Спорт
Сигурни победи на Реал, Осасуна и Билбао
Сигурни победи на домашните екипи на првите три натпревари од четвртото коло во Примера дивизија.
Сигурни победи на домашните екипи на првите три натпревари од четвртото коло во Примера дивизија.
Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“ со три гола во мрежата го испрати Еспањол. Роналдо во првиот дел погоди од сомнително досуден пенал, во второто полувреме победата на Реал ја потврдија Игуаин и Бензема. Екипата на Еспањол натпреварот го заврши со двајца играчи помалку, исклучени беа Галан и Форлин, кај Реал поради два жолти картони патот во соблекувалната му беше покажан на Пепе.
Идентична победа од 3:0 забележа и екипата на Атлетик Билбао во дуелот со Мајорка. На „Сан Мамеш“, головите за Атлетик ги постигнаа Давид Лопез, Сан Хозе од пенал и Перез. Во Памплона, Пандијани, Аранда и Камуњас беа прецизни, а Осасуна го совлада Реал Сосиедад со 3:1. Почесниот гол за гостите го постигна ветеранот Раул Тамудо.
Вечерва во Примера на програмата се нови четити натпревари:
Барселона-СпортингСарагоса-ХеркулесАлмерија-ЛевантеВаленсија-Атлетико Мадрид.крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

