Спорт
Хаџиристески ја поддржува истрагата на УЕФА
„Денеска добивме информација за активностите на УЕФА и ние како федерација ја поддржуваме оваа истрага со цел да биде завршена во целост. ФФМ ќе ги почитува сите дисциплински одлуки и препораки за реакција од наша страна, се разбира во согласност со актите и Статутот на ФФМ.“
„Добив информација дека истрагата е поведена врз база на пријава на новинари од Македонија кои ќе бидат повикани како сведоци за расчистување на случајот“, изјави во текот на денов претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџиристески. Што се однесува до другите активности на конгресот на УЕФА, според првиот човек на мак-фудбалот, нашата делегација имала одличен прием и добила високи оценки за спроведување на тековните проекти. „Покрај оние 3 милиони евра кои ги вети претседателот на европската федерација, за време на посетата на Скопје во рамки на Хет-трик програмата, г-динот Мишел Платини ни додели дополнителни милион евра за изградбата на тренинг-центарот и административна зграда. Во наредните денови заедно со Владата на РМ и претставници на УЕФА ќе се направи и инспекција на просторот кој го посочија задолжените структури во македонската влада и се надевам дека во најскоро време ќе започнеме со реализацијата на овој проект. Исто така, доделени ни се и милион и триста илјади евра за реорганизација на нашата администрација“, изјави за веб-сајтот претседателот на ФФМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона сака да врати поранешeн играч од Саудиска Арабија
Барселона има намера да ја засили својата одбрана во зимскиот преоден рок. Клубот притиснат од финансиката криза, мора да бара алтернативни и пред се ефтини решенија.
Шпанските медиуми објавија дека „блауграна“ се заинтересирани за Португалецот Жоао Кансело (31), кој игра за саудискиот Ал Хилал од летото 2024 година.
Кансело би сакал да се врати во Европа, бидејќи сезонава не е во преден план кај тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги. Оваа сезона, тој одигра само шест настапи, па затоа неговиот статус во португалската репрезентација е под знак прашалник, односно дали ќе биде на списокот на играчи за СП 2026.
Пристигнувањето на „Камп Ноу“, би значело враќање во добро позната средина, бидејќи во сезоната 2023/24 беше на позајмица во Барселона. Во својот мандат, Кансело одигра 42 натпревари, постигна четири гола и пет асистенции.
Кансело остави најдлабока трага во дресот на Манчестер Сити, каде што запиша девет гола и 22 асистенции во 154 натпревари. Играше и за Валенсија, Интер, Јувентус и Баерн. Во дресот на португалската репрезентација постигна 12 гола на 64 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Рома за 17 минути ја декласира Џенова
Со натпреварот Рома-Џенова заврши фудбалската 2025 година во Серија А. Рома рутински ја победи Џенова со 3:1. Гостите од клупата ги предводи легендата на „волчицата“ даниеле Де Роси.
Со оваа поведа, Рома се врати на четвртата позиција, последна што води во Лигата на шампионите, додека Џенова, со третиот пораз по ред, остана веднаш над зоната за испаѓање.
Победникот практично беше познат веќе во првото полувреме, по само половина час игра, кога Рома ги постигна головите. Во интервал од 14-та до 31-та минута голманот на Џеонова го совладаа: Суле, Коне и Фергусон.
Почесниот гол за Џенова го постигна Ехатор во 87-та минута.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Паника во Денвер, се повреди Никола Јокиќ
Убедливиот пораз на Денвер против Мајами, 147:123, мина во сенка на повредата, на најдобриот играч во лигата, Никола Јокиќ. .
Србинот го напушти натпреварот поради проблем со коленото на полувремето и не се врати на теренот до крајот на натпреварот.Повредата се случи несреќно, по судир со соиграчот Спенсер Џонс.
До тој момент Јокиќ блескаше на теренот со 21 поен, пет скока и осум асистенции.
This is the play where Nikola Jokic appeared to hurt his leg — hope it is nothing serious. 🙏
pic.twitter.com/XCihk0Fld4 https://t.co/NdTEYkKsbC
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 30, 2025
NOOOOOOO 💔
I am depressed.
My goat can’t even walk right to the locker room. Please be ok please be ok. Please be ok. pic.twitter.com/MyvBfpf2qd— Tatiana (@Tatianaclinares) December 30, 2025
Без него, но и без уште тројца играчи од стартната петорка, кои од претходно се повредени, Денвер немаше шанси против Мајами.
И покрај тоа што не играше во вториот дел Јокиќ беше најефикасен во својот тим, го следеа Џамал Мареј со 20 поени, шест скока и 11 асистенции, Хардавеј и Џонс со по 16, Браун со 15 и Вотсон со 11 поени.
Никола Јовиќ го предводеше Мајами со 22 поени, четири скока и пет асистенци, Норман Пауел уфрли 25, а Хаиме Хакез 20 поени и 11 асистенции.

