Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Кадрите на СДСМ секогаш ѝ штетат на македонската економија
Кадрите на опозициската СДСМ, како поранешниот дополнителен технички заменик министер за финансии Кире Наумов, се тие кои немаат економско познавање и секогаш делувале во насока да и наштетат на македонската економија, реагираа во саботата од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во засега писмената полемика откако во петокот вечерта Владата го усвои предлогот за Ребаланс на Буџетот за 2016 година.
Во реакцијата, меѓу другото, владејачката партија наведува дека единствената економска и политичка теорија која ја почитувале опозициските социјалдемократи којашто ја остварувале и од позиција на власт и како опозиција, е „колку полошо за народот и државата, толку подобро за аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ“.
„Единствениот проект кој го реализираше аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ изминатиов период е ширење на лаги и манипулации за девалвација на денарот. Девалвацијата што ја најавуваа не се случи, а народот и државата изгубија милиони евра заради деструкцијата на аболираниот криминалец Зоран Заев“, се истакнува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во којашто главно се оспорува кредибилитетот на СДСМ во сферата на финансиите и економијата.
„Оставија 200 илјади невработени луѓе на улица, затворија стотици фабрики и не реализираа ниту една капитална инвестиција, доколку како таква не го сметаат бесрамното богатење на партиската олигархија. Затоа сега им останува личната дисквалификација на секој кој работи во полза на државата и граѓаните“, се додава.
Во владејачката партија оценуваат дека кадрите што ги нуди нивниот најголем политички опонент, посочувајќи кон поранешниот дополнителен технички заменик министер за финансии Кире Наумов, биле без основни економски знаења и со својата работа нанесувале штети на економијата на земјата.
„Доколку Кире Наумов знаеше економија и еврообврзницата се издадеше на предвидената сума во декември, државата ќе дојдеше до дополнителни средства во многу поповолни услови“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Наумов и СДСМ притоа ги обвинуваат за наводни обиди за блокирање на нормалното функционирање на државата, и оти направиле само штета. Со креирањето на политичката криза и бегството на СДСМ од избори се оневозможува реализацијата на капиталните инвестиции, сметаат
„Согласно изборниот законик, во предизборен период не може да се реализираат капитални инвестиции, а во Македонија само во првото полугодие имаше два обида за избори според Пржинскиот договор, од кои СДСМ од петни жили се трудеше да избега и да ја доведува земјата во уште поголема нестабилност и состојба на криза, бидејќи кога Македонија е во криза, СДСМ е задоволен“, се вели натаму во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ потсетува и дека новиот министер за финансии Кирил Миноски во петокто вечерта на прес-конференција во Владата соопшти дека ниеден капитален проект нема да запре. Нагласуваат, исто така, дека Миноски посочи оти капиталните расходи, но и даночните приходи, ќе останат на повисоко ниво во споредба со минатата 2015 година.„Оттаму, СДСМ продолжува упорно да измислува, да лаже и да се заканува. СДСМ знае дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги реализира своите ветувања и вложува милијарди и милијарди евра во сите сфери, за разлика од СДСМ кој освен што ја задолжи Македонија со милијарди, не помести ниту едно камче во земјата, а не пак да направи нешто што ќе им го подобри животот на граѓаните“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека поради тоа најголемата опозициска партија не ја добива довербата на граѓаните повеќе од деценија и затоа бега од избори./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.
Македонија
Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.
Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.