Македонија
Заев: Секој објавен разговор е вистина од почеток до крај
Секој објавен документ од првата до последната буква и секој изговорен збор од првиот до последниот објавен разговор е вистина од почеток до крај, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ дека се работи за креирани, монтирани и сечени разговори, како и изјавите на дел од државниот врв дека се работи за креирани снимки.
„Сакам да го видам лицето коешто е дел од извршната власт и ги негира материјалите за да може да му пуштиме илјадници вакви материјали од негови разговори најверојатно. Секој објавен документ од првата до последната буква и секој изговорен збор од првиот до последниот објавен разговор се е вистина од почеток до крај“ изјави Заев.Тој во среда беше повикан на распит во јавното обвинителство за организиран криминал како четвртоосомничен во оперативната обработка „Пуч“ во којашто е осомничен за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоки државни органи. Тој не коментираше за распито во обвинителството и ги повика обвинителите и судиите да ги почитуваат Уставот и законите.Во вторникот полицијата поднесе уште една кривична пријава со којашто го сомничи Зарв дека барал поткуп од 200.000 евра од струмички бизнисмен, но тој тврди дека никогаш не ги зел парите и најави дека и тој ќе поднесе кривична пријава за осмислено нудење на поткуп.„Една година и повеќе се мачат како да наместат давање пари на претседателот на опозицијата, катастрофа. На сите можни начини се обидуваат тоа да го направат. Се подготвува кривична пријава којашто ќе биде составена за осмислено нудење на поткуп и осмислено договарање за местење на поткуп. Апсолутно, не сум ги зел парите, ако имаше местење со пари, давање пари тоа ќе беше објавено од страна на, не би ги нарекол државни органи, туку партиски органи во МВР“ изјави Заев.Тој најави објавување на нови разговори во кои што се слуша лидерот на ДПА, Мендух Тачи, коишто според него, ќе ја отворат неговата предавничка душа./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Премиерот од Форино, ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи“, велат од Град Скопје
На денешната прес-конференција во Владат6а, в.д. премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ било да се грижат за зеленилото во Владата, реагираат од Град Скопје.
„Талат Џафери, ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од в.д. премиерот од Форино, кој кога излегува од дома до Владата ги гаси попатно сите семафори и прави хаос во градот, не е ни очекувано дека би требало да знае која е неговата обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува.
ЈП „Паркови и зеленило“ ги одржува градските булевари и парковни површини, кои се надлежност на претпријатието во согласност со законот, а ако сака в.д. премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Владата, за тоа треба да си склучи договор, исто како и секоја друга институција во Македонија“, се наведува во реакцијата на Град Скопје.
Техничкиот премиер Талат Џафери, по денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од Владата што ја предводи, даде објаснување за порасната трева околу Владата за што имаше многу реакции од граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање за тревата, Џафери објасни дека тоа е обврска на Град Скопје, па од таму и изборниот резултат на партијата што ја предводи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Скопје
Посебен режим на сообраќај в недела во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 12.5.2024 (недела) од 8.30 до 10.30 часот, поради одржување улична трка, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај, и тоа на сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, кои имаат стартна позиција на булеварот Илинден – локација Фонтана, ќе се движат по булеварот Илинден до крстосницата со улицата Никола Парапунов, потоа до крстосницата со булеварот Партизански одреди, десно (кон населбата Ѓорче Петров) до мостот „Влајко“, каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со улицата Љубљанска, каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на улицата Никола Парапунов и по булеварот Илинден до целта на локација Фонтана на булеварот Илинден.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот.
Македонија
Пеевски до Мицкоски: Од вас се очекува правилно да го исполните договорот, Бугарија направи голема работа
Нема да дозволиме Бугарија да се користи за внатрешнополитички цели во Северна Македонија, наведува претседателот на ДПС од Бугарија, Дељан Пеевски.
„Зборовите на лидерот на партија со тврдења од нашата соседна земја дека ќе чека поразумен премиер се апсолутно недозволиви и неприфатливи. Нема оправдување Северна Македонија да се оттргне од свјот евро-атлантски пат“, вели Пеевски и му се обраќа на претседателот на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:
„Сакам да му се обратам на господинот Миткоски: нема да има бугарски премиер што ќе оди спротивно на интересите на Бугарија. Од вас се очекува правилно да го исполните договорот потпишан со Бугарија. Ве потсетуваме дека Бугарија како држава направи многу со поддршката за Северна Македонија, чие место треба да биде членка на ЕУ“, вели Пеевски.