Спорт
Победа на мета на истрага на УЕФА
Европскатa фудбалска унија, ја обвини прилепска Победа, претседателот на клубот и еден играч од тој тим, дека наместиле меѓународен натпревар
Еден ден претходно, УЕФА во францускиот град Нион соопшти дека ќе поднесе тужба против “еден“ клуб поради местење натпревар.Според европската фудбалска унија, спорен е натпреварот меѓу Победа и ерменскиот клуб Пјуник, одигран на 13 јули 2004 година во Прилеп. На тој меч Пјуник победи со 3:1. Како што е соопштено, обвинението е базирано на извештаи добиени од кладилници, кои укажале на невообичаени кладби за тој меч, како и на изјави на сведоци.”Тоа е како рак за фудбалот, ако фудбалските средби се наместени и од претходно е познат резултато, тогаш зошто толкав интерес за оваа игра? ‘Купувањето на услугите’ на фудбалерите и судиите е еден од најголемите проблеми во фудбалот. Лошото е во тоа што исклучително тешко е да се докаже ‘местенката’.” – изјави претседателот на Европската фудбалска куќа, Мишел Платини Дисциплинската комисија на УЕФА случајот ќе го испита на 17 април, годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

