Спорт
Шахистите против Мексико, шахистките против Нигерија
Второ коло на 39-та шаховска олимпијада која вчера започна во рускиот град Ханти Масијск.
Второ коло на 39-та шаховска олимпијада која вчера започна во рускиот град Ханти Масијск.
По максималната победа над Макао од 4:0, шахистите денеска за противник ја имаат репрезентацијата на Мексико. Со црни фигури на првата и третата табла ќе играат Владимир Георгиев и Ѕвонко Станојоски. Георгиев ќе игра против Мануел Леон Хојос, а Станојоски против Хозе Гарсија Гонзалес. Со бели фигури на втората и четвртата табла Трајко Недев за противник ќе го има Хуан Карлос Замора Гонзалес, а Филип Панчевски ќе игра против Жилберто Гуереро Хернандез.
Дамите, вчера со 4:0 загубија од бранителот на титулата Грузија, денеска против Нигерија ќе имаат можност да ја забележат првата победа.
Габриела Коскоска на првата табла за противничка ја има Олатунџи Олуватобилоба, со бели фигури на третата табла ќе игра Моника Стојковска, нејзина противничка ќе биде Акинтола Олуфунмилајо. Со црни фигури на втората и четвртата табла, Катерина Јоноска ќе игра против Рејчел Едвард-Дапа, а Бојана Бејатовиќ ќе игра против Розмари Амадасун.крај/макфакс/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

