Контакт

Меѓународен

(Видео) Отворен кампот на фудбалот во Мадрид, пристигна македонската делегација

Објавено пред

Отворен е кампот на фудбалот и пријателството во Мадрид, каде учествуваат деца и возрасни од 211 држави. Македонските учесници во проектот „Фудбал за пријателство“, младите амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневски, фудбалери од подмладокот на ФК „Вардар“ и Калина Василевска, која е млад новинар од Македонија, приствуваа на отворањето. Во кампот беше подигнато и официјалното знаме на „F4F“, по што фудбалерите беа распределени во нивните тимови, а следуваат низа тренинзи пред главниот настан.

„Фудбал за пријателство“ сега обединува повеќе од 6 милиони луѓе, од 211 држави во Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, Австралија… Одлично е што учесниците во проектот од претходните сезони продолжуваат да го поддржуваат проектот и да ги промовираат вредностите. Верувам дека оваа сезона на проектот ќе биде најдобрата. Ви посакувам на сите, младите и возрасните учесници, заедно да поминете одлично. Да запознаете нови пријатели и да бидете успешни на натпреварите“, рече главниот организатор на отворањето на кампот.

За учесниците најважно е другарувањето со децата што имаат учество во проектот, кој е под покровителство на компанијата „Гаспром“. Главните вредности што ги промовираат учесниците во програмата се пријателство, еднаквост, правичност, здравје, мир, посветеност, победа, традиции и чест. Македонските учесници ќе присуствуваат и на натпреварот на финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Нашите „твинговци“ со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник

Објавено пред

На вториот натпреварувачки ден на патеката „Гробник“ во рамки на интернационалниот натпревар во Twingo Cup се возеше четиричасовна трка во издржливост од сто круга на која двата македонски тима имаа пласман меѓу најдобрите десет.

„Аутомотив 1“ во состав: Бојан Петрушевски, Ангелче Стојковски, Слободан Трајковски и Мартин Костовски го освои одличното 6.место на трката. Вториот тим, „Аутомотив 2“ финишираше на 9.место, а го сочинуваа: Емил Нацка, Давид Малинковски, Мартин Делев и Владимир Треневски.

Во еден временски период од 50 мин. нашите тимови го имаа првото и третото место, но трката е целосно приружена со 7 влегувања во бокс, како и техничка издржливост на возилото кое се вози 4 часа, сепак како прво искуство остваривме одличен резултат од вкупно 16 тимови (Србија, Хрватска, Словенија и Македонија) кои учествуваа на Endurance Race LEMA Гробник.

Ова е прв тимски настап на осум македонски талентирани млади возачи на интернационална трка во издржливост, каде се покажаа во одлично светло иако немаат претходно искуство во вакво натпреварување.

Учествуваа младите возачи од спортските клубови: АКК Рено спорт, Свифт рејсинг и Кастoм кар.

Победник на трката беше српскиот тим „Микса рејсинг“ тим со вкупно време од 4 часа и 57 секунди.

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

Објавено пред

Македонските натпреварувачи во Twingo Cup денеска го имаа првиот интернационален предизвик на патеката „Гробник“ во Хрватска на отворањето на новата сезона. Нашите возачи се покажаа во фантастично светло и имаа одлични резултати во конкуренција на дваесетина странски возачи.

Денеска на „Гробник“ се возеа две трки. Во првата трка, најдобар пласман од Македонците имаше ланскиот шампион Мартин Делев, кој финишираше на 11 место со вкупно време од 23:55,003 минути. Владимир Треневски беше 16-ти, Слободен Трајковски 18-ти, Ангелче Стојковски (21), Давид Малинковски (23), Емил Нацка (24) и Мартин Костовски (25) .

Втората трка, одличен пласман обезбеди Емил Нацка, кој го освои шестото место со време од 22:44,442 минути, веднаш по него Владимир Треневски – осми, Давид Малинковски 10-ти,Ангелче Стојковски 22-ри додека Мартин Делев го имаше петтото место, но поради проблем во последниот круг со контакт на бомбината не ја заврши трката.

Нашите возачи за прв пат ја возат оваа патека и се натпреваруваа со возачи од Италија и Словенија кои четири години возат и тренираат на истата патека.

Учество земаа:
•АКК Рено Спорт
•Кастум Кар
•АКК Свифт Рејсинг

Тркачкиот викенд на „Гробник“ продолжува утре (23 февруари). На програмата во утринските часови се предвидени тренинзи, квалификациите се од 10 до 11 часот, а потоа следува и четири часовна трка во издржливост.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Меѓународен

Родниот град на Дражен Петровиќ декориран со огромен дрес во чест на неговиот роденден

Објавено пред

Огромен дрес на славниот кошаркар Дражен Петровиќ, во чест на 55. роденден на еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, е поставен на зградата на градското собрание во Шибеник.

Петровиќ, кој поради своите мајстории го добил прекарот кошаркарски Моцарт, е роден на 22 октомври 1964 година, а по тој повод најпопуларниот дрес со број 4 од времето додека играл за Шибенка, го украси неговиот роден град.

Петровиќ ја започна својата кариера во Шибеник, продолжи во Цибона, тим со кој двапати беше европски шампион, а потоа во Реал Мадрид.

Тој подоцна кариерата ја продолжи во НБА-клубовите Портланд и Њу Џерси и беше еден од Европејците што ја урна бариерата на најсилната кошаркарска лига.

Со југословенската репрезентација освои бронзен и сребрен медал на Олимписките игри во 1984 и 1988 година, а со Хрватска сребрен медал во 1992 година.

Тој беше прогласен за најдобар спортист на Југославија во 1985 година.

Почина во сообраќајна несреќа во Германија на 7 јуни 1993 година.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион6 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија7 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ9 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија9 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија10 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија12 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион12 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија13 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија13 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ14 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија14 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион16 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет17 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет17 часа

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет18 часа

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија19 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија1 ден

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија1 ден

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија1 ден

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Досие