Контакт

Скопје

„Скопје 1963 – пред и потоа“ изложба по повод 52 години од земјотресот

Објавено пред

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
 

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.

 

„Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во коишто жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом. За среќа, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана. Набргу по трагедијата, во време на веројатно наголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани.Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани“, рече градоначалникот Трајановски.Според Трајановски, имајќи предвид дека низ долгата своја историја Скопје  имал неколку нови почетоци и секогаш скопјани упорно работеле на опстојувањето и градењето на родниот град, дожноста е на оваа и на сите идни градски управи да дава свој придонес кон функционалноста и естетиката на градот во којшто живеат и работат стотици илјади жители на Скопје.На  изложбата  преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој  на градот и на  одбраниот материјал е  прикажано  централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Односно избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје; и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје. Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија, кој се  занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија.  Повеќе години, односно до своето пензионирање бил уредник на фотографија во НИН, а од 1993 година работи како слободен уметник. Добитник е на големброј домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград, Србија./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Арсовска: Подобрена инфраструктура, зелени површини и сообраќаен ред за општина Карпош

Објавено пред

Во еден од урбаните делови од Карпош, каде што до сега се закопуваше нелегален отпад треба да никне нов парк, затоа што наместо да расте бројот на диви депонии, јас се обврзувам на нивно итно чистење и на што е можно повеќе зелени површини“, изјави независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска за време на посетата на општина Карпош.

На средбата со карпошани, од населбите Карпош 4, Карпош 1 и Жданец, Арсовска понуди отвореност, транспарентност и заедничка соработка при надминување на проблемите со кои што се соочува општината. Според неа Ггавен предизвик за овие жители е справувањето со урбаната мафија која се повеќе го зема својот замав со појава на згради на секое ќоше, а потребно е и итно изнаоѓање на соодветни паркинг решенија.

„На неконтролираното градење ќе му дојде крајот со изработката на детални урбанистички решенија креирани во соработка со експерти. Сообраќајниот хаос ќе се реши со достапен и ефикасен јавен превоз и брзи сообраќајници што ќе ги поврзуваат сите населби. Кејот на Вардар од двете страни ќе добие комплетно уредување и нов, современ изглед, а ќе бидат поставени и спортски содржини – патеки за трчање и за велосипеди. Затворените врати на општинските служби ќе бидат минато, затоа што предвидувам отворање канцеларија што ќе биде во служба на граѓаните, 24/7 за итни интервенции и постојано ќе излага пресрет на нивните барања поврзани со градот. Граѓаните имаат прво да одлучат за тоа каква ќе биде нивната иднина и затоа нивниот глас мора да биде најизразен во работењето на секоја општина“, посочи Арсовска.

За жителите од Жданец пак, приоритетно е да се реши квалитетното водоснабдување, а Арсовска рече дека тоа ќе се овозможи преку поврзување на втора јужна висока зона од Жданец во Карпош.

„Не само во Жданец, на ниво на цела општина ќе има подобрување на инфраструктурата, ќе се замени фекалната канализација и ќе се започне со асфалтирање. Овие проблеми од моја страна се детектирани од претходно и веќе имам издржан план и реални проекти со кои што ќе ги надминеме овие недостатоци уште во првите денови од мојот мандат“, заклучи Арсовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шилегов: Скопје е жртва на ГУП од 2012 на ВМРО-ДПМНЕ, да не дозволиме да го носат и во 2022

Објавено пред

Хаосот во урбанистичкото планирање, урбанистичките девијации и нарушувањето на јавниот простор и животната средина кои се случуваат во Скопје се резултат на генералниот урбанистички план донесен во 2012 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече градоначалникот Петре Шилегов.

„Скопје е жртва на генералниот урбанистички план донесен од партијата на госпоѓа Арсовска во 2012 година. Ако дозволиме повторно таа структура да го донесе генералниот урбанистички план, ќе продолжиме да живееме во хаос“, изјави Шилегов.

Тој додаде дека е важно пред вториот круг на локалните избори да се соочат и концептите за облагородување и хуманизација на јавниот простор, а кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ јасно да го изнесе својот став за целосната дислокација на тешката индустрија од градот Скопје, како што е предвидено во новиот генерален урбанистички план.

Според Шилегов, носењето на нов ГУП е вистинска можност градот да се врати онаму каде што треба.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нова автобуска линија на ЈСП од Жданец до Карпош 3 и обратно

Објавено пред

Jaвното сообраќајно претпријатие Скопје информира дека од понеделник (25 октомври) ќе почне да функционира линија 29 која ќе сообраќа од Жданец, па преку Трнодол, до Карпош 3 („Сити мол“) и обратно.

„Линијата ќе профункционира на барање на жителите на Жданец и Трнодол, за да им се олесни пристапот до централниот дел на општината и градот, а истовремено и како предлог-решение за организиран јавен превоз од/до посочените населени места, имајќи го предвид проектот за новата мрежа на линии од јавниот транспорт во Градот Скопје“, се наведува во соопштението на ЈСП.

Почетна/крајна станица на линијата 29 во Жданец ќе биде на улица Жданец, а во Карпош 3 на улица МАНАПО, на почетно/крајната станица на линија 7 и 59 кај „Сити мол“.

Автобусите ќе се движат по улицата Жданец, па до влезот на Трнодол, па по улицата Козле, булеварот 8 Септември, булеварот Партизански одреди до крајната станица во Карпош 3 и обратно, по истата траса.

Ќе се користат постоечките, утврдени постојки на трасата, а возилата ќе сообраќаат по следниот возен ред:

*од Жданец: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 10 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 16 ч и 17 ч.

*од Карпош 3: 6.30 ч, 7.30 ч, 9 ч, 11 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 15 ч, 16.30 ч и 17.30 ч.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати...

Македонија4 часа

Регистрирани 411 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет4 часа

Вакцината на „Фајзер“ со ефикасност од 90,7 отсто кај децата на возраст меѓу 5 и 11 години

Неодамнешните истражувања покажаа дека вакцината на „Фајзер“ против коронавирусот е 90,7 проценти ефикасна во спречувањето симптоматски инфекции кај деца на...

Свет7 часа

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше...

Економија8 часа

Лидерите на ЕУ бараат итни мерки против поскапувањето на горивата и струјата

Денеска, на самит во Брисел, лидерите на Европската Унија се согласија за серија мерки што на краток рок треба да...

Македонија9 часа

260 луѓе целосно вакцинирани починале од Ковид-19 од август до сега

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со...

Топ11 час

Скопјанец фатен со 45 килограми марихуана во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, за неовластено производство и...

Свет13 часа

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион1 ден

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија1 ден

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ1 ден

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија1 ден

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија1 ден

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа1 ден

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија1 ден

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ2 дена

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет2 дена

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет2 дена

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет2 дена

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Досие