Контакт

Скопје

„Скопје 1963 – пред и потоа“ изложба по повод 52 години од земјотресот

Објавено пред

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.
 

Во неделата вечерта,во Музејот на град Скопје, по повод одбележувањето  52 години од катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, градоначалникот  на Град Скопје, Коце  Трајановски ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.

 

„Од колективната меморија на скопјани не е избришан 26 јули 1963 година. Скопје се сеќава на неколкуте минути во коишто жителите на нашата престолнина ја почуствуваа уривачката моќ на природата. И по 52 година од најтрагичните мигови на поблиското минато, во многу скопски семејства неизбришливи се сеќавата на катастрофалниот земјотрес, а бројните гробови се доказ за 1070-те трагични човечки судбини. Во татнежот на земјотресот илјадници семејства ги загубија своите домови, а сериозно беа оштетени и објекти од јавен каратер, како што беа стариот театар и офицерскиот дом. За среќа, веста за пустошот што го остави катастрофалниот земјотрес бргу се прошири низ светската јавност, а хуманоста на светот не изостана. Набргу по трагедијата, во време на веројатно наголемата светска поделба, како резултат на студената војна, во нашиот град се состанаа Истокот и Западот со цел да ја ублажат болката и страдањата на скопјани.Ние и денес сме благодарни за првата помош што им беше пружена на нашите сограѓани што останаа без основни услови за цивилизиран живот, но и за изградбата на неколку градски населби како долгорочно решение за станбените потреби на скопјани“, рече градоначалникот Трајановски.Според Трајановски, имајќи предвид дека низ долгата своја историја Скопје  имал неколку нови почетоци и секогаш скопјани упорно работеле на опстојувањето и градењето на родниот град, дожноста е на оваа и на сите идни градски управи да дава свој придонес кон функционалноста и естетиката на градот во којшто живеат и работат стотици илјади жители на Скопје.На  изложбата  преку презентираниот материјал може да се види забрзаниот развој  на градот и на  одбраниот материјал е  прикажано  централното подрачје на Скопје пред земјотресот и потоа, до осумдесеттите години. Односно избрани се фотографии направени за изложба реализирана во Музејот на град Скопје во осумдесеттите години на ХХ век, наречена Напоредни фотографии на Скопје; и избор на фотографии од Киро Георгиевски, користени за изложбата Старо Скопје, реализирана во Музејот во 1993 година. Посебен додаток на изложбата е донацијата на семејството Битољану на документарни фотографии на фотографот Томислав Петернек, снимени непосредно по земјотресот, за време на неговиот престој во Скопје. Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија, кој се  занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија.  Повеќе години, односно до своето пензионирање бил уредник на фотографија во НИН, а од 1993 година работи како слободен уметник. Добитник е на големброј домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград, Србија./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Арсовска на средби со градоначалниците на главните градови од Балканот

Објавено пред

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари билатерални средби со градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како и со градоначалниците на главните градови: Атина – Костас Бакојанис, Подгорица – Иван Вуковиќ, Белград – Зоран Радојичиќ и Сараево – Бенјамина Кариќ, во рамките на самитот во Истанбул, каде што вчера се основа Б40-мрежата на балкански градови.

На средбите се разговарало за проекти што се приоритетни за Град Скопје, како и за позитивни искуства, кои може да се приспособат и имплементираат во нашиот главен град.

Градоначалничката воедно денеска ја потпиша декларација за соработка на градови од Балканот со заедничка визија за реализација на проекти како би се воспоставила плодна соработка во области од заеднички интерес и изнаоѓање решенија на локално и регионално ниво.

Со декларацијата сите градоначалници се обврзуваат на транспарентно и инклузивно локално управување, засновано на податоци и споделени знаења. Исто така, договорено е веднаш да се направат работни тела меѓу градовите, да се почне со планирање проекти и работни активности, што ќе придонесат за зајакнување на локалната демократија и добрососедските односи во регионот.

Формирањето на мрежата и потпишувањето на декларацијата ќе им помогне на градовите да ги проценат тешкотиите и проблемите со кои се среќаваат и преку споделување решенија и добри практики да се олесни носењето одлуки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ за лицата со оштетен слух

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, го оствари предизборното ветување што им го даде на членовите од Националниот сојуз на глуви и наглуви за време на кампањата во предизборниот процес. Станува збор за користење бесплатно паркирање на лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ, на целата територија на општината.

На денешната средба иницирана од градоначалникот Герасимовски беше потпишан меморандум за соработка меѓу Васко Кичевски, директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, и Томица Стојановски, претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви, со кој, по одлуката на Советот на Општина Центар, ќе почне и неговата примена.

„Со овој меморандум за користење бесплатно паркирање на паркинзите под надлежност на Општината, конечно, го исполнуваме неколкугодишното барање на лицата со оштетен слух. Оваа услуга, која веќе ја користат лицата со оштетен вид и телесен инвалидитет, досега не беше овозможена за лицата со оштетен слух. Токму затоа беше и нашата средба пред еден и пол месец, на која се заложив дека ќе им излезам во пресрет“, изјави Герасимовски на средбата.

Оваа привилегија на сите паркинзи на ПОЦ ќе може да ја користат сите лица што поседуваат лекарска потврда за оштетен слух од над 90 % и сите членови на Националниот сојуз на глуви и наглуви.

Општина Центар и во иднина ќе работи на овозможување услуги што ќе им го олеснат животот на лицата со телесен инвалидитет или каква било друга попреченост.

Прикажи повеќе...

Македонија

Паркинг за велосипеди до секоја нова градба во општина Центар

Објавено пред

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со претставници на иницијативата „На точак“, на која ги разгледа барањата кои се однесуваат на унапредувањето на условите за велосипедски сообраќај во рамки на општината.

Од средбата произлезе договорот при секоја нова градба да се поставуваат паркинзи за велосипеди, со цел нивна поголема употреба како превозно средство во општината, а напролет, општината ќе воведе и одредени денови како „Денови без автомобили“ и ќе бидат изработени стандарди и процедури за развој на велосипедска инфраструктура општината.

„Општина Центар посветено работи на развој на велосипедската мрежа во сите населби. Мојата заложба е поголема употреба на велосипедите поради тоа што носат бенефити на долг рок, како за општината, така и за личното здравје на граѓаните. Ние мора да ги менуваме навиките со тоа што почесто ќе го употребуваме велосипедот како превозно средство. Всушност, со почестото возење на велосипеди ќе го намалиме сообраќајниот метеж, кој е сериозен проблем, особено во Центар, и позитивно ќе влијаеме во зачувувањето на животната средина“, изјави Герасимовски на средбата.

Герасимовски смета дека сите локални самоуправи треба да имаат многу посериозен пристап при креирањето на проектите во општините. Токму затоа, Општина Центар силно инвестира во развој на велосипедска мрежа во сите населби.

Дел од барањата, кои до градоначалникот Герасимовски ги поднесе иницијативата „На точак“, веќе се имплементираат и истите се однесуваат на слободни тротоари и квалитетен јавен простор, затворање на дел од улиците за сообраќај, особено во Дебар Маало, каде што има премногу возила со што истите ќе се отворат за пешачење и возење велосипеди. Општина Центар и во следниот период со посилно темпо ќе продолжи да субвенционира велосипеди и велосипедска опрема и засилено ќе работи и на системот за изнајмување велосипеди.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион1 час

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет1 час

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија3 часа

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија4 часа

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ5 часа

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија6 часа

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Европа8 часа

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа8 часа

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Регион8 часа

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните што не примиле ниту една доза

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години, како и постарите што...

Европа9 часа

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Македонија23 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија1 ден

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија1 ден

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија1 ден

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија1 ден

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија1 ден

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа1 ден

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија1 ден

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Досие