Контакт

Политика

СДСМ го промовираше проектот за полицаец позорникар

Објавено пред

Маалски полицаец ќе биде нашиот прв пријател заштитник, рече во неделата генералниот секретар на најголемата опозициска партија СДСМ и воедно дополнителен министер за внатрешни работи во владата за спроведување на предвремените парламентарни избори Оливер Спасовски, всушност реафирмирајќи ја идејата на повеќе влади досега за враќање на позорникарската служба во полицијата.

dobivaj vesti na viber

„Тука сум да ве уверам дека вашите мали деца безбедно ќе играат надвор. Вашите деца тинејџери безбедно ќе се враќаат дома. Насилствата, кражбите по домовите, уличниот криминал, нарушувањата на јавниот ред и мир, други девијантни појави, ќе дејствуваме да ги спречиме пред можноста да се случат“, порача Спасовски во изјава за медиумите.

Еден од начините, како што посочи Спасовски, како тоа ќе биде остварено е воведување на должноста на ткн маалскиот полицаец кој ќе патролира по улиците на населените мест

„Полицаецот позорникар ќе биде нашиот пријател – заштитник во секое време. Да може секој од нас да му се обрати за каков и да е проблем. Никој да не се чувствува дека е сам, зашто нема да биде сам“, додаде Спасовски истакнувајќи дека неговата партија се обврзува во Програмата којашто ќе им биде понудена на избирачите за изборите на 11-ти декември.

Појасни дека должноста на полицајците позорникари ќе биде да се грижат за проблемите и потребите на граѓаните и оти намерата на СДСМ; преку овој проект е да ја зацврсти довербата меѓу граѓаните и полицијата, бидејќи тоа, како што оцени, може многу да помогне за заштита на секој од нас.

„Ако граѓаните се чувствуваат безбедно, тие ќе се движат слободно, ќе бидат мотивирани да бидат активни во средините во кои живеат. Така ќе придонесуваат и за развојот на општеството“, смета Спасовски уверувајќи дека ќе биде воспоставена полиција којашто ќе биде организирана исклучиво според потребите на граѓаните. /крај/мф/бб

Извор: Макфакс

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Македонија

Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија

Објавено пред

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.

dobivaj vesti na viber

„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.

Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.

Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) МВР: Изборниот ден тече мирно, со регистрирани помали инциденти

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија3 часа

Со УВ-ламба и спреј ќе продолжи гласањето на некои избирачки места во Кочани, Охрид и Куманово

На едно избирачко место во Кочани, едно во Охрид и едно во Куманово, каде што утрово беа пријавени технички проблеми...

Македонија4 часа

Одѕивот на претседателските избори до 11 часот е 12,87 отсто, а на парламентарните 13,69 отсто

Според податоците од 2.080 избирачки места, за претседател на државата до 11 часот гласале 12,87 отсто од гласачите. Државната изборна...

Топ5 часа

ДИК: Одѕивот до 9 часот е намален во однос на претходните избори за претседател и пратеници

Одѕивот до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „Во споредба со вториот...

Македонија6 часа

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, уверува Даштевски

Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарните, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски. „На...

Топ6 часа

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на...

Свет6 часа

Популарноста на Америка опаѓа во светот, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Популарноста на Америка како глобална сила опаѓа ширум светот, особено во земјите со мнозинско муслиманско население,  додека на Русија и...

Македонија7 часа

Почна вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори. Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во...

Свет7 часа

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател...

Свет7 часа

„Астра Зенека“ ја повлекува вакцината неколку месеци по признавањето дека има несакани ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откога пред судот во Лондон призна...

Свет7 часа

Почина главниот шеф на пропагандата на Ким Џонг-ун

Почина поранешниот севернокорејски пропагандист Ким Ки-нам, објавија утринава државните медиуми. Имаше 94 години. Тој почина поради старост и оштетување на...

Свет7 часа

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: „Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам“

Русија рано утринава жестоко ја нападна Украина со проектили и беспилотни летала. Ова го тврди Володимир Зеленски. „На денот на...

Топ21 час

Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња

Вчера, по претходно добиени оперативни податоци за фотографирање на избирачки список и гласачки ливчиња на првиот круг од претседателските избори...

Македонија23 часа

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните...

Македонија1 ден

За Бојмацалиев, полицијата е модерна и европска, Тошковски, пак, шокиран од недостоинствените услови во кои работат

Со свеченост во паркот кај авионот во скопско Ново Лисиче денес беше одбележан Денот на полицијата, 7 Мај. Техничкиот министер...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Зоран Милевски-Кичеец го пријавил Бојан Јоавновски-Боки 13 во полицијата. Ова се однесува на статусот што Јовановски го објави вчера, а...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово на булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае. Во несреќата учествуваа две возила, од...

Свет1 ден

Израел: Ја презедовме контролата на преминот Рафа, специјалните сили на терен

Израелската армија утринава соопшти дека ја презела оперативната контрола на палестинската страна на јужниот граничен премин Рафа во Газа, кој...

Македонија1 ден

На ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во...