Скопје
Се реновира Детскиот креативен центар во МКЦ
Реконструктивните зафати во Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје се одвиваат според утврдените динамика и рокови.
Реконструктивните зафати во Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје се одвиваат според утврдените динамика и рокови.
Благодарение на средствата од Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, преку Проектот “Со читање до лидерство“ кој го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор“, покрај градежнореконструктивните зафати, Детскиот креативен центар ќе биде опремен со современи содржини за унапредување на јазичната и математичката писменост кај учениците од почетните одделенија, една, од главните цели на проектот.
Библиотека за најмладите ученици, математичко катче, ликовно и театарско катче, мултимедијални дидактички помагала…, се само дел од содржините кои ќе ги нуди центарот. Тие ќе се достапни на учениците, кои, заедно со своите наставници и родители ќе можат низ игра да научат многу нови работи и секако, да се забавуваат.Според планот, кон крајот на месецот август, реновирањето и опремувањето ќе бидат целосно завршени. Новиот Детски креативен центар, ќе биде свечено отворен во првата половина на септември, 2014.
Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство’’, сите активности ги подготвува и спроведува во соработка со Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар. Активностите се спроведуваат во одбрани училишта од сите региони во Македонија. Детскиот креативен центар е последното парче од мозаикот именуван “МКЦ во ново руво”, проект, кој започна во 2011 год., со средства од Градот, ИПА фондовите, ЕУРИМАЖ, и повеќе ктитори од Македонија. Во минатите три години, објектот на МКЦ доживеа огромни промени: енергетски ефикасна фасада, реновирана концертна сала и нова аудио и светлосна опрема, нова сцена, нов дигитален проектор, и климатизација на Кино Фросина, нова, најсовремено опремена Галерија, комплетно реновирање на Џебното Кино, санирање на куполите и ентериерот на Планетариумот, реконструкција на бифето, заменет кров, подови, врати, прозори, санитарни јазли, тоалети, радијатори, компјутери и компјутерски мрежи…/крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите, порача Герасимовски
Четири градилишта во општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот, извести Општината.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“, информираат од општина Центар.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор, додаваат од општина Центар.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.

