Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Опремување и модернизација на болниците и повисоки плати за персоналот

ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе се посвети на обновата на македонскиот здравствен систем. ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе инвестира во здравството. Ветуваме модернизација и реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, најави опозициската партија.
„Во рамките на овој проект предвидуваме модернизација и реконструкција на Градската општа болница „8 Септември“, која ќе функционира како дополнителен клинички центар во Скопје. Довршување на изградбата, опремување и развивање нова модерна клиничка болница во Штип. Предвидуваме реконструкција, модернизација и интегрирање на Клиничкиот центар во Тетово, кој ќе прерасне во модерна Универзитетска клиничка болница.
Ветуваме целосна дигитализација на рецептите, упатите, извештаите и резултатите, ќе спроведеме дигитализација на радиолошките единици, нивно поврзување во единствен центар за да се скратат процедурите и да им се олесни пристапот до здравствениот систем на граѓаните. Системот ќе биде дигитализиран во сите делови, од подигнување електронски рецепти кај матичен лекар до добивање медицински извештаи. Електронски издадениот рецепт од лекарот ќе може да се подигне во која било аптека со документ за лична идентификација од страна на пациентот или негов близок.
Концептот на е-зравство ќе биде да се оптимизира здравствениот систем, да се олесни работата на медицинскиот персонал, но и да се скрати бројот на физичко присуство на пациентите во здравствените установи, а во исто време да се зголеми достапноста на здравствените услуги. Здравствениот систем ќе биде оптимизиран со минимум употреба на хартија по примерот на високоразвиените земји од Европската Унија.
Сите здравствени работници вклучени во борбата со Ковид-19 во октомври ќе добијат дополнителни 50 % од својот личен доход како мотив да продолжат со борбата против опасниот вирус. Дополнително, вработените на Инфективната клиника и ГОБ „8 Септември“ ќе добијат уште една плата како бонус за натчовечките напори што ги вложуваат во борбата со вирусот.
По 15 јули, почнува обновата.
СДСМ покажа дека може единствено повеќе криминал, може повеќе корупција и може само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се, Македонијо! Одбери обнова!“, се вели во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: 20 медицински лица се заболени од корона на Клиниката за нефрологија

Или дваесет лица се заболени од корона на Клиниката за нефрологија, во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава дека прашање е дали воопшто ќе може да функционира таа Клиника во наредниот период.
„Зарем не ги јаде совеста Филипче и Заев? Очигледно не, гајле им е. Тие двајца дозволија покољ и ги оставија на цедило медицисните лица кои се на првата борбена линија“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува дека надлежните најпрво не обезбедиле заштитна опрема за медицинските лица, а сега нема ниту вакцини за никого.
Соопштенија
СДСМ: Пописот е потребен за напредокот на државата, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги манипулира граѓаните

„По речиси две децении, со усвојувањето на Законот за попис и потпишувањето на Указот од страна на претседателот на државата, се исполнети сите нормативни услови за одржување на пописот, како најобемна статистичка операција, според сите меѓународни стандарди.Со пописот што ќе се одржи оваа пролет ќе се соберат релевантни податоци за креирање идни политики и стратегии за развој на државата“, соопшти СДСМ.
Според партијата, обидите на ВМРО-ДПМНЕ за политизирање и опструкција на пописот и се неодговорни и нема да поминат, бидејќи одржувањето на пописот е во интерес на граѓаните и на развојот и напредокот на државата.
„Собирањето потписи против Законот за попис од страна на ВМРО-ДПМНЕ им служи единствено за партиска агенда и треба да бидат чесни и на граѓаните да им објаснат дека само со потписи не се поништува Законот.Исто така, обидите да се калкулира со проценти за етничка припадност се непотребни, пописот е статистичка операција, што ќе ја регистрира реалноста таква каква што е, а резултатите нема да значат суспендирање нечии права.
Но, ВМРО ДПМНЕ се научени да бојкотираат, да бидат на спротивната страна на интересите на граѓаните и на државата. Наместо да се стремат за подобар живот на сите граѓани, прават раздор меѓу народот, ги повикуваат граѓаните да ги кршат законите.Граѓаните ги препознаваат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ диригирани директно од Будимпешта и токму затоа шест пати по ред ги поразија на избори. СДСМ како одговорна партија интересот на граѓаните и на државата е на прво место и нема да отстапи пред оние кои во неуспехот на државата, гледаат шанса за себе“, се вели во соопштението.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Каква релевантност има попис за кој власта веќе се договорила

„Пописот што власта на Заев насилно сака да го истера е обична политичка операција, а не статистика. Самиот факт што за релевантноста на резултатите потребен е врзан потпис на директорот и заменик-директорот на ДЗС доволно покажува дека се работи за политички пазар на партиите од власта, што не гарантира реални податоци, туку фалсификат. Зоран Заев покажал дека кога се работи за неговата политичка кариера е подготвен на секаков политички пазар, па и овој попис е нова епизода од неговите пазарења“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Законот за попис и пописот се споротивни на сите европски стандарди и затоа сè уште нема методологија на само два месеца пред пописот.
„На пописот по стандарди на Заев се предвидува да се попишуваат лица нерезиденти кои се иселени од Македонија, спротивно на сите стандарди за попис на постојни жители. Патем попишувањето може да се врши со обично диктирање на матични броеви, без приложувања на документи и дополнително таквите информации да ги дава лице кое добро ги познава другите лица за кои ќе соопштува податоци. Ваков попис никаде не е виден, целосно спротивен на стандардите на Еуростат.
Дополнително, власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани.
Ова може само да гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти. За каков релевантен и легитимен попис тогаш може да се говори, кога истиот се спроведува по принципот „како Заев замислува попис“, се вели во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот