Контакт

Спорт

УЕФА ќе воведе данок на „луксузни трансфери“

Објавено пред

Најбогатите европски фудбалски клубови може да бидат принудени да плаќаат екстра даноци за најскапите трансфери кои ќе ги реализираат, а приходите од истите УЕФА ќе ги распределува на не толку моќните тимови.

Ова е само еден предлог од мерките кои Европската фудбалска централа сака да ги примени во битката со се поголемите цени на фудбалерите и се поскапите трансфери кои буквално го преплавеа континентот. Идејата е преземена од американските професнионални лиги, каде специјалисти на УЕФА беа на обука и усовршување во изминатите два месеци. УЕФА се надева дека ќе им стави крај на милионските трансфери, кои доведоа до плати и од 150.000 фунти неделно. Европската куќа на фудбалот смета дека многу клубови создаваат нерамноправност со што ги принудуваат малите клубови да бидат далеку од конкурентни со нив. Начинот на кој се решени овие прашања во бејзболот, можеби ќе бидат прифатени и од УЕФА. Данокот на „луксуз“ ќе биде само една од мерките кои ќе бидат преземени за да се сопре трендот на мултимилионски трансфер цени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Кам-бекот на Нејмар во Барселона може да е изведе

Објавено пред

Барселона сериозно размислува да го врати Нејмар на „Ноу камп“ следната сезона, и трансферот е сосема „можен“ тврди извор од каталонскиот клуб за „ЕСПН“.

Во Каталонија се свесни дека преговорите со Пари Сен-Жермен се поинакви од преговорите со другите клубови поради финансиската моќ на катарските сопственици. Според „ЕСПН“, не постои директен контакт со луѓето на Нејмар, но ако Бразилецот сака да се врати во клубот во кој помина четири сезони пред во 2017 да замине за рекордни 222 милиони евра, тогаш тешките преговори може да вродат со плод.

Една од главните причини зошто Барса планираат да го вратат во Каталонија е желбата на повеќето клучни фудбалери на клубот, во прв план Лионел Меси и Луис Суарез, со кои Нејмар е во постојан контакт.

„Франс фудбал“ минатата недела објави дека ПСЖ се подготвени да ги разгледаат понудите, а претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи најави дека кој не сака да биде во тимот, може да разговара со него. Бразилскиот „Глобо еспорте“ пак, во понеделникот објави дека претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу веќе контактирал со Нејмар и неговиот татко.

Според овој извор, Барселона дури би вклучиле тројца фудбалери во договорот – Иван Ракитиќ, Усман Дембеле и Самуел Умтити.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сампдорија му дава шанса на Тоти

Објавено пред

Италијанските медиуми тврдат дека Сампдорија му понудиле на Франческо Тоти директорска позиција по неговата одлука да си замине од Рома со бурна прес-конференција, но и Фиорентина би го сакале поранешниот капитен на „волчицата“.

Тоти доби понуда да стане технички директор на Рома, но откако ја одби влезе во остар напад на клубот, велејќи дека консултантот Франко Балдини и претседателот Џејмс Палота го игнорирале последните две години.

„Нема да останам невработен. Добив понуди од неколку италијански клубови и ќе размислам што ќе правам понатаму. Јуве или Наполи? Да не се глупираме од почит кон Рома, не би го направил тоа. Но, ФИФА, УЕФА, имам опции“, изјави вчера Тоти.

Според „Скај спорт Италија“ и „Ла газета дело спорт“ најсериозната понуда е од Сампдорија, каде што претседател е Масимо Фереро, инаку страствен навивач на Рома. Таму е упатен, според шпекулациите, и неговиот поранешен соиграч и тренер, Еузебио ди Франческо, кој според медиумите ќе потпише двегодишен договор.

Сепак, постои можност Тоти да заврши и во Фиорентина, каде што би работел со својот поранешен соиграч, Винченцо Монтела и поранешниот директор на Рома, Даниеле Праде.

Прикажи повеќе...

Спорт

Алексис Санчез се „разбуди“, Чиле лесно против Јапонија (видео)

Објавено пред

Стартот на походот по трета титула во низа од Копа Америка за Чиле започна совршено, откако со 4:0 ја победија Јапонија во Сао Пауло.

Едуардо Варгас постигна два гола во второто полувреме, а стрелци беа и Ерик Пулгар, како и „заборавениот“ Алексис Санчез за убедлива победа на актуелните шампиони. Јапонците, кои се гости на турнирот, пристигнаа со млад тим во Бразил, имаа шанси, но на крајот доживеаја тежок пораз. Чиле сега има три поени, исто колку и Уругвај, кои вчера со идентични 4:0 го совладаа Еквадор.

Јапонците имаа подобар старт, предводени од Такефуса Кубо, кој минатата недела потпиша со Реал Мадрид, а Чиле врати преку две убави шанси на Санчез по половина час игра. Пулгар им донесе водство на „Ла роха“ во 41. минута од мечот, пред по девет минути во второто полувреме, Варгас да го зголеми водството.

Кога Јапонците не ги искористија своите шанси да се вратат во игра, во финишот Чиле ги казни со головите на Санчез и Варгас.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА лигата на Торонто Репторс на плоштадот...

Македонија36 минути

Судир во ЕУ околу почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почеток на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија1 час

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште ,,Вера Јоциќ” во населбата Хиподром (Општина...

Hitech3 часа

Хуавеј со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на Хуавеј, Рен Женгфеи потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат за 30 милијарди долари...

Крвав четврток15 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија16 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија20 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија22 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија22 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија23 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски23 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион1 ден

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести2 дена

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт2 дена

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести2 дена

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт2 дена

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет2 дена

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ2 дена

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет2 дена

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Досие