Општество
Регионална конференција Заштита на просторот за мирен јавен собир во југоисточна Европа

Првата регионална и национална конференција „Заштита на просторот за мирен јавен собир во Југоисточна Европа“ ќе се одржи следните два дена (понеделник и вторник, 25-ти и 26-ти август) во Скопје во хотелот „Холидеј Ин“.
Конферецијата ќе овозможи претставниците на граѓанските организации од Балканот, претставници од ОБСЕ/ОДИХР, Европската унија, експерти и претставници на институциите, да ги истражат и дискутираат можностите и предностите поврзани со правните и практичните аспекти на примената на слободата на јавен собир во Југоисточна Европа. Постојната законска рамка и заштитните механизми кои го гарантираат правото на јавен собир во практиката ќе бидат разгледувани. Исто така, на конференцијата ќе се идентификуваат начините за подобра соработка помеѓу граѓанското општество, медиумите и властите, со цел унапредување на правото на јавен собир во регионот. Конференцијата ја организира „Реактор – Истражување во акција“ во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), ОБСЕ/ОДИХР, и е дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија. На неа учество ќе земат низа клучни говорници, вклучително и претставници од ОБСЕ/ОДИХР, ECNL, Уставниот суд на Република Македонија, претставници на релевантни институции, како и проминентни организации на граѓанското општество од регионот ќе учествуваат на конференцијата.Конференцијата ќе се осврне на темите за стандардите и практиките од областа на јавните собири, како и можностите за правна заштита; експертски ставови за предизвиците кои произлегуваат од глобалните трендови од остварувањето на правото на јавен собир; прецизен увид на потребите и перспективите на различните релевантни чинители; и за јавните собири во дигиталната ера: нови технологии за организирање и следење јавни собири. Една од главните цели на конференцијата е да понуди можности за вмрежување и да поттикне дебата меѓу учесниците од државите од југоисточна Европа и Македонија./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: Честит 8-ми март, за родово еднакво општество

Премиерот Зоран Заев упати честитка по повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март.
„Избирам да предизвикам да ја менуваме културата на третманот кој жените го имаат во нашето општество. Се придружувам во повикот Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое огромен број жени се жртви на родово засновано насилство. Немаме повеќе ни минута за губење. Жртвите мора да бидат заштитени“, потенцира Заев во честитката.
Истакна дека како премиер, ќе ги повика владините надлежни институции да ги забрзаат измените во законската регулатива, сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик со мерки за итно постапување на овие случаи.
„Да оневозможиме идни Јавни соби“, истакна Заев.
Во борбата за родово еднакво општетство тој го посочи примерот со неговиот Кабинет, каде како што објасни повеќе од 70% од местата се жени или девојки, а на раководните места како што потенцира повеќето се жени.
„Политичкото и економското зајакнување е одговорот на напредните демократии, какво што општество тежнееме да сме ние. Избирам да предизвикам да создаваме услови жените да се таму каде што се носат одлуките. Честит 8 Март, за родово еднакво општество“, вели премиерот Заев, во честитката по повод Меѓународниот ден на жената.
Македонија
Почина новинарот Драган Ристов, ја изгуби битката со коронавирусот

Новинарот Драган Ристов ја загуби битката со коронавирусот.
Тој беше хоспитализиран на Клиниката „Жан Митрев“ и за неговото лекување се собираа финансиски средства.
Ристов почина на 47-годишна возраст поради сериозни компликации од коронавирусот.
Тој беше татко на две деца и дологогодишен новинар, сликар и советник за односи со јавност во општина Штип.
На македонската јавност ѝ е познат по тоа што секоја година беше одговорен и за прес-конференциите на Фестивалот за забавна музика „Макфест“.
Македонија
11 починати и 843 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени вкупно 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 360, Прилеп – 66, Неготино – 54, Куманово – 51, Кавадарци – 44, Струмица – 33, Велес – 30, Тетово – 26, Охрид – 25, Гевгелија – 22, Крива Паланка – 20, Гостивар – 18, Кочани – 16, Штип – 12, Богданци – 11, Битола – 9, Крушево – 8, Кичево и Пробиштип по 6, Струга – 5, Ресен и Демир Капија по 4, Валандово и Демир Хисар по 3, Свети Николе, Берово и Кратово по 2 и еден во Македонски Брод.
Регистрирани се 333 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 115, Кавадарци – 64, Неготино – 26, Прилеп – 25, Тетово – 18, Куманово – 15, Велес и Гевгелија по 10, Штип и Струмица по 9, Гостивар, Битола, Дебар и Берово по 4, Кочани и Крушево по 3, Кичево и Кратово по 2 и по еден во Охрид, Ресен, Делчево, Валандово, Богданци и Демир Капија.
Пријавени се вкупно 11 починати лица – 5 пациенти од Скопје (77, 73, 63, 63 и 39 години), по 2 пациенти од Кавадарци (77 и 71 година) и од Неготино (77 и 63 години) и по еден пациент од Куманово (75) и Кочани (72). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.519 теста преку: ИЈЗ – 818, ЦЈЗ Скопје – 75, „Авицена“ – 308, „Биотек“ – 306, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 176, „Систина“ – 306, лабораторија „Лаор“ – 248, Судска медицина – 12, ЦЈЗ Битола – 98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, „Синлаб“ – 59, „Ремедика“ – 21, лабораторија во болницата во Козле – 18, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.056, УК Пулмологија со алергологија – 2 и ГОБ „8 Септември“ – 15.
Досега во земјата се направени вкупно 537.024 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 106.110, бројката на оздравени пациенти е 94.275, на починати е 3.176, а бројот на активни случаи изнесува 8.659.
Според досега завршените епидемиолошки анализи ова е статистиката по градови. За секој град првин се наведени бројките на нови случаи, а потоа и вкупниот број активни случаи:
Скопје 360, активни 3.988
Куманово 51, активни 349
Прилеп 66, активни 704
Тетово 26, активни 254
Гостивар 18, активни 159
Штип 12, активни 105
Велес 30, активни 243
Кавадарци 44, активни 539
Битола 9, активни 188
Охрид 25, активни 428
Струмица 33, активни 182
Струга 5, активни 168
Кочани 16, активни 100
Кичево 6, активни 44
Неготино 54, активни 305
Гевгелија 22, активни 255
Свети Николе 2, активни 21
Крива Паланка 20, активни 126
Ресен 4, активни 50
Дебар, активни 17
Делчево, активни 65
Радовиш, активни 10
Берово 2, активни 28
Пробиштип 6, активни 37
Виница, активни 23
Валандово 3, активни 35
Крушево 8, активни 81
Богданци 11, активни 62
Кратово 2, активни 26
Демир Хисар 3, активни 25
Македонски Брод 1, активни 5
Демир Капија 4, активни 30
Македонска Каменица, активни 2
Пехчево, активни 4
Дојран, активен 1
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“