Спорт
Црвенковски ги одликува спортистите
Македонскиот претседател Бранко Црвенковски со „Медал за заслуги за Македонија” во текот на денов одликува шестмина наши спортисти.
Тоа се: предводникот на ракометарите Кирил Лазаров кој беше најдобар стрелец на последниот Мундијал во Хрватска, фудбалерот на римски Лацио Горан Пандев, бронзениот од ЕП, боксерот Вели Мумин, ракометарките Наталија Тодоровска и Драгана Пецевска и кошаркарскиот интернационалец Врбица Стефанов. Признанието им е доделено за постигнатите врвни резултати во спортот, придонесот за неговиот развој и популаризација во земјава како и за афирмација на Република Македонија на меѓународен план“.Свечената церемонија се реализира во просториите на Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шок во Сакраменто, Фокс ќе ги напушти Кингс
Диерон Фокс, како што стојат работите, наскоро ќе ги напушти Сакраменто Кингс.
Според добро информираниот НБА инсајдер Шамс Чаранија, тимот од Калифорнија сака да го трејдува Фокс пред 6. февруари, последниот ден од преодниот рок.
Тој тврди дека голем број на тимови се заинтересирани за Фокс, но дека тој на ум го има летото 2026 година кога му истекува договорот и дека соодветно ја крои својата желба за следната дестинација.
Засега не се знае каде би можел да заврши Фокс, но може да се каже дека ова е вистински шок за фановите на Сакраменто кои во него гледаат како на прва ѕвезда на франшизата.
Фокс во НБА дојде од Универзитетот во Кентаки (каде играше за славниот Џон Калипари) во 2017 година кога беше петти пик на драфтот и беше избран од Сакраменто Кингс.
Спорт
(Видео) Лука Карабатиќ го расплака Египет – Франција избори полуфинале на СП
Франција во драматична завршница го победи Египет со 34:33 (18:14) и се пласира во полуфиналето на 29. Светско првенство во ракомет. Херој на Франција е ветеранот Лука Карабатиќ, кој голот за победа, инаку него единтвен на мечот го постигна на две десетинки до крајот.
Франција, актуелен европски првак, многу потешко од очекувањата успеа да го победи африканскиот шампион Египет.
Првиот дел Французите рутински го одиграа, најчесто имаа предност од два гола, а откако Египет успеа да изедначи, во последните две минути експресно постигнаа четири гола и со 18:14 заминаа на полувреме.
Имаа Французите предност од пет гола во вториот дел 19:15 и 24:19 и тука застанаа, како да ги потценија фанатично борбените Египќани.
Египет успеа да се врати во мечот, а драмата практично започна кога упсеа да изедначи. Во последните 15 минути се играше по принципот „гол за гол“.
Франција во последните две минути, по двата гола на Дика Мемвлезе со предност од два гола, но Египет повторно се врати. Драмата кулминираше во последната минута Ремили погоди за предност на Франција, а Јахија Омар на четири секунди до крајот го изедначи резултатот. Следуваше брз пренос на топката, а Карабатиќ од центарот на игралиштето погоди за победа на „триколорите“.
The ultimate heartbreak for Egypt AGAIN
Luka Karabatic wins it with 0.3 seconds left of the clock
The Quarterfinal curse for Egypt continues pic.twitter.com/Wq5e45eEqk
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 28, 2025
Мем и Ремили со по шест гола ја предводеа Франција, гол помалку постигна Мин. На спротивната страна играчот на натпреварот Хешам постигна осум, а Јахија шест гола.
Франција во полуфиналето ќе игра против Хрватска, натпреварот ќе се одигра во четврток.
Спорт
Јуанјтед се засили со играч на Лече
Манчестер јунајтед го договори првото засилување во зимскиот преоден рок. На „Олд Трафорд“ од Лече ќе се пресели Патрик Доргу.
Менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим инсистираше на трансферот на левиот бек.
Вредноста на трансферот не е објавена, но се претпоставува дека Јунајтед ќе плати 35 милиони евра.
Оваа сезона 20-годишниот фудбалер одигра 23 натпревари во сите натпреварувања и постигна три гола и забележа една асистенција.