Македонија
Започна лотаријата на САД за зелена карта-2017
Периодот на пријавување за учество во програмата на Лотаријата на САД за иселенички визи (Зелена карта) за 2017 година започна во четврток, 1-ви октомври 2015, а завршува во вторник, 3-ти ноември 2015, соопштуваат од американската амбасада.
Од амбасадата потенцираат дека пријавите се прифаќаат само преку интернет страницата www.dvlottery.state.gov, каде може да се најдат сите инструкции. Пријавување преку пошта не се прифаќа. Пријавувањето не се наплаќа. Кандидатите не треба да испраќаат пари или пак да плаќаат однапред на трети лица кои им ветуваат дека ќе им помагаат при пријавувањето за виза, додаваат од амбсадата.
Кандидатите треба сами да ги внесат своите информации на www.dvlottery.state.gov и да не се потпираат на други луѓе или агенции. Агенциите можат да згрешат, да остават нецелосни информации или да поднесат двојни апликации. Сите овие фактори можат да доведат до дисквалификување на барателот, дури и ако е избран како добитник на лотаријата. Затоа е важно подносителот на барањето сам да ги внесе своите информации и да ги следи сите инструкции, советуваат од американската амбасада.
Сите кандидати веднаш откако ќе го поднесат барањето добиваат електронска потврдна страница. Од особена важност е кандидатите да го зачуваат својот единствен број од потврдната страница, барем до 30-ти септември 2017-та година. Единствено со овој број може да се провери дали кандидатот е извлечен, а истиот ќе послужи и за добивање на понатамошни информации и закажување на термин во Амбасадата. Единствениот потврден број помага и за заштита на учесниците од измама, злоупотрба или при проблеми со поштата. Познато е дека постојат нечесни посредници за визи кои наводно сакаат да им помогнат на кандидатите а потоа ја задржуваат потврдната страница и бараат повеќе пари во замена за информации. Кандидатите можат да го избегнат ова со лично зачувување на својот број за време на аплицирањето, потенцираат од американската амбасада./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.