Политика
Тркалезна маса и презентации на тема Регистрација на население и избирачки список
На 21-ви јули, во рамките на на Академијата за лидери 2015, Институтот Охрид – Скопје одржа Тркалезна маса на тема „Регистрација на население и избирачки список“, чии учесници беа претставниците од младинските организации на четирите политички партии во Македонија ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ, ДПА, имаа можност заеднички да дискутираат на оваа тема.
При подготовка за дискусијата учесниците четири седмици работеа на изучување и анализирање на меѓународните стандарди, добрите практики за регистрација на население во развиени земји (како на пример Шведска) како и земји со слично историско минато и позадина како Македонија (како што е Босна и Херцеговина), регистрација на гласачи, а исто така ги анализираа и извештаите подготвени од страна на меѓународните организации како што е ОДИХР.
Преку презентација на различните истражувања и подготвени анализи учесниците имаа можност да се здобијат со знаења кои овозможија дискусија во однос на тоа кои принципи и процедури може да се аплицираат во Македонија. Исто така, учесниците се здобија со знаење во однос на различни мерки кои би биле корисни и успешни на краток рок, со што би се изградило доверба во Избирачкиот список, како и со одредени можности и методи за ревидирање на Избирачкиот список во Македонија, знаења што понатаму можат да ги проследат во матичните партии, како на младинско така и на сениорско ниво, изјави Билјана Јанева, Извршен дирекор на Институтот Охрид од Скопје.
За време на дискусијата учесниците разговараа за потребата за градење доверба во избирачкиот список како и начини за зголемување на точноста и ажурирање податоците при регистрација на населението.
Оттука, при регистрација на населението мора да се земат предвид основните принципи: транспарентност, инклузивност, точност и одговорност. Учесниците се согласија со следното: Регистрирацијата на населението претставува постојан процес кој влијае врз секојдневниот живот на граѓаните во повеќе насоки- слобода на движење, владеењето на правото и доброто управување; Транспарентност во работата на институтициите во системот при споделување на податоци и информирање ќе придонесе за зголемување на довербата во процесот; Потребно е појаснување и дефинирање на улогата и надлежностите на институциите вклучени во регистрицијата на гласачите, бришење или ажурирање на податоците во Избирачкиот список; Потребно е загарантирано право на заштита на личните податоци на сите нивоа (централно/ локално) и од страна на сите институции и Политичка волја и позитивен пристап е клучно за понатамошно подобрување на постоечкиот систем
Во рамките на широката дискусија беа донесен заклучоците дека размената на податоците, постојаната комуникација и непречено споделување на информации меѓу вклучените институции (ткн интероперабилност) во процесот на креирање и одржување на Регистар на население претставува клучен сегмент во дополнување точен и ажуриран Избирачки список,
Исто така, беше постигната и општа согласност дека е потребно е ревидирање на процедурите за регистрација на живеалиште, именување и регистрирање на улици и адреси, т.е. поедноставување на процесот или менување на моменталната пракса и создавање услови за остранување на адресите од личната карта
Учесниците во дебатата беа едногласни и во оцената дека Пописот, како најголема статистичка операција, не може да ја замени регистрацијата на населението/гласачите, како и дека е пПотребно е зголемување на свеста и поголемо информирање и комуницирање со граѓаните- едукацијата и информираноста се важен сегмент за запознавање со концептот на регистрација на населението и регистрација на гласачите
Институтот Охрид ќе продолжи да истражува теми значајни за општеството и земјата преку независна и објективна перспектива базирана на меѓународни стандарди и релевантни најдобри практики. Академијата за лидери 2015 е поддржана од ОБСЕ Мисијата во Скопје./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.
Македонија
Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.
Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.