Македонија
Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 6.193 теста, а регистрирани се 2.341 нов случај на Ковид-19: Скопје – 1.146, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28, Кочани – 27, Струмица и Струга – по 25, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија – по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3, Дебар и Дојран – по 2.
Од вкупниот број позитивни (2.341), регистрирани се 308 реинфекции, од кои една втора реинфекција.
Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 768, Битола – 115, Прилеп – 98, Куманово – 82, Струмица – 55, Велес – 40, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Гостивар – 27, Штип и Крива Паланка – по 26, Кичево – 22, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Неготино – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Радовиш – 13, Делчево и Крушево – по 10, Пробиштип -6, Виница и Демир Хисар – по 5, Валандово и Богданци – по 4, Кратово и Македонски Брод – по 2, Охрид и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 21 починато лице: 10 од Скопје (51, 68, 73, 76, 78, 78, 78, 86, 91 и 95), по 2 од Тетово (66 и 79), Велес (74 и 83) и по едно починато лице од Гевгелија (82), Кавадарци (52), Крива Паланка (74), Куманово (81), Македоснка Каменица (88), Охрид (74) и Струмица (57). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавено е едно починато лице од Штип (83) со датум на смрт на 19.1.2022 во болнички услови. Дополнително, од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 до 91 година, кои починале во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови.
Од вкупниот број починати лица (n=26), осум се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 6.193 теста преку: ИЈЗ – 583, ЦЈЗ Скопје – 90, ЦЈЗ Битола – 108, ЦЈЗ Прилеп – 55, ЦЈЗ Тетово – 16, ЦЈЗ Куманово – 87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 2, Судска медицина – 2, лабораторија во болницата во Козле – 15, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 7, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 187, „Авицена“ – 245, „Биотек“ – 368, „Систина“ – 149, лабораторија „Лаор“ – 160, „Синлаб“ – 59, „Ремедика“ – 25, „Плодност“ – 102, „Генеа“ – 28, „Никоб лаб“ – 314, „ВФВ медикал“ – 92, „Ели медика“ – 81, „Ројал медика“ – 35, „Спектра-ММ“ – 41, „Рапид лаб“ – 24, „Жан Митрев Струмица“ – 20, „Нова лаб дијагностика“ – 10, „Рамус“ – 52, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 3.236.
Досега во земјата се направени вкупно 1.755.926 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 117.574, Активни 11.390
Куманово 14.425, Активни 736
Прилеп 12.455, Активни 754
Битола 12.222, Активни 1613
Тетово 12.089, Активни 492
Гостивар 8.596, Активни 323
Кавадарци 8.508, Активни 627
Велес 8.218, Активни 409
Охрид 7.753, Активни 682
Штип 7.363, Активни 311
Струмица 6.967, Активни 448
Кичево 4.827, Активни 297
Кочани 4.500, Активни 217
Струга 4.278, Активни 268
Гевгелија 3.587, Активни 404
Неготино 3.014, Активни 228
Свети Николе 2.353, Активни 112
Ресен 2.260, Активни 231
Радовиш 2.148, Активни 179
Крива Паланка 2.142, Активни 107
Делчево 1.704, Активни 159
Берово 1.614, Активни 95
Дебар 1.492, Активни 22
Валандово 1.302, Активни 164
Виница 1.259, Активни 49
Пробиштип 1.238, Активни 39
Кратово 865, Активни 59
Богданци 823, Активни 83
Крушево 806, Активни 130
Демир Хисар 754, Активни 72
Македонски Брод 616, Активни 37
Македонска Каменица 486, Активни 45
Демир Капија 476, Активни 29
Пехчево 410, Активни 31
Дојран 204, Активни 14
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Градоначалникот Георгиевски на увид во реконструкцијата на игралиштето за мал фудбал во Текија, општина Илинден
Увид во работните активности за реконструкција на игралиштето за мал фудбал во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија направи градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Како што истакна градоначалникот Георгиевски и на ова фудбалско игралиште целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, проширување на теренот, ќе биде поставено лед осветлување, обновување на заштитната ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден. Со обновувањето на игралиштето ќе се создадат услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време, соопшти општина Илинден.
Покрај реконструкцијата на игралиштето за фудбал ќе се обнови и детското игралиште во рамки на училиштето, односно оштетените реквизити ќе бидат заменети со нови.
Со цел уредување на секое населено место како и создавање квалитетни и безбедни услови за жителите, општина Илинден продолжува со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места, се наведува во соопштението.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.