Сервисни информации
Се очекува снежна покривка до 40 см
Во неделата започнаа првите врнежи од снег, во крајните јужни и југозападни делови од дожд и снег, поради што сообраќајот на одвива по влажни коловoзи и потребна е претпазлiвост од учесниците во сообраќајот.
Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, ПавлешенциМакедонски Брод, Ѓавато, Буково, Плетвар, Пресека, Маврово. Додека посилни врнежи има во Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража.
На коловозот наместа има остатоци од снег по интервенцијата на екипите од јавното претпријатие „Македонијапат“.
Пообилни врнежи ќе има во западните делови од земјата, каде на повисоките места ќе се формира снежна покривка над 25 сантиметри, а на повисоките планини и над 40 сантиметри.
Помала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Ќе дува слаб, долж Повардарието и во источните делови умерен ветер од југоисточен правец.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и потопло време со повремени врнежи претежно од дожд, само на планините ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а пообилни се очекуваат во западните делови, каде на планините ќе дојде до понатамошно зголемување на снежната покривка./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод, се одвива наизменично по една коловозна лента
Во 14:58 часот сообраќајот на регионалниот пат Прилеп-Мак.Брод, сообраќајот се одвива наименично по една коловозна лента.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Македонија
Во Скопје се возело брзо и без возачка дозвола – санкционирани 114 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.