Контакт

Региони

Свечена седница на Советот на Општина Велес

Објавено пред

Велес како урбано јадро на овие балкански простори егзистира од 123-та година пред нашата или цели 2.137 години. Сублиматот на сите револуции во оваа милениумска угорна патека на развојот на Велес е 9-ти ноември 1944 година, беше речено меѓу другото во петокот кога Советот на Општина Велес го одбележа историскито датум со свечена седница која се одржа во салата „Бели мугри”.
 

dobivaj vesti na viber

Велес како урбано јадро на овие балкански простори егзистира од 123-та година пред нашата или цели 2.137 години. Сублиматот на сите револуции во оваа милениумска угорна патека на развојот на Велес е 9-ти ноември 1944 година, беше речено меѓу другото во петокот кога Советот на Општина Велес го одбележа историскито датум со свечена седница која се одржа во салата „Бели мугри”.

 

Во својство на претседател на Советот, оваа свечена седница ја отвори Александар Колев кој во своето обраќање пред присутните им оддаде почит и благодарност на сите паднати борци, борците починати во изминативе 70 години, жртвите од последните воени дејствија во Република Македонија и на сите херои, востаници, војводи и јунаци што се вградија во темелите на слободата на Велес.

На седницата присуствуваа истакнати личности од јавниот живот и политичкиот живот во Велес и Македонија, пратениците од Велес во Собранието на Република Македониј Димовски и Коџабашиев, министерката во Владата на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска, како и замениците министри Драган Недељковиќ и Јовица Андовски, претставници на АРМ, СВР Велес, боречката организација, на Македонската првослава црква и Исламската верска заедница, стопанственици, претставници на институции и установи, невладини организации и гости од збратимените градови Самобор, Сомбор, Ужице, Слобозија, Свиштов, Силистра и Каршијака.

Во своето обраќање по повод празникот на градот кога се одбележуваат 70 години од неговата слобода, градоначалникот Славчо Чадиев се обрати и им го честиташе празникот на присутните граѓани, одддавајќи им почит на сите генерации велешани што во долгата 23 вековна историска верига посветено работеа и ги вградија своите животи, идеи, мудрост, талент и градителска моќ во Велес.

„Седумдесет години гордо и слободно ја раскажуваме историјата за трговците, Гемиџиите, за Вардар и мостовите, за Дамјанов и неговата тајфа. 70 години гласно ги пееме песните за војводите, за Алабакот, Докурчев и Офицерчето, за Миле Поп Јорданов и Петар Поп Арсов. 70 години пишуваме, учиме и градиме училишта по примерот на Џинот на свој македонски јазик и ги славиме Жинзифов, Рацин и Неделковски, народниуот учител Панко Брашнар. Тоа се придобивките на слободата. Она што е создадено и изградено, направено после жртвата на сите велешки бесмртни дејци, по 1944-тата е наше дело создадено во слобода. Од името на сите Вас им благодарам за слободата”, истакна градоначалникот Чадиев.

На денешната свечена седница на Советот на Општина Велес беа врачени и деветоноемвриските награди и признанија на овогодинешните добитници.

Наградата најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2014 година ја понесе студентот Кирил Дончов, студент на трета година на Филозовскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ Скопје со просек на студии од 10,00.

Добитници на Спомен-плакета 9-ти Ноември за 2014 година се Елизабета Канческа Милевска, министер за култура, Драган Недељковиќ, заменик министер за култура и ансамблот „Керамичар”.

Со признанието Благодарница 9-ти Ноември за 2014 година се здобија велешката компанија „Хемомак пестициди ДОО” и Локалната библиотека „Гоце Делчев” од Велес, додека со пофалници се стекнаа велешкиот хроничар Љупчо Данов и дипломираниот музичар Петре Штерјов.

Годинава поради преселбата во новата театарска зграда, на свечената седница по повод празникот на градот беше доделена и актерската Награда за животно дело „Петре Прличко“. Таа овојпат му припадна на актерот од велешкиот театар Александар Ѓеоргиев.

Најголемо достигнување за еден човек е да добие потврда дека неговата работа вредела труд, дека оставил нешто што на идните генерации ќе им помогне да го идентификуваат минатото и да се гордеат со него. Тогаш значи сме го исполниле своето животно дело, рече меѓу другото градоначалникот. Општина Велес во тој правец секоја година доделува и награда за животно дело „Гемиџии“ токму за оние луѓе што преку своето дело гласот за Велес го разнесуваат далеку и високо, посочи Чадиев.

Оваа 2014 година добитници на наградата за животно дело „Гемиџии“ се Јордан Витанов – актер и директор на НУЦК Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” Велес и проф. д-р. Јордан Јовев – невропсихијатар. Ним наградите им ги врачија градоначалникот Славчо Чадиев и претседателот на Советот, Александар Колев. Во уметничкиот дел на програмата следуваа настапите на кларинетистот Благој Ламјов и актерите од велешкиот театар кои одиграа дел од претствата „Шашардисани времиња”./крај/мф/мм

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија56 минути

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Свет1 час

(Видео) Дански пратеник до Трамп: Почитуван претседателе, слушајте внимателно, oде*ете

Данскиот пратеник во Европскиот парламент, Андерс Вистисен, го привлече вниманието на јавноста откако за време на расправата за Гренланд упати...

Македонија2 часа

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ2 часа

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија4 часа

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...

Македонија4 часа

Обвинителството да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле....

Македонија4 часа

Граѓаните поблиску до ЕУ роаминг без дополнителни трошоци, велат од Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации (ЗЕК) се влезени во владина процедура...

Македонија5 часа

СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“

„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и...

Свет6 часа

(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка

Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската. Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата...

Свет6 часа

(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го...

Европа6 часа

(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени

Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона. Според локалните власти, возот Родалиес...

Македонија7 часа

Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан

Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ....

Македонија20 часа

Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа – 350.000 евра скриени во ѕидот: детали за падот на судијата

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднела кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов (53)...

Македонија21 час

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“, и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку...

Македонија23 часа

Јаневска: Колку повеќе децата се во училиште, толку е поголем нивниот резултат

Македонските ученици до 15-годишна возраст поминуваат дури 900 часови помалку во училишните клупи во споредба со нивните врсници од Европската...

Македонија23 часа

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција, кај кого беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид...

Македонија24 часа

Се зголемуваат цените на бензините и дизелот

Цените на бензините и на дизелот од ноќеска на полноќ ќе се зголемат за 1,5 и за 2 денари, соопшти...

Македонија1 ден

Анел Фидоски нов шеф на скопското јавно обвинителство

На денешната седница на Советот на јавни обвинители, Анел Фидоски е избран за нов шеф на Основното јавно обвинителство Скопје....

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ обвини дека „Алфа“ не е само медиум туку политички проект: „Како и во времето на Груевски, повторно функционира како центар за црни кампањи“

Денеска, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на прес-конференција објави ново разоткривање на Антикорупцискиот тим – АКТ. Тој...