Контакт

Региони

Отворена Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн во Охрид

Објавено пред

Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн беше отворена во вторник вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
 

Интернационалната летна школа за архитектура и дизајн беше отворена во вторник вечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

 

Школата се одржува втора година  и е проект во рамките на активностите на Охридско лето.

Директорката на Фестивалот Елизабета Јанкуловска поздравувајќи ги архитектите учесници на Интернационална летна школа и студенти на Универзитет Американ Колеџ Скопје се заблагодари за соработката и учеството на  Охридско лето, фестивал кој од минатата година широко ги отвори вратите за креативните индустрии. 

„Архитектуратата како дел од Фестивалот предизвикувa огромен интерес и кај публиката и кај медиумите. Токму тие  го препознаат квалитетот и значењето на овој седумдневен проект со кој  започна реализацијата на идејата, Фестивалот Охридско лето да живее преку цела година односно да има активности и надвор од традиционалната уметничка рамка 12 јули – 20 август кога ни се случува магијата на музиката која плени и впечатокот кој се врежува со прекрасните изведби на театарските уметници“, рече Јанкуловска.

Таа ги запозна учесниците на Летната школа со историскиот развој на Охридско лето, неговото значење и улога во севкупниот развој на културното делување.

На свеченоста присуствуваа и токиските архитекти, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, основачи на  едно од најиновативните архитектонски бироа во светот.

„Штотуку пристигнавме и немавме прилика да видиме многу од архитектурата во Охрид, но ова што се случува тука со летната школа е прекрасна работа. Задоволство е да се биде тука. Веднаш ја прифативме поканата е еве не тука. Имавме прилика да го посетиме Скопје и беше многу интересен за нас. Тоа е еден нов град, интересна е сета таа промена, направена на многу интересен начин“, рече Јошихару Цукамото.

Овој седумдневен проект е во организација на Универзитет Американ Колеџ – Факултет за архитектура и дизајн, а со подршка на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, Општина Охрид, и Министерството за клултура.крај/мф

Македонија

Градоначалникот на Охрид бара поддршка за уривање на дивоградбите на охридското крајбрежје

Објавено пред

„Процесот на рушење на дивоградби во Охрид ќе трае и можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник по мене“, вели првиот човек на Охрид, Константин Георгиевски. Според него, нема потреба од одложување на уривањето по летната сезона, бидејќи законот е ист како во јануари, така и во февруари, јуни, јули. Георгиевски тврди дека се даваат максимални напори за да се поправи сликата за Охрид, а за рушењето на дивоградбите побара поддршка и од охриѓани.

„Го разбирам интересот на јавноста и на медиумите во врска со сите актуелни прашања деновиве. Но, со должна почит, би сакал да упатам еден јавен апел до сите охриѓани, до сите засегнати страни во целокупниот процес, да покажат поголемо разбирање и да дадат поддршка на мерките кои се спроведуваат и кои се во насока на сопирање на самоволието и импровизациите кои се случувале со години наназад. Даваме максимални напори да ја поправиме целокупната слика, која години наназад му нанесе големи штети на имиџот на охридскиот туризам, а најмногу во строго заштитената зона на крајбрежјето на Охридското Езеро. Треба сите да сфатиме дека таков тип на урбанизација на крајбрежјето повеќе нема да има. Ве повикувам сите заедно да ја запреме деградацијата на уникатните аспекти на регионот, да го штитиме нашето духовно и материјално наследство и да го чуваме за идните генерации. Само така ќе може да имаме подобри услови за развој на туризмот и подобра иднина, која Охрид ја заслужува“, истакна градоначалникот Георгиевски.

Тој вели дека е избран за да го спроведи законот, односно да ги отстрани сите дивоградби во градот.

„Процесот на рушење кој ќе трае, кој ќе продолжи. Можеби ќе треба да го продолжи некој друг градоначалник после мене, но важно е да го трасираме патот на еден нов развој на Охрид. Во старото градско јадро, сепак, надлежностите се на Министерството за транспорт и врски и Државниот градежен инспекторат. Но, секаде, на секое друго место каде што сме ние надлежни ќе си постапиме. УНЕСКО чука на врата цела година. Чукате и вие цела година. Чука и законот. Законот е ист и во јануари, февруари, јуни и јули. Ние мора да постапиме, затоа сме избрани“, додаде Георгиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Охрид почнува со реализација на проектот „Ваш реонски општинар“

Објавено пред

Општина Охрид почнува со реализација на проектот „Ваш реонски општинар“. Со проектот локалната власт се доближува до граѓаните со цел да се овозможи на лице место да се примаат забелешки за комуналните проблеми со кои тие се соочуваат, да се увиди состојбата на самото место, односно самата улица и да се постапи по сите забелешки кои се во надлежност на Општина Охрид.

Со овој проект градот Охрид е поделен на 5 реони при што точно се дефинирани границите на секој реон. За секој реон ќе бидат одговорни по двајца вработени во локалната самоуправа кои преку теренски активности и средби со граѓаните ќе прибираат информации за сите нивни проблеми и потреби. Преку веб-страницата на Општина Охрид и на телефонски број 072 800 705 охриѓани ќе можат да воспостават непосреден контакт со реонскиот општинар и ќе можат да договараат средби на местото каде што е посочен комуналниот проблем.

Прикажи повеќе...

Македонија

Побеле Брегалница, Бочварски вели дека е пронајден изворот на загадувањето

Објавено пред

Реката Брегалница пред Штип попладнево целосно побеле и од неа започна да се шири непријатна миризба.Во текот на денот, на лице место излезе екипата на крим техника од Полициската станица-Штип и членовите на Здружението на спортски риболвци „Брегалница 2011“- Штип за да земат мостри од реката. Тие бараат на терен да излезат и инспекторите од Државниот инспекторат за животна средина за да откријат кој стопански субјект ја направил хаваријата.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, на Фејсбук вечерва соопшти дека е пронајден изворот на загадување.

„Би сакал да ги информирам граѓаните дека заедно со претставници на риболовното друштво и неколку загрижени граѓани лично бев на терен и го пронајдовме изворот на загадувањето во реката Брегалница, во еден од превозниците во Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони – ТИРЗ. Повикав надлежен инспектор и крим полиција кои веќе се на лице место. Калкулации не смее да има! Секој мора да ја сноси одговорност за своите постапки!“, напиша тој.

Според него, денешната слика од коритото на река Брегалница е крајно вознемирувачка и побара да бидат изречени најстроги казни за сторителите.

На социјалните мрежи попладнево се споделуваа фотографии од вознемирени граѓани, кои коментираат дека не е првпат реката Брегалница да биде загадена од отпадни хемикалии, но првпат се случило да добие бела боја.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет8 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет9 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ12 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија13 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа14 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија15 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ15 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет16 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија17 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет18 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија18 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија18 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион19 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа19 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет19 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија20 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет20 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија21 час

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион21 час

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Досие