Спорт
Продолжуваат лудориите на Јан Улрих – нападнал проститутка во Франкфурт
Поранешниот шампион од Тур де Франс, Јан Улрих е уапсен за напад на проститутка во Франкфурт, уште еден неславен момент на еднаш големиот спортист.
„Тој е во притвор, а при апсењето бил под дејство на алкохол и дроги“, изјави полицискиот портпарол за „…
Поранешниот шампион од Тур де Франс, Јан Улрих е уапсен за напад на проститутка во Франкфурт, уште еден неславен момент на еднаш големиот спортист.
„Тој е во притвор, а при апсењето бил под дејство на алкохол и дроги“, изјави полицискиот портпарол за „АФП“.
44-годишниот Германец, кој ја освои славната трка во 1997 година, беше уапсен и минатиот петок на Мајорка откако прескокна ограда на својот сосед и му се закануваше, за што се правдаше дека сакал само да разговара со соседот. Соседот бил германскиот актер и режисер, Тил Швајгер, актер во филмот на Квентин Тарантино „Неславни копилиња“, кој откри дека нема да го тужи својот „добар пријател“.
Инцидентот во Франкфурт пак се случил во луксузен хотел, каде што Улрих се расправал со проституката по што ја нападал и ја повредил.
Неодамна, во интервју за германскиот магазин „Билд“, Улрих призна дека е во „депресија“ по разделбата со својата сопруга и изјави добива психијатриска помош по проблемите со дрогата и алкохолот.
Кариерата на Германецот исто така беше контроверзна, со голем број обвинувања за допингување. Тој останува единствен Германец со титула на Тур де Франс, а освои злато и на уличната трка и сребро во трката на хронометар на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година. Во 2013 година тој призна дека се допингувал и доби двегодишна суспензија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Рикелме го доближи Атлетико до ЛШ
Минијатурата на Родриго Рикелме во 5. минута на Балеарските Острови не само што му донесе победа на Атлетико Мадрид над Мајорка оваа сабота навечер, туку веројатно и му обезбеди пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.
Без овие три бода, Атлетик Билбао би имал солидни шанси да го помине Атлетико во преостанатите четири кола од Ла Лига, но вака исходот од трката за четвртото место на табелата е речиси решен.
По третолигашкиот гол на 24-годишниот Шпанец и четвртиот вкупен гол сезонава, разликата меѓу двата црвено-бели клуба е шест бода.
Мајорка е во долниот дел на табелата, но има шест бода повеќе од Кадиз кој се наоѓа во опасната зона и извесно е дека финалистот во Купот на Шпанија ќе избори опстанок.
Rodrigo Riquelme’s goal! 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/5YARGEy6hx
— Atletico Universe (@atletiuniverse) May 4, 2024
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Мајами, сезонава има шест од шест
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои својата шеста пол-позиција на исто толку трки оваа сезона. Холанѓанецот беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Мајами. За Ферстапен ова е седма пол-позиција по ред и сега е на само еден до израмнување на рекордот на Аиртон Сена.
Ферстапен, кој неколку часа претходно триумфираше во спринтот на Флорида, ја забележа 38. пол-позиција во кариерата со круг од 1:27.241 минути. Тој за 141 илјадитинки беше побрз од Шарл Леклер во Ферари.
Двајцата ги следеше вториот возач на италијанскиот тим, Карлос Саинц Јуниор, кој заостануваше помалку од една десетинка зад својот тимски колега. Шпанецот за само пет илјадити делови од секундата беше побрз од Серхио Перез во Ред Бул.
Најдобар меѓу останатите беше Ландо Норис во Мекларен, пред тимскиот колега Оскар Пјастри и двоецот на Мерцедес Џорџ Расел и Луис Хамилтон. Топ 10 беше комплетиран од Нико Хилкенберг во автомобилот на Хас и возачот на тимот РБ Јуки Цунода.
Траката за Големата награда на Мајами утре ќе започне во 22 часот по средно-европско време.
Спорт
(Видео) Сасуоло повторно го победи Интер
Фудбалерите на Сасуоло славеа минимална победа над италијанскиот шампион Интер. Сасуоло сезонава забележа седум победи, две од нив се против Интер. Интересно ова се единствените порази на Интер сезонава во Серија А.Сасуоло остана на 19.место со 29 бода. Пред овој тим се Удинезе (29), Емопли (31), фросиноне (31), Верона (31), Каљари (32), но сите имаат натпревар помалку.
Стрелец на единствениот, гол беше Арманд Лориен во 20. минута откако Џош Доиг му ја одзеде топката на незаинтересираниот Дензел Дамфрис практично на гол-линијата и потоа му асистираше на Французинот во срцето на шеснаесетникот.
До крајот на сезоната Сасуоло ќе гостува кај Џенова, ќе го пречека Каљари и потоа ќе гостува во Рим кај Лацио.