Скопје
Фестивал на чоколадото во „Веро" центарот
Од 22 февруари во „Веро” центарот ќе се одржи несекојдневен фестивал на чоколадото наречен „Чоколадна земја”.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во изборот на над 1.000 различни чоколадни производи од домашни и странски производители, бели, црни, чоколади со различни вкусови и разни додатоци.
Наменет пред сè за најмладите и нивните родители, но и за сите вистински љубители на чоколадите, овој фестивал ќе донесе многу радост и среќа за сладокусците. Покрај можноста за дегустација, секој посетител ќе може и да купи производи по промотивни цени и да ужива со своите блиски во специјалната и богата програма.
„Сите го сакаат чоколадото, без разлика дали сте дете или возрасен. Колку и години да имате со подеднаков интерес ќе уживате во неговиот вкус и ќе сакате да научите нешто плус за вашиот омилен десерт. Во Веро Центарот ќе имате можност да го истражите светот на чоколадото и да ги споделите искуствата со вашето семејство и пријатели”, велат организаторите.
„Станува збор за фестивал кој за првпат се одржува во земјава и кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција, по што ќе биде препознатлив нашиот град и „Веро” центарот. Се потрудивме да донесеме што повеќе производители, со цел да го збогатиме овој настан и се надевам дека ќе предизвикаме безброј воздишки кај сите граѓани кои ќе го посетат Веро Центарот за време на фестивалот”, изјави Костас Теодосијадис, генерален директор на „Веро” супермаркетите.
Овој фестивал покрај дегустацијата и можноста да се видат и купат сите чоколадни задоволства ќе има и едукативен карактер. Имено, првиот викенд ќе бидат организирани чоколадни донации на кои ќе се одржи продажба на рачно изработени чоколади.
Вториот викенд ќе се организира чоко работилница каде дечињата ќе имаат можност да учат да изработуваат чоколадни колачиња и разни други чоколадни форми во придружба на артисти. А, за третиот викенд предвидени се игри со големо домино, куглање и хулахоп додека последниот викенд ќе се организира голема детска забава придружена од детски хор, бинго и други забавни игри кои како содржина се предвидени и претходните викенди./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Скопје
Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Петровец, Сарај, Карпош, Кисела Вода и Центар.
· од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата Кожле и Бадар, како и тунелот кај Катланово на автопатот Велес – Скопје (општина Петровец);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Кондово (општина Сарај);
· од 9 до 11 часот корисниците од делови од улиците Вич и Разловечко востание (општина Карпош);
· од 9 до 12 часот корисниците од делови од улиците Иван Козаров и Тоне Томшиќ. (општина Кисела Вода);
· од 9 до 15 часот корисниците од дел од улицата Максим Горки, односно објектите во околината на Домот на градежниците (општина Центар);
· од 11 до 13 часот корисниците од дел од улицата Орце Николов, поточно објектите во околината на куќните броеви 155 и 156 (општина Карпош)