Скопје
„Скопје 1963 – пред и потоа“ изложба по повод 52 години од земјотресот
Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
„Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во коишто жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом. За среќа, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана. Набргу по трагедијата, во време на веројатно наголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани.Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани“, рече градоначалникот Трајановски.Според Трајановски, имајќи предвид дека низ долгата своја историја Скопје имал неколку нови почетоци и секогаш скопјани упорно работеле на опстојувањето и градењето на родниот град, дожноста е на оваа и на сите идни градски управи да дава свој придонес кон функционалноста и естетиката на градот во којшто живеат и работат стотици илјади жители на Скопје.На изложбата преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој на градот и на одбраниот материјал е прикажано централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Односно избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје; и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје. Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија, кој се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Повеќе години, односно до своето пензионирање бил уредник на фотографија во НИН, а од 1993 година работи како слободен уметник. Добитник е на големброј домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград, Србија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Во среда македонски евергрини на „Џез под ламба“ кај Италијанска амбасада
Општина Центар, информира дека и годинава, во среда, 25 декември со почеток во 19.00 часот ќе се одржи настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада.
Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека на овој настан граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени.
„Во среда ги слушаме омилените македонски евергрини во џез верзија. Ги повикувам сите граѓани кои сакаат да слушнат добра македонска музика да дојдат и заеднички да го прославиме нашиот културен идентитет и да уживаме во музиката во пресрет на новогодишните празници. Се гледаме на македонски џез“, порачува Герасимовски.
Настанот „Џез под ламба“ е во организација на Општина Центар, а во соработка со МГ Мјузик продукција.
Скопје
Делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај.
· од 07:00 до 16:00 часот, корисниците од улиците: Божин Николов, Хаџи Трајко и Горно Лисиче (во делот кон село Долно Лисичче) во општина Аеродром;
· од 08:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во општина Сарај;
· од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Милан Мијалковиќ во општина Кисела Вода.
Скопје
ЈП „Улици и патишта“ – Скопје: Вработените имаат земено плата, нејасно е зошто синдикатот протестира
„Поврзано со политички мотивираниот протест денес пред јавното претпријатие Улици и патишта Скопје и Град Скопје, како што и беше очекувано од суетата на Мицкоски, се продолжува да се прави криза по ред во сите јавни претпријатија, а денес му дојде редот на ЈП Улици и патишта Скопје“, се вели во реакцијата на ЈП Улици и патишта Скопје по денешниот протест.
„Мицкоски пред да продолжи да прави штета на скопските претпријатија и Градот Скопје, би требало да ги информира граѓаните дека вработените во ЈП Улици и патишта Скопје имаат земено плата па од таму нејасно е зошто синдикатот протестира.
Истовремено Мицкоски треба да ги информира дека за линеарно зголемување плата и К15, што се барања на синдикатот одлука носи Управниот одбор на претпријатието чии членови се избрани токму од ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно само на претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески, му е нејасно зошто е пред бараките на град Скопје, кога одлуките кои ги бара ги носат членовите на Управниот одбор на ЈП Улици и патишта Скопје избрани од ВМРО-ДПМНЕ.
Претседателот на синдикатот КСОМ Марјан Ристески, треба да се изјасни зошто не се бори за правата на вработените во државното претпријатие Железници каде работи, на кои со месеци им се доцни со плата.
Зошто Марјан Ристески како синдикалец за вработените во државното претпријатие Железници каде работи, не протестира да бара линеарно зголемување плата, исплата на К15 и наградна плата и не протестира пред Железници. :)))
Јасна е целта на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, се додека насилно не ги превземат скопските јавни претпријатија, активно ќе ги напаѓаат секој ден со цел креирање нови кризи, па дури ќе организираат и протести за плата во претпријатија каде истата веќе е исплатена“, соопшти ЈП Улици и патишта Скопје.