Спорт
Лотар Матеус е за трансфер на Рибери во Јунајтед
Германската легенда, Лотар Матеус им порача на Баерн Минхен да му дозволат на Франк Рибери да замине во Манчестер Јунајтед
Француската ѕвезда, кој е една од најпопуларните фигури во неговата татковина, е една од целите на Манчестер Јунајтед за ова лето.И покрај фактот што сер Алекс Фергусон одрече дека е заинтересиран за него, Лотар Матеус ги поддржа англичаните за да го одвлечат французинот од Бундеслигата.Во последно време се шпекулираше дека клубот од “Олд Трафорд” е подготвен да достави понуда од 63 милиони фунти за Рибери и тренерот на Макаби Нетанија смета дека неговиот стар клуб треба да го продаде фудбалерот.„Доколку се работи за точна сума, тогаш Баерн треба да ја искористи можноста и да го продаде”- кажа Матеус за германскиот весник Bild.Флорентино Перез може да биде првиот клупски претседател што ќе ги надмине рекордните 100 милиони евра за трансфер според Лотар Матеус.Тој прогнозираше дека шпанецот ќе достави рекордна понуда за Кристијано Роналдо за тој да го облече дресот на Реал Мадрид.„Тој ќе биде првиот кој понуди 100 милиони евра и ќе влезе во историјата”- додаде Матеус.„Доколку Роналдо не замине, Манчестер Јунајтед нема да направат потег за Рибери, бидејќи Роналдо има 30 погодоци во сезона, а Рибери не”- заклучи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

