Спорт
Лацио-Милан дерби во Серија А
Утре во италијанската Серија А ќе се одиграат девет средби од четвртото коло.
Утре во италијанската Серија А ќе се одиграат девет средби од четвртото коло.
Дербито ќе се одигра на „Олимпико “ во Рим, каде Лацио за противник ќе ја има екипата на Милан. Изненадувањето Чезена, која по првите три кола се наоѓа на чело на табелата ќе патува во Катанија. Актуелниот првак Интер, во чии редови настапува Горан Пандев, за противник ќе го има Бари.
Комплетни двојки од четвртото коло во Серија А:Среда, 22 септември:
Бреша-РомаКаљари-СампдоријаКатанија-ЧезенаЏенова-ФиорентинаИнтер-БариЛацио-МиланЛече-ПармаБолоња-УдинезеНаполи-Киево
Четвртото коло во четврток ќе биде комплетирано со натпреварот Јувентус-Палермо. крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Винисиус ќе го продолжи договорот со Реал
Винисиус Жуниор, еден од најдобрите играчи на денешницата, не сака да го напушти Реал Мадрид и се чини дека решение за сагата околу неговиот нов договор е на повидок.
Бразилецот е свесен дека трпението на претседателот Флорентино Перез е при крај и, за да го обезбеди својот престој во Мадрид, е подготвен да направи клучен компромис. Ќе се откаже од бонусот за продолжување на договорот што го бараше. Тој е подготвен да потпише за 20 милиони евра годишно.
Винисиус ја прифатил понудата на клубот повторно да стане клучен играч во 2026 година и е подготвен да се откаже од своите финансиски барања кои ги одложија преговорите.
Иако договорот сè уште не е официјално постигнат, во клубот постои оптимизам дека сè би можело да се реши во наредните денови или недели.
Винисиус е свесен дека треба да направи чекор напред за да го врати својот статус во тимот и тешко дека ќе има подобра шанса за тоа.
Во отсуство на Килијан Мбапе, од него се очекува да ја преземе лидерската улога и конечно да ја прекине својата лоша серија од 14 натпревари без постигнат гол. Оваа сезона, тој има пет гола и осум асистенции во 24 одиграни натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Букер и пресуди на Оклахома, Дончиќ го реши Мемфис
Актуелниот НБА шампион, Оклахома сити Тандер, го забележа шестиот пораз во сезоната. Тандер во последната секунда, со тројка ги сруши Девин Букер.
Феникс Санс славеа во дуелот со Оклахома 108:105. Букер натпреварот го заврши со 24 поени. Дав поени повеќе постигна Гудвин, кој беше најефикасен играч на натпреварот.
Кај Оклахома се истакнаа Шеј Гилџис-Александер со 25 и Џејлен Вилијамс со 25 поени.
ЛА Лејкерс славеа во дуелот со Мемфис Гризлис со 120:114. Блескаше Лука Дончиќ со 36 поени, девет скока и осум асистенции. Поддрша доби од ветеранот Леброн Џејмс (26 поени).
Во последниот натпревар од вечерта, Милвоки Бакс славеа победа во Сакраменто 115:98.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Реал го растури Бетис, Гарсија неочекуван херој
Фудбалерите на Реал Мадрид продолжуваат со потера по водечката Барселона. Тимот на Чаби Алонсо убедливо го победи Бетис во натпреварот од 18-то коло на шпанската Ла Лига со 5:1.
Во отсуство на Килијан Мбапе,неочекуван херој на „кралскиот клуб“ стана младиот Гонзало Гарсија.
Ги постигна првите голови во Ла Лига, натпреварот го заврши со хет-трик. Останатите два гола за Реал ги постигнаа играчите од одбраната, Раул Асенсио и Фран Гарсија.
Foto/ EPA/KIKO HUESCA

