувач кој ќе ги зацврсти врските на регионално ниво и кој ќе ни помогне да ја завршиме стратешката објектива, вклучително сите земји од регионот и Европа, да бидеме безбедни и просперитетни“, додаде Попоски.

 

На состанокот, министрите за надворешни работи разменија мислења за актуелната политичка состојба во Регионот и безбедносните предизвици, реафирмирајќи ја посветеноста на заедничките напори насочени кон стабилна и просперитетна Југоисточна Европа.  Посебно внимание посветија на процесот на евроатлантска интеграција и неговото значење за стабилноста и просперитетот на Регионот, при што ја поздравија одлуката на Алијансата од Самитот во Варшава да продолжи со интеграцијата на земјите од ЈиЕ.

 

На состанокот земјите членки дадоа силна поддршка на аспирациите на Република Македонија за полноправно членство во Алијансата, подвлекувајќи дека македонското членство во НАТО е целосно основано и заслужено./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси, иднината на државата е во рамките на ЕУ, порача Мицкоски од Лондон

Економијата, безбедноста и процесот на интегрирање на Македонија во рамките на ЕУ, како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски биле теми...

Македонија12 часа

12 лица под истрага по полициските претреси во Скопје: осомничени се за лихварство и перење пари

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР денеска, по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд –...

Македонија14 часа

(Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ кој влезе во вториот круг на локалните избори се огласи откако...

Македонија15 часа

Кандидатите за градоначалници на Скопје се договорија: ТВ дебата во вторник

Кандидатот на партијата Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ денеска преку социјалните мрежи извести дека прифаќа дебата со противкандидатот...

Македонија16 часа

„Додека Данела сака да биде инфлуенсерка и троши време на театар, претпријатијата и штрајкуваат, а вработените немаат плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема...

Топ16 часа

Жени се истепаа во автобус на ЈСП, во друг инцидент, скопјанец нападнат од четири лица

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен...

Македонија17 часа

Сметам дека и во првиот круг Левицата имаше поддршка од ДУИ, а коалицијата со СДСМ e веќе jавна, вели Ѓорѓиевски

Кандидаттот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, смета дека неговиот противкандидат во вториот круг, Амар Мециновиќ од партијата...

Македонија17 часа

Истрага против 32 физички и правни лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка...

Македонија19 часа

Mицкоски се сретна со кралот Чарлс: „Беше искрено и содржајно“

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во рамките на престојот во Лондон остварил средба со Неговото Кралско Величество,...

Македонија19 часа

Полицијата претресува на повеќе локации во Скопје поради лихварство и перење пари

Под раководство на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на...

Македонија20 часа

И СДСМ излезе со процени: со ваков резултат ВМРО-ДПМНЕ би имала 52 пратеници, а СДСМ 21

СДСМ реагираше на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека се апсолутни победници на локалните избори, посочувајќи дека бројките, според нивната анализа, покажуваат...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ако утре би биле парламентарните избори, ние би освоиле над 60 пратеници, а СДС во некои изборни единици би бил трета партија

ВМРО-ДПМНЕ со 550 советници низ Македонија и градот Скопје, како и со над 300.000 гласови, е апсолутен победник на локалните...

Свет23 часа

Трамп: Не сакав бесмислен состанок со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал да одржи бескорисен состанок со рускиот лидер Владимир Путин, откако планот за...

Свет23 часа

(Видео) Украина со ракети „сторм шедоу“ нападна хемиска фабрика во Русија

Украинските сили на 21 октомври изведоа масовен напад со британски ракети „сторм шедоу“ врз хемиската фабрика во руската област Брјанск,...

Свет23 часа

Кремљ реагира по изјавата на полскиот министер: „Ова е закана за тероризам“

Москва ја обвини Полска дека се заканува со „терористички акт против авионот на Владимир Путин“, откако полскиот министер за надворешни...

Македонија1 ден

Во тек голема акција: Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, има приведени

Во тек е голема акција на финансиската полиција во Прилеп, поврзана со сомнежи за криминал во работењето на прилепската болница....

Македонија2 дена

Еден осуденик месечно ја чини државата околу 1.000 евра, Пандов рече дека пробацијата не се користи доволно

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, изјави дека државата месечно троши околу 1.000 евра за еден осуденик,...

Свет2 дена

Пропадна најавениот самит меѓу Трамп и Путин

Планираниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта до...

Македонија2 дена

Ѓорѓиевски и Мециновиќ ќе се соочат на дебата

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја прифати поканата за телевизиска дебата со својот противкандидат Амар...

Македонија2 дена

Министерството за здравство: Немаме долг кон „Комунална хигиена“

Министерството за здравство соопшти дека, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон ЈП „Комунална хигиена – Скопје“, демантирајќи...