Скопје
„Скопје 1963 – пред и потоа“ изложба по повод 52 години од земјотресот

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето 52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
„Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во коишто жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом. За среќа, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана. Набргу по трагедијата, во време на веројатно наголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани.Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани“, рече градоначалникот Трајановски.Според Трајановски, имајќи предвид дека низ долгата своја историја Скопје имал неколку нови почетоци и секогаш скопјани упорно работеле на опстојувањето и градењето на родниот град, дожноста е на оваа и на сите идни градски управи да дава свој придонес кон функционалноста и естетиката на градот во којшто живеат и работат стотици илјади жители на Скопје.На изложбата преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој на градот и на одбраниот материјал е прикажано централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Односно избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје; и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје. Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија, кој се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Повеќе години, односно до своето пензионирање бил уредник на фотографија во НИН, а од 1993 година работи како слободен уметник. Добитник е на големброј домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград, Србија./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Герасимовски: И годинава организираме еднодневна екскурзија за нашите пензионери

Градоначалникот Горан Герасимовски на средбата со повозрасните центарци во пензионерскиот клуб „Миле Арсовски“ информираше дека и годинава, општината ќе организира еднодневна екскурзија за пензионерите.
„Минатата година, заедно со членовите на Здружението на пензионери на Центар, бевме во посета на Крушево и на манастирот „Свети Преображение“, кадешто посадивме багреми. На оваа еднодневна пролетна прошетка си поминавме навистина многу убаво дружејќи се со нашите баби и дедовци коишто не израснале во одговорни индивидуи. На сите средби со нив изминатава година, потенцираат дека повторно сакаат оваа активност да се одржи. Денеска им ветив дека годинава повторно ќе се дружиме и заеднички ќе ја утврдиме локацијата, ќе посетиме познат македонски туристички центар со богата традиција. Општината ќе обезбеди превоз, доручек и убава дружба“, истакнува Герасимовски.
Герасимовски потенцира дека организирањето вакви активности има посебно значење за пензионерите, бидејќи социјализацијата игра клучна улога во подобрувањето на нивното психичко и физичко здравје. Дружбата, заедничките прошетки и рекреативните активности ја поттикнуваат позитивната енергија кај повозрасните лица.
Општина Центар преку ваквите иницијативи покажува посветеност кон подобрување на квалитетот на живот на своите највозрасни сограѓани, овозможувајќи им можности за активен и социјално исполнет пензионерски живот.
Скопје
Општина Кисела Вода воведува финансиска поддршка за пензионерите

Општина Кисела Вода продолжува со својата заложба за подобрување на животниот стандард на своите повозрасни жители, воведувајќи за прв пат еднократна финансиска поддршка за најранливите категории пензионери.
Со оваа мерка, финансиска помош ќе добијат сите пензионери кои примаат старосна, инвалидска, семејна или социјална пензија и се жители на општина Кисела Вода, а чии месечни примања не надминуваат 22.640 денари според јануарскиот чек за 2025 година. На секој од нив ќе му бидат доделени 2.500 денари како еднократна финансиска поддршка. Општината дополнително ќе го покрие и персоналниот данок, кој не е пресметан во овие средства. Оваа помош ќе се доделува се до исцрпување на предвидените средства, кои во буџетот на Општина Кисела Вода за оваа намена изнесуваат 7.000.000 денари.
-Со воведувањето на оваа финансиска поддршка, Општина Кисела Вода директно помага онаму каде што е најпотребно. Нашите највозрасни жители, пензионерите, заслужуваат сигурност и достоинствен живот, а ние како локална самоуправа правиме сè што е во наша моќ да им го олесниме секојдневието. Оваа мерка е уште еден чекор во континуираната грижа за повозрасните сограѓани, со која даваме конкретна финансиска помош, но и јасна порака дека тие не се заборавени- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Тој потсети дека оваа иницијатива е само еден дел од севкупната поддршка што Општина Кисела Вода ја обезбедува за своите највозрасни жители.
-Во изминатиот период воведовме бесплатен транспорт за пензионерите до здравствени и административни институции, проектот ‘Итно копче’ кој овозможува брза реакција во итни ситуации, како и програмата за грижа и нега на повозрасните лица. Сите овие мерки се резултат на нашата посветеност да создадеме општина во која секој пензионер ќе има подобар квалитет на живот. Ова не е еднократна акција, туку дел од долгорочна стратегија за подобрување на условите за нашите сограѓани, додаде градоначалникот Ѓорѓиевски.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
– во периодот од 05.00 до 15.00 часот, корисниците од ул.Крсте Асенов, дел од бул.Христијан Тодоровски Карпош. (општина Чаир)
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улица Востаничка во близина и од страната на маркетот Рептил.(општина Кисела Вода)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улица 3 во село Никиштани. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 08.15 до 14.00 часот, корисниците од дел од с. Кондово.(општина Сарај)
– во периодот од 08.40 до 15.00 часот, корисниците од ул.100 и ул.101 во Волково кај кружниот тек.(општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од Миладиновци.(општина Илинден)
– во периодот од 12.00 до 14.30 часот, корисниците од дел од Визбегово, кај Мармарис.(општина Бутел)