Спорт
ФФМ одлучува за нов селектор
Македонската фудбалска репрезентација денеска треба да го добие новиот селектор, кој ќе ја предводи во продолжението на квалификациите за пласман на Мундијалот 2010 година.
Одлуката за наследникот на Словенецот Сречко Катанец, кој поднесе оставка како селектор пред еден месец, треба да биде донесена попладнево на седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).Неизвесно е за кој од неколкуте македонски и странски фудбалски стратези, кои се заинтересирани за селекторското место, ќе се одлучи ФФМ.Според информациите во домашните медиуми, потенцијални кандидати се актуелниот селектор на репрезентацијата до 21 година Мирсад Јонуз, помошникот на Катанец, Вујадин Станојковиќ, како и поранешниот селектор Никола Илиевски.Од странските стратези се споменуваат прославениот украински фудбалски ас Олег Блохин, Турчинот Зија Доган и Србинот Стеван Остојиќ.Еден од најсериозните кандидати, Хрватот Бранко Иванковиќ, кој на крајот од април оствари средба со раководството на ФФМ, според последните информации се откажал од селекторското место.Меѓу кандидати не е ниту македонскиот стратег Чеде Јанески, кој официјално потврди дека ФФМ не го контактирала за испразнетото селекторско место.Македонската фудбалска репрезентација на почетокот од јуни ги продолжува квалификациите за пласман на Мундијалот 2010 со две клучни средби во Скопје, против Норвешка и Исланд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.