Контакт

Политика

СДСМ: Опасно е однесувањето на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за пораките од Извештајот на ЕК

Објавено пред

Јасни и недвомислени се пораките во Извештајот на Европската комисија со посочена одговорност кон врвот на власта и прецизно се констатирани катастрофалните владини политики, велат од СДСМ.
 

dobivaj vesti na viber

Јасни и недвомислени се пораките во Извештајот на Европската комисија со посочена одговорност кон врвот на власта и прецизно се констатирани катастрофалните владини политики, велат од СДСМ.

 

 

Македонија е во ќорсокак. Европската комисија го констатираше она што граѓаните го чувствуваат секој ден, дека Македонија назадува. Во извештајот е секојдневието на граѓаните и фирмите, состојбата во медиумите, она што го констатираат невладините и меѓународните организации веќе подолго време. Заклучоците на ЕК ги потврдуваат сите обелоденети случаи на медиумска корупција, милионските исплати на провладините медиуми за време на изборната кампања, затворањето на независните медиуми, падот на Македонија на сите светски листи за слобода на медиумите, оценките дека во Македонија владее хибриден режим“, изјави Лидија Димова од СДСМ.

 

„Селективна правда. Селективна борба против корупцијата. Бројни афери се поврзани со врвот на власта. Оваа оценка доаѓа по бројните афери кои ги отвори опозицијата, поврзани со врвот на власта: Македонска банка, Актор, пари во кеш, кои беа заобиколени од судските и истражните органи. Самата јавност е сведок на политички и полициски монтирани случаи, подметнувања и апсења. Нема констатација во извештајот на Европската комисија за којашто нема безброј аргументирани примери: политизација на јавната администрација на централно и на локално ниво, уставни промени без политички консензус, огромен јавен долг над 50 процени од БДП и постојано задолжување на државата и отсуство на политичка дебата“, додава Димова.

 

Според СДСМ, фактот што годинава не се одржа ниту една средба од Пристапниот дијалог на високо ниво, а власта за тоа ништо не презема, покажува колкава е неодговорноста на оваа власт во врска со евроинтеграциите на Македонија./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Војната во ДУИ на дневен ред во Мала Речица, опција е и разрешување на „огнените“ од партиските функции

Објавено пред

Војната помеѓу двете групи во ДУИ, може да заврши и со разрешување на „огнените“ од функциите во партијата. Ова се неофицијалните информации кои денеска доаѓаат од Мала Речица, каде ставовите ќе ги судрат двете страни – огнената група и останатото раководство на партијата на чие чело е Али Ахмети. Во просториите на ДУИ пристигна Изет Меџити, Блерим Беџети, Висар Ганиу кои се предводници на „огнените“. Пред нив, дојде и Бујар Османи.

dobivaj vesti na viber

Изет Меџити прашан за што очекува да се разговара на состанокот во Мала Речица, тој кажа: „За ДУИ“.

Главната тема ќе се внатрепартиските прашања.

„За сите прашања кои останаа неразговарани и ќе бидат отворени од претседателството ќе се разговараат. Секое прашање кое ќе биде покренато ќе се разговара“, вели Бујар Османи.

Ова е втор состанок за една недела. Претходниот се одржа минатиот викенд. Незадоволството на „огнените“ е од кадровската политика на партијата, а прст вперија кон Артан Груби и Бујар Османи. Од Ахмети бараат, Груби и Османи да останат без министерските фотелји. Ахмети минатиот месец, на огнените им посочи дека ДУИ е ураган.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократски сојуз: Неприфатлива е одлуката за енормно зголемување на платите на функционерите

Објавено пред

Демократскиот сојуз смета дека одлуката на Уставниот суд, со која се овозможува зголемување на платите на функционерите за 78% е неодговорна, неразумна и неприфатлива.

dobivaj vesti na viber

Од партијата предлагаат да се интервенира во коефициентите, односно да се предложат измени на Законот за платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, со што, како што велат, зголемувањето на платите на функционерите ќе се усогласи со зголемување на платите во сите сектори, како и со зголемувањето на пензиите.

„ Демократскиот сојуз ќе поддржи и ќе биде дел од законско решение, кое ќе ја спречи ваквата неправедна положба и огромна разлика во примањата на функционерите и останатите вработени.

Зголемувањето на примањата како одговор на растечките животни трошоци треба да го почувствуваат сите граѓани, посебно ранливите категории, додека оние кои се избрани и именувани лица треба да обезбедат услови за поквалитетен и подобар живот за сите, а не само за себе“ наведуваат од Демократскиот сојуз.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петрушевски: Барам осуда од СДС за заканите кон мене и претседателот Мицкоски

Објавено пред

Само кукавици и плашливци се закануваат во пораки, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

dobivaj vesti na viber

„ Еве јавно го повикувам дотичниот Роберт, кој ми се заканува мене, а и на претседателот Мицкоски, дека ќе ни ги ликвидирал нашите семејства, да се сретнеме лично, очи во очи.

Доколку остана некој психички нормален во раководството на СДС, барам осуда и оградување од ваквите закани на нивни членови.

Исто така, барам од Претседателот на државата, г-нот Стево Пендаровски, да ја повлече издадената Благодарница на ваков насилник. Ја повикувам и меѓународната заедница будно да ја следи состојбата со опозициските пратеници и функционери, кои се мета на секојдневни закани, следења и заплашувања со досиеа незаконски водени од функционерите на власта.

Доколку институциите на државата не сакаат да не заштитат, ќе бидеме принудени сами, како знаеме и умееме, да се заштитиме себе си’ и нашите семејствата.

И на крај, да им биде јасно на сите, и по цена на мојот живот, нема да гласам за уставни измени, затоа што немам мандат од граѓаните“ напиша Петрушевски на Фејсбук.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ахмети: Согласно статутот во ДУИ не се дозволени фракции, ќе треба да се почека до следниот конгрес

Претседателот на партијата Али Ахмети на седницата на Централното претседателство на ДУИ изјави дека фракции според статутот не се дозволени,...

Топ3 часа

По трагедијата во Прага каде почина матурант, професори и студенти се враќаат од екскурзијата во Хрватска

Матурантот од средното училиште „Мате Балоте“ од Пореч во Хрватска, кој загина на матурска екскурзија во Прага, е 17-годишен ученик...

Македонија4 часа

Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим...

Македонија5 часа

Ване Цветанов по кривичната побегна, се жали дека е жртва на политичка репресија

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против...

Македонија6 часа

Војната во ДУИ на дневен ред во Мала Речица, опција е и разрешување на „огнените“ од партиските функции

Војната помеѓу двете групи во ДУИ, може да заврши и со разрешување на „огнените“ од функциите во партијата. Ова се...

Македонија7 часа

Тинејџерките биле најдени близу „Бит Пазар“; МВР: Биле во близина на продажен објект

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички, Аниса Ајро и Мелиса на подрачјето на Бит Пазар. Во моментот кога биле затекнати,...

Македонија10 часа

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска почнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје. Од општина Центар,...

Свет11 часа

Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повеќе не е недопирлив, изјави порно ѕвездата Сторми Даниелс во петокот вечерта во своето прво...

Македонија11 часа

Георгиевски: Со донираното оружје за Украина, се врши големо обезоружување на нашата држава

ВМРО-Народна партија ја поддржува политиката на поддршка на Украина, но исто така апелира дека се врши големо обезоружување на нашата...

Економија12 часа

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Најниски трошоци за работната сила во Европската Унија има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург. Како што објави...

Свет12 часа

(Видео) Торнадо однесе покрив за време на концерт во САД

Едно лице загина, а десетици се повредени кога покривот на концерт на хеви метал бенд во Илиноис се урна при...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое јавно се заканува на Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Ковачевски, а добил благодарница од Пендаровски

Заканите кон семејството и децата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се акт на вандализам и варварско водење на политиката...

Топ1 ден

Исчезнати две тинејџерки од Скопје, полицијата трага по нив

Исчезнати се две тинејџерки од Скопје. Полицијата од вчера трага по 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелица К. Двата случаи...

Свет1 ден

Путин потпиша нова руска глобална стратегија, насочена е против Западот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов руски стратешки документ чија цел е ограничување на „западната доминација“. Во документот се...

Македонија1 ден

Влада: Платите нема да се зголемат 78%, разгледуваме можност за намалување на коефициентите

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани...

Македонија1 ден

„Го жалам Ковачевски, работи во интерес на ДУИ“ – Хајредини не ги штеди ниту Ахмети, ниту Груби, ниту Османи: aјдуци на власт

Дали се задоволени албанското его и решавањето на меѓуетничките односи во државата, дали со поставувањето премиер Албанец ќе биде ставен...

Македонија1 ден

(Видео)Побарајте помош ако имате напнатост и несоница по лажните вести за киднапирање и труење ученици

Анксиозност, нерасположеност, социјално изолирање од другите и чувство на срам иако не направиле ништо лошо се очекувани последици од лажните...

Македонија1 ден

Болните од цистична фиброза го потсетија Ковачевски: Рековте лек ќе има за сите

Болните од цистична фиброза се уште го чекаат лекот. Тие ги потсетија надлежните на ветувањата, дека лек ќе има за...

Македонија1 ден

Османи: Политичарите треба да бидат последни на листата за зголемување на платата

Политичарите треба да бидат последни што ќе добијат поголема плата, изјави денеска Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него,...

Топ1 ден

Обвинителството за убиството во Капиштец: Осомничениот пукал неколкупати, па продолжил да го удира со кундакот по главата

Скопското Обвинителство го заврши увидот на самото место во казиното во кое утрово се случи убиство во Капиштец, при што...