Контакт

Региони

Невладини сектор – стоп на активностите за изградба на Луково поле и Бошков мост

Објавено пред

Неколку невладини организации од Дебар, Река и Скопјем како и здруженија на печалбари во Италија побараа веднаш да престанат работите околу реализацијата на Проектите Бошков Мост и Луково Поле  со цел да се заштити реката Радика и биодиверзитетот.

 

 

Исто така упатени се барања до надлежните институции да се заштити целосно националниот парк Маврово и да се прогласи под заштита на УНЕСКО, а Советот на општина Маврово Ростуше да донесе одлука да не се дозволи градба на хидроенергетски објекти на територијата на НП Маврово.

 

Проектите Луково Поле и Бошков мост не се економски проекти бидејќи штетата кои тие ја причинуваат е многу поголема, беше нагласено на средбата

 

На средбата е нагласено дека здруженијата говорат во име на народот и во име на заштитата на животната средина во најзападниот регион на Македонија. /крај/мн/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Советниците не изгласаа субвенции за спортската сала „Ринија” во Гостивар

Објавено пред

Од

Одлуката на мнозинството членови на Советот на Општина Гостивар на петтата седница гласаше против доделување субвенции на ЈПССО „Ринија“ од страна на Општина Гостивар.

„Во ова претпријатие, во чии рамки функционира спортската сала, каде што спортските активности ги вршат спортските клубови од Гостивар и околината, претходното општинско раководство создаде огромни ненамирени обврски кон ЕВН за потрошена електрична енергија. И покрај тоа што самите се одговорни за создадената ситуација во ЈП „Ринија“, советниците на ДУИ и нивните партнери СДСМ, НДП и ДСР гласаа против предлог-одлуката за доделување субвенции во висина од 500.000 денари на ова претпријатие, наменети за плаќање електрична енергија, и како последица од тоа ЕВН им ја исклучи струјата и салата остана во мрак“, соопшти Општина Гостивар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Доделени решенија за легализација на бесправно изградени објекти во Штип

Објавено пред

Од

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна посета на Општина Штип. На средбата со градоначалникот разговараа за инфраструктурните проекти што се реализираат во Штип и Источниот Регион.

Посетата на Општина Штип министерот Сугарески ја искористи заедно со градоначалникот Бочварски да доделат решенија за легализација на бесправно изградени објекти на жители на општина Штип. Во изјава за медиумите министерот Сугарески апелира до сите граѓани да ги запазат роковите за легализација на дивоизградените објекти и навреме да ги достават потребните документи.

„На средбата со градоначалникот разговаравме за сите инфраструктурни проекти што се реализираат во овој регион, а се од клучно значење за Штип и граѓаните на Штип. Градот Штип е важна раскрсница на истокот и затоа ние максимално сме посветени на подобрување на патната инфраструктура во овој регион. Нашата крајна цел е да овозможиме модерни, брзи и безбедни патишта за да овозможиме брз транспорт на стоки и услуги и да создадеме услови за нови инвестиции што ќе го подигнат економскиот раст во Штип и Штипско.
Во таа насока сакам да потенцирам дека максимално сме посветени на изградбата на автопатот Миладиновци-Штип и очекуваме да биде завршен до септември оваа година. Работиме на изградба на експресниот пат од Штип до Кочани кон бугарската граница. Создаваме брза патна врска и кон југ преку изградба на нов експресен пат Штип-Радовиш. Исто така, се рехабилитираат и други помали патни правци во овој регион“, рече Сугарески.

Тој додаде дека во регионот ќе се инвестираат над 320 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа. „Посетата на Општина Штип ја искористив и заедно со градоначалникот да доделиме решенија за легализација на бесправно изградени објекти. Бидејќи рокот за достава на барањата истекува до крај на овој мeсец, сакам да апелирам до сите граѓани кои сè уште ја немаат поднесено потребната документација, да го направат тоа што побргу бидејќи после тоа не размислуваме за продолжување на роковите. Исто така, сите граѓани, пак, кои претходно немаат доставено никакво барање за легализација, имаат рок до крајот на оваа година да ја достават потребната документација. Потенцирам дека не размислуваме за продолжување на роковите, па затоа уште еднаш ги повикувам сите граѓани навреме да ги достават документите. За оние лица што нема да ги запазат предвидените рокови, ќе се постапува во согласност со Законот за бесправно изградените објекти“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Прикажи повеќе...

Македонија

Најмногу дожд наврна во Битола, Ѓуриште и Тетово

Објавено пред

Од

Претпладне беше променливо облачно, но без врнежи. Од пладневните часови и најпрвин на североисток се појавија ретки грмежи. Два брана на зголемена облачност преминаа од исток кон запад по северната страна на земјата и од неа најмногу дожд е измерен во Светиниколско. Во моментите на пороен дожд имаше и засилување на ветерот. Доцна попладнево бран од врнежи имаше од делот од Огражден кон запад, но и во дел од Пелагонија. Најмногу дожд наврна во Битола, Ѓуриште, Тетово и Претор.

До крајот на денот и во првиот дел од ноќта ќе се задржат условите за нестабилност, а потоа ќе е мирно, а облачноста ќе се намалува. Ветерот ќе остане северен и ќе се смирува.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) „Импичмент“ на Иванов за спас на договорот

Ќе помине ли Договорот со Грција без потпис од претседателот Иванов? Слично како и со законот за употреба на јазиците,...

Македонија3 часа

Меј: Договорот за името ќе донесе енормни придобивки за двете земји

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска му испрати писмена честитка на премиерот Зоран Заев за постигнатиот договор со Грција...

Македонија5 часа

Ексградоначалници направиле милионски сметки за ручеци и забави во ресторани

Двајца поранешни градоначалници на Старо Нагоричане ја задолжиле Општината со милионска сума за ручеци и забави во неколку угостителски објекти....

Македонија7 часа

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на Охридскиот Регион

По повод Денот на Охридското Езеро еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија7 часа

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести8 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет9 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа9 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија10 часа

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ22 часа

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија22 часа

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија1 ден

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија1 ден

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија1 ден

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија1 ден

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Македонија1 ден

Иванов до Заев: Поведи постапка за импичмент, мојот став за договорот со Грција е конечен

Претседателот Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев да поведе постапка за импичмент. Во соопштението испратено од кабинетот на претседателот,...

Македонија1 ден

Груевски: Ваков договор не можев да прифатам оти Грција немала вакви барања

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека не е првпат Македонија да прифати ерга омнес и дека тоа го направила...

Свет1 ден

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации

САД се повлекуваат од Советот за човекови права на Обединетите нации. Државниот секретар Мајк Помпео и американскиот амбасадор во ОН, Ники...

Досие