Скопје
„Скопје 1963 – пред и потоа“ изложба по повод 52 години од земјотресот
Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
„Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во коишто жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом. За среќа, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана. Набргу по трагедијата, во време на веројатно наголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани.Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани“, рече градоначалникот Трајановски.Според Трајановски, имајќи предвид дека низ долгата своја историја Скопје имал неколку нови почетоци и секогаш скопјани упорно работеле на опстојувањето и градењето на родниот град, дожноста е на оваа и на сите идни градски управи да дава свој придонес кон функционалноста и естетиката на градот во којшто живеат и работат стотици илјади жители на Скопје.На изложбата преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој на градот и на одбраниот материјал е прикажано централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Односно избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје; и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје. Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија, кој се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Повеќе години, односно до своето пензионирање бил уредник на фотографија во НИН, а од 1993 година работи како слободен уметник. Добитник е на големброј домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград, Србија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без вода попладнево неколку улици во Скопје
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради уличен водоводен дефект од Ф 80 мм на улицата Роза Луксембург бр. 8, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Роза Луксембург, Христо Смирненски, улицата 9 Мај, улицата Костурски херои, Борка Талевски, Васил Стефановски, Петар Попарсов и улицата Диме Аницин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 16 часот до санирање на дефектот.
Скопје
Орце Ѓорѓиевски: Инвестициите во најмладите се наша директна инвестиција во иднината
Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денеска ги посети градинките низ територијата на општината од каде што информираше дека годината ја започнува со инвестиции во раниот детски развој.
Како што изјави, набавени се нови јаслени креветчиња за сите градинки, како и нови постелнини и јоргани. Набавена е и нова кујнска опрема и машини за перење и сушење, како и пречистувачи на воздух.
„Оваа година, како и сите претходни, ја започнуваме со огромен фокус во обезбедување на поквалитетни услови за развој на нашите најмлади жители.
Инвестираме во унапредувањето на условите во постоечките градинки, но работиме и на изградба на нови, бидејќи раниот детски развој е исклучително важен за нас како локална самоуправа.
Со особена гордост сакам да информирам дека обезбедени се нови јаслени креветчиња за сите објекти на градинките на територијата на Кисела Вода, како и нови постелнини и јоргани.
Понатаму, набавени се и нови материјали за работа на дечињата кои ги посетуваат градинките, што ќе обезбедат подобра игра и развој на најмладите.
Интервениравме и во делот на обнова на кујните со набавка на нова и современа кујнска опрема, како и нови машини за перење и сушење.
За нашите цврсти заложби за заштита на здравјето на идните генерации и создавање на здрави еколошки навики, говори и опремувањето со пречистувачи на воздух, кои значително ќе помогнат во намалувањето на штетните честички во просториите каде децата го поминуваат поголемиот дел од денот.
Секое дете заслужува право на квалитетно предучилишно образование и тоа е наша обврска, но и силна желба да го овозможиме.
Продолжуваме со посветеност и визија понатаму, затоа што нашите најмлади, но и нашето општество тоа го заслужуваат“, изјави Ѓорѓиевски.
Скопје
Подигнати 55 кубни метри отпад од диви депонии во Чаир и Центар
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и транспортира приближно 55 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар.
„Најголемиот дел од активностите се одвиваа во скопската општина Чаир, каде што е отстранета обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Оваа локација претставува таканаречена „црна точка“ каде што веќе подолг период континуирано се одлага отпад на јавни или сообраќајни површини. Во оваа скопска општина е интервенирано и на булеварот Македонско-косовска бригада, како и на улицата Цветан Димов, при што се подигнати вкупно 25 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и приближно 20 кубни метри отпад од картонски пакувања одложен долж улицата Тодор Александров, на потегот што води кон Средно Водно“, велат од ЈП комунална хигиена.