Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да поднесе кривична пријава против германската компанија што ги испорачала обрасците

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски да поднесе кривична против одговорните во германската компанија која ги произвела и испорачала обрасците за возачки дозволи, кои имале несоодветни сериски броеви.

Ова се вели во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на прес конференцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој рече дека се откриени 70.000 дупликат обрасци за возачки дозволи и дека во целата работа е замешан и висок функционер на МВР.„ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува технички назначениот министер за внатрешни работи Оливер Спасовси до крај да ја спроведе истрагата и во најкус можен рок да и објасни на македонската и германската јавност зошто германската компанија одлучила да изработи по втор пат бланко обрасци за возачки дозволи со исти сериски броеви. Од Оливер Спасовски очекуваме во најкус можен рок да одговори кој и дал наредба на германската компанија да ги изработи по втор пат обрасците за возачки дозволи со исти сериски броеви како обрасци кои биле претходно испорачани во Македонија“, се вели во реакцијата.Според партијата на власт, Оливер Спасовски уште еднаш покажал колку е неспособен и се посрамотил себеси и партијата која ја претставува. „Оливер Спасовски уште еднаш потврди и докажа дека не е министер за внатрешни работи туку, е дел од Фабриката за продуцирање афери на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. /крај/со/ст

Македонија

(Видео) Живковиќ: Мицкоски излажа дека пензиите се крателе

Објавено пред

Денеска, Христијан Мицкоски излажа дека не само што пензиите не растат туку тие се крателе. Тоа не е точно, изјави Милан Живковиќ, претседател на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, како реакција на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев.

Тој рече дека во последните две и пол години пензиите растат постојано и најави дека ќе продолжат да растат.

„Во 2020 година просечната пензија со последното покачување ќе изнесува околу 15.500 денари, или од доаѓањето на власт до почетокот на идната година просечната пензија расте вкупно 1.746 денари. Владата предводена за 2020 година предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување од 200 денари, што значи дека пензиите ќе пораснат речиси 900 денари“, рече Живковиќ.

Тој посочи дека ако се врати стариот модел, што го предлагаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, пензионерите ќе добијат зголемување од 400 денари.

Што значи, рече Живковиќ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски предлагаат 500 денари пониска просечна пензија за 2020 година.

„Истовремено, моделот што денеска го предлага Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ имаше можност да го применува додека беше на власт, но одлучуваше секоја година да им го оспори правото на законско зголемување на пензиите. Како пример ќе ја наведеме 2016 година кога ад хок паушалното зголемување го правеа на крајот на годината или поделено на 12 месеци – 60 денари месечно. Ние со покачувањето за цела година даваме околу 10.000 денари или речиси 850 денари месечно“, рече Живковиќ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Објавено пред

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, врз основа на компаративна анализа што ја направила партијата.

„Доколку не се случеше бришење на членот во Законот за исплата на пензиите со важност од 1.1 2019 година, пензионерите во периодот од 1.1.2019, заклучно со 31.12.2020 година, ќе имаа 1.100 денари повисока пензија во споредба со пензијата што ќе ја примаат од 1.1.2020 доколку под услов оние ветени 700 денари бидат исплатени, или 400 денари помалку“, рече Мицкоски.

Според него, ако се земат предвид трошоците за живот, зголемувањето на просечната плата и куповната моќ на граѓаните, произлегува дека за 2019 година секој пензионер ќе загуби по 6.900 денари, а наредната година пензионерите ќе загубат по 5.972 денара.

„Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемуваат пензиите, туку, напротив, со бришење на законот и интервенирање во законот, каде што се нивелираат пензиите, со порастот на просекот на платата, тие ги намалуваат пензиите. Ќе го повикам секој пензионер во Македонија да не верува во ниските страсти, измамите и погрешните политики на Зоран Заев и Владата. Тоа е политика на клиентилизам, која со многу помалку од тоа што природно и законски ви следува сакаат да го добијат вашиот глас, да го корумпираат со невистини и сеење магла“, им порача Мицкоски на пензионерите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нова велосипедска патека пред главната пошта

Објавено пред

Пешачката површина пред објектот на главната пошта во центарот на градот од денеска има нов лик, изградена е нова велосипедска патека, поставени се клупи и канти за отпадоци, како и жардиниери со ниско украсно зеленило со сопствен систем за наводнување.

„Градот Скопје преку ЈП ‘Паркови и зеленило’ и другите јавни претпријатија работи на ослободување на јавниот простор за потребите на пешаците и на велосипедистите, но и на уредување на зеленилото во нашиот град. Се наоѓаме на место каде што минатата година засадивме 16 јавори со систем капка по капка за да ги заштитиме овие дрвја. Оваа година ја изработивме оваа прекрасна жардиниера која ќе го одвојува движењето на пешаците и велосипедистите од преостанатиот сообраќај, а движењето на овој дел ќе го направи попријатно и за едните и за другите. Намерно ги оставивме плочките на кои се обележани паркинг-места со цел граѓаните да ја видат и да ја сфатат разликата од минатото и сега. Порано на јавните простори се паркираа возила, а сега јавните простори ги користиме за тоа за што се наменети – за пешаците и за велосипедистите. Истата слика ја имаме овде во близина, наспроти Соборната црква и во делот кај ‘Тинекс’, каде што беше паркиралиште. Ни останува овој потег кај Градски ѕид, којшто во наредниот период ќе го ослободиме од возила и ќе го уредиме во сличен стил“, изјави градоначалникот Шилегов.

Тој додаде дека Градот Скопје го стимулира алтернативниот начин на транспорт на граѓаните – велосипедизмот, пешачењето и електричните тротинети за да покаже дека ваквиот начин на транспорт е поедноставен, полесен и подобар за движење низ урбаната средина.

„Градот Скопје тука нема да застане, ова е почеток на она што ние го нарековме ‘микро 20’, односно годинава очекувам да уредиме 20 локации. Мислам дека е видлива разликата како порано беше третирано зеленилото и како беше запуштано откако ќе беше поставено на некоја локација. Скопје загуби 70 проценти од зеленилото во Малиот ринг во лудилото на проектот ‘Скопје 2014’. Имаме обврска него да го надоместиме и секојдневно работиме на тоа“, нагласи Шилегов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Членови на Судски дојдоа во Апелација по најавата за истрага за судиите кои ја пуштија Јанева

Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи, членовите на Судскиот совет, дојдоа и по еден час си заминаа од Апелацискиот...

Македонија33 минути

Заев за „Њујорк тајмс“ го коментираше француското вето: „Тоа ме уништи психолошки“

По одложувањето на почетокот на пристапните преговори со ЕУ, премиерот Зоран Заев во интервју за  весникот „Њујорк тајмс“ раскажа дека француското...

Македонија47 минути

Гастро го демантира адвокатот на Боки 13: Во понеделникот му беше закажан преглед, но тој не беше донесен

ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроенетрохепатологија ги демантира тврдењата на адвокатот на Бојан Јовановски изнесени во некои медиуми дека не сакале...

Наука2 часа

Таинствена компанија ослободи досега невиден потенцијал на сончевата енергија

Таинствена стартап-компанија, која е поддржна од Бил Гејтс, направи неверојатен пробив во областа на сончевата енергија што може да помогне...

Економија2 часа

Ангеловска за ММФ: Оваа институција е претпазлива со заклучоците, но нема негативни коментари

Државата има максимална флексибилност, секогаш можеме да направиме ребаланс, да интервенираме со средства, ликвидноста на државата е голема. Народната банка...

Европа3 часа

Пронајдени 25 слепи патници на брод во Холандија

Во контејнер замрзнувач на брод кој од Холандија тргнал кон Велика Британија пронајдени се 25 слепи патници, соопшти холандската организација...

Свет3 часа

НАТО проширува операции и во вселената

НАТО ги проширува своите операции во вселената, петта оперативна зона, по копното, морето, воздухот и неодамна и сајбер-просторот, велат извори...

Македонија3 часа

Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО

На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува...

Регион14 часа

Мигрант силувал две студентки во Љубљана

Триесет и осумгодишен државјанин на Мароко е уапсен под сомнение дека силувал две студентки во Љубљана. Како што пренесуваат локалните...

Македонија15 часа

Хрватска го поддржува писмото за Северна Македонија, но нема да го потпише

Хрватска го поддржува писмото кое во врска со Северна Македонија и Албанија на Европската комисија ѝ го испратија министрите за...

Европа16 часа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија18 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет21 час

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија21 час

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија23 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ23 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија24 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија1 ден

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ1 ден

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Досие