Контакт

Надворешна политика

Попоски-Заоралек: Што поскоро решавање на внатрешно-политичката криза за напредок во евроинтеграциите

Објавено пред

Решавањето на бегалската криза, внатрешно-политичката состојба во Македонија и евроинтеграциите беа во фокусот на разговорите помеѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и неговиот чешки колега Лубомир Заоралек во средата во Скопје. Министрите согласни дека двете земји имаат одлични односи на политички план, со простор за унапредување на економски план.

dobivaj vesti na viber

Во однос на најгорливото европско прашање во моментов, односно бегалската криза, Попоски порача дека земјата во пракса го почитува она што е договорено, а тоа е значително намалување на протокот на нелегалните мигранти и воспоставување на систем за контрола и регистрација на пристигнатите мигранти.

„Македонија покажа во пракса дека може да го почитува тоа што е договорено, значително го намаливме протокот на нелегални мигранти, воспоставивме систем на контрола и регистрација и спроведување на сите оние коишто се основани баратели на азил во ЕУ на еден хуман и безбеден начин. Значајна беше помошта која што на билатерално ниво ја добивме од повеќе членки на ЕУ, вклучително и Чешка, која несебично придонесува и со присуство на сили и со опрема за да можеме да ја реализираме контролата на границата и ефикасниот систем на регистрација. Тоа што е договорено на европско ниво треба да се имплементира, и во делот на помошта за Турција да се справи со бегалците на нејзина територија и во делот на контролата на надворешните граници на ЕУ односно таму каде што влегуваат бегалците а тоа во Грција. Македонски интерес е да имаме соработк со Грција, да нема еднострани решенија и сите заедно да дејствуваме во правец на контрола и безбеден и хуман третман на бегалците и азилобарателите во европските земји“, порача Попоски.

Шефот на македонската дипломатија исто така се осврна и на политичката криза, порачувајќи дека заеднички заклучок е дека „што поскоро треба да заврши деструктивниот циклус на политичкото конфронтирање внатре во земјата“.

„Политичкото конфронтирање внатре во државата е добар изговор за секој оној кој би можел да посака да продолжи одложувањето на потребниот почеток на пристапните преговори за членството во ЕУ.  Што поскоро треба да бидат исполнети точките коишто  беа договорени од страна на партиите вклучително и организирањето на изборите на 24-ти април, со што потоа целата енергија ќе биде насочена кон тоа ЕУ и нејзините членки конечно да ја донесат одлуката којашто шест години се одложува, а тоа е почетокот на пристапните преговори“, рече Попоски.

Од страна на чешкиот министер Заоралек беше потенцирано дека состојбата во Македонија е проблем и за Европската унија, и дека како земја членка, Чешка посакува што поскоро решавање на сите присутни проблеми, вклучително и навремено одржување на закажаните избори.

„Ставот на Чешка останува непроменет, како за европските интеграции, така и за интеграцијата во НАТО. Сакаме да помогнеме во сегашната неповолна ситуација во која се наоѓа Македонија, нас нѐ вознемири ситуација со внатрешно-политичката криза, особено во деловите на владеењето на правото и слободата на медиумите и овие проблеми треба да се решат што е можно поскоро. Времето во кое живееме не е време на двоумење и треба одговорно да пристапиме кон решавање на оваа внатрешно-политичка ситуација. Треба навремено да се одржат изборите и земјата да добие претставници кои се способни да ги решаваат проблемите не само што ги има Македонија, туку и ЕУ. Чешка има искуство со решавањето на проблемите во интеграцискиот процес, но потребен е партнер којшто може со нас да разговара и да ги решава проблемите“, порача Заоралек.

Чешкиот гостин исто така додаде дека во однос на мигрантската криза, Чешка ќе продолжи со помошта за Македонија во решавањето на овој проблем.

„Разговаравме и за мигрантската криза, Чешка помага не само хуманитарно туку испрати и 27 полицајци кои делуваат на границата. Подготвени сме на понатамошно продлабочување на соработката и нови можности за помош, бидјеќи сакаме да бидеме активен учесник во решавањето на овој проблем. Сакаме да помогнеме Македонија да не стане камп каде што би се задржале сите бегалци и дојдовме тука да соработуваме и да помогнеме во решавањето на овој проблем“, додаде тој.

Заоралек, во име на Вишеградската група, составена од Чешка, Словачка, Полска и Унгарија, го поздрави и формирањето на фондот за западен Балкан, направен врз основа на вишеградскиот фонд, а во кој активно ќе учествува и Македонија./крај/мф/бс

 

Извор: Макфакс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура1 час

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет1 час

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет13 часа

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија18 часа

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија19 часа

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија20 часа

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија21 час

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет21 час

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет22 часа

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија1 ден

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија1 ден

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија2 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија2 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија2 дена

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија2 дена

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија2 дена

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија2 дена

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет2 дена

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...