Контакт

Политика

СДСМ тврди дека се направени институционални пропусти за бактеријата листерија

Објавено пред

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија тврди дека се направени институционални пропусти за бактеријата листерија и прашува дали надлежните задоцниле со ракцијата по првиот сметен случај.

„Дали најавата од министерот за здравство за кривична пријава против непознат сторител, за последиците од бактеријата листерија, е панична ограда од пропусти кај надлежните државни институции?Дали можеби има задоцнување во реакцијата на надлежните од појавувањето на првиот случај? Четири жртви од бактеријата, како што се тврди, навистина е аларм. Но, зошто се молчело, по првиот случај со смртоносни последици? Оттогаш се поминати месец и половина, коишто однесоа уште три човечки животи, меѓу кои и на новороденче. Кој се знаел што се случува?“, праша во сабота на прес конференција Гоце Чакароски, член на Централниот случај на најголемата опозициска партија.

 

Тој прикажа документ, односно Информација за пријавени заразни заболувања со докажан причинител листерија, во периодот јуни – јули.

 

„Информација е подготвена е од Секторот за превенција и контрола на заразните заболувања, Одделение за следење и надзор над заразните болести.Од Информацијата произлегува дека се почнува со еден случај во март, еден во мај, а зголемување на бројот на заболени е регистрирано од 1-ви јуни. Во Информацијата стои дека Институтот за јавно здравје алармирал на невообичаено голем број докази, за присутност на бактеријата во случаи со смртоносни последици, во краток временски период. Не е наведено кога и кого алармирал, и дали и кој требало да реагира“, рече Чакароски.

 

Но, додаде Комисијата за заразни болести се состанала на 10-ти јули и тогаш, тоа значи пред повеќе од две недели, се донесени заклучоци кои упатуваат на сомнеж за затајување на надлежноста на институциите.

 

СДСМ прашува кои се институциите до коишто бил испратен овој документ и дали е постапено по него?

 

„СДСМ изразува загриженост за начинот на реагирање на повиканите органи за вакви ситуации. Бараме одговори и одговорност од државните институции, наместо формални најави за кривични пријави, кон непознат сторител“, истакна Чакароски.крај/мф

 

Македонија

Кривичен суд изработил 3.500 уверенија и потврди за кандидатите за советници и градоначалници

Објавено пред

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека во изминатите 10 дена изработил 3.500 уверенија и потврди од Кривична и Казнена евиденција, а по барање на сите кандидати за членови на совети и кандидати за градоначалници од политичките партии, коалициите и групи избирачи, родени на територија на Град Скопје, а неопходни за учество на претстојните локални избори.

„Согласно чл. 67 ст.3 во врска со чл.7 ст.3 од Изборниот законик сите Oпштински комисии, електронски ги доставија личните податоци на кандидатите, а во рок од 24 часа судот ги изврши соодветните проверки, ги изработи уверенијата и потврдите и електронски ги достави решенијата до комисиите.

Во однос на критиките на одредени политички субјекти објавени на социјалните мрежи, ја информираме јавноста дека одделот за Казнена евиднеција во судот постапуваше по сите барања по завршување на работното време, како и во текот на викендите, пред сè затоа што голем
дел од кандидатите и општинските изборни единици ги доставуваа барањата по истек на рокот од 11.9.2021 година за пријавување на кандидати“,  наведуваат од судот.

Исто така додаваат дека судот, за овој период, доследно ги почитувал и роковите за прием, проверка и изработка на уверенија и потврди на сите граѓани чии барања не беа поврзани со изборите, па во тој правец. Од судот апелираат, согласно протоколите за заштита од Ковид-19, за потребата од воведување на електронско аплицирање и издавање на уверенијата и потврдите.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Зелен хуман град“: Протест за одбрана на дрвјата во Аеродром

Објавено пред

Од „Зелен хуман град“ најавија протест во Аеродром поради, како што велат, планирано проширување на улицата Васко Карангелески, а со тоа и сечење на голем број дрвја што таму постојат со децении.

„Наместо да го заштитиме зеленилото во најзагадената скопска општина, локалната власт продолжува со зголемување на автоцентричноста на населбата и намалување на зеленилото што е премногу потребно таму.

Вчера, кај обележаните дрвја за сечење кај ул. Васко Карангелески стигнала механизација, а од утре ќе се почнело со проширување на улицата. ЗХГ нема да дозволиме уништување на белите дробови на еден од најзагадените градови во светот.

Локалната власт во заминување ветуваше зелени површини, а наместо тоа донесе уште поголема бетонизација и сечење на дрвја. За да биде лицемерието поголемо, новиот кандидат за градоначалник на Аеродром од СДСМ кажува дека ќе се грижел за зеленилото, за зеленило што ќе го исече неговата партија ли ќе се грижи?“ велат од „Зелен хуман град“.

Оттаму ги повикуваат сите граѓани кои не сакаат да живеат во бетонски град да дојдат денес (22 септември) во 10 часот спроти ОУ „Љубен Лапе“ до Воениот базен заеднички да го сопрат уништувањето на уште еден ред зеленило во градот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Објавено пред

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 193.982 лица.

Пописот ќе трае до 30 септември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија8 часа

16 починати и 491 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нов случај на Ковид-19,...

Македонија9 часа

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија12 часа

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија13 часа

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија13 часа

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија13 часа

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион14 часа

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Македонија14 часа

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан и е на 40 место во светот, според истражувањето на Институтот за економија...

Регион15 часа

Хеликоптери на КФОР надлетуваат над премините на северот на Косово, ситуацијата мирна но напната

Покрај припадниците на „Росу“ ситуацијата на северот на Косово ја следеше КФОР, кој патролираше со хеликоптер, пишуваат регионалните медиуми. Главните...

Македонија17 часа

Попишани 1.212.339 луѓе, 378.033 домаќинства и 516.787 станови

Вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за...

Македонија17 часа

Вчера се вакцинирале 12.099 граѓани, од нив 2.969 примиле прва доза

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 776.659 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Свет17 часа

Талибанците бараат да се обратат на Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да им се обратат на светските лидери пред Обединетите нации, a за таа пригода го назначија својот портпарол...

Свет18 часа

(Видео) Еден од најсилните земјотреси досега ја погоди Австралија

Земјотрес со јачина од 6 степени, еден од најсилните што е забележан во Австралија, го погоди југоистокот од оваа земја....

Македонија1 ден

Регистрирани 554 нови случаи на Ковид-19, пријавени 17 починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.072 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на...

Македонија1 ден

Радев: Изјавите и ветувањата во дијалогот со Северна Македонија повеќе не функционираат

Изјавите и ветувањата во дијалогот со Република Северна Македонија повеќе не функционираат и Бугарија очекува јасни правно обврзувачки решенија што...

Свет1 ден

Бајден: Не сакам воената моќ на Америка да се користи како одговор на секој проблем во светот

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, изјави дека не сака воената моќ на САД да се користи како одговор на секој проблем...

Свет1 ден

(Видео) Лава од вулканот на Канарските Острови навлегува во куќите, луѓето се евакуираат

Вулкан на Ла Палма, на северозапад од архипелагот, еруптира во неделата исфрлајќи лава неколку стотини метри високо во воздухот и...

Регион1 ден

Лајчак вознемирен за ситуацијата во Косово, повика на смирување на тензиите

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека е загрижен за ситуацијата во северно Косово...

Македонија1 ден

И без политичка влада во Софија, продолжуваат разговорите за деблокада на евроинтеграцијата

И покрај тоа што сè’ уште во Бугарија нема политичка влада, разговорите за надминување на разликите и деблокада на нашата...

Досие