Спорт
Навивач на Партизан заработил 15 години затвор поради убиство
Навивачот на Партизан, Стеван Станковиќ (20) е осуден на 15 години затвор поради убиство на Дејан Димитријевиќ (27) во пресметката на навивачите на српските фудбалски прволигаши Војводина и Партизан.
Станковиќ е осуден и поради тешко убиство во обид и носење на оружје, соопштил претседателот на судскиот совет на Окружниот суд во Нови Сад, Зоран Дрецун.Судијата Дрецун изјавил дека е утврдено дека немирите настанале по претходно закажана пресметка меѓу Немања Јовановиќ и Милан Мајкиќ, а дека Станковиќ тогаш испукал најмалку два куршума од кои со едниот е убиен Дејан Димитријевиќ, а со другиот е ранет малолетниот С. Б. “Станковиќ пукал на оддалеченост од не повеќе од десет метри. Тој во тој момент гледал во кого пука, а пукал право во телата на двајцата” – изјавил судијата.Јовановиќ и Мајкиќ се осудени на две години и осум месеци, односно на две години затвор, додека Драган Качански и Дејан Владушиќ добиле по две години и четири месеци затвор поради учество и носење оружје.Според наводите од српските медиуми, навивачите на Војводина и Партизан се пресметале на 14 април 2008 година, кога отишле на закажана пресметка меѓу Јовановиќ и Мајкиќ.Бкупно 16 навивачи се осудени на парична казна во висина од 40.000 до 120.000 динари.Правните застапници на обвинетиот најавиле поднесување на тужба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

