Спорт
Јувентус во своето најдобро издание
Екипата на Јувентус убедливо триумфира над Сампдорија, тимот кој и е еден од главните ривали за скудетото
„Старата дама“ по серијата слаби резултати со серија А се врати на победничките патеки. Амаури ги отвори резултатот во 26-та минута, а пред самиот крај на првото полувреме Џорџо Киелини го зголеми резултатот на 2:0. Второто полувреме почна фуриозно со тотална доминација на Јувентус, па во 50-та минута Мауро Каморанези погоди за 3:0, а Амаури го постигна својот втор гол во 62-та минута за 4:0. Совршениот резултат го расипа Пазини по само две минути, а Давид Трезеге само ги дотолчи на две минути пред крајот со прекрасен удар со глава во шеснаесетникот на Сампдорија. Јувентус сега се наоѓа на второто место на табелата во серија А, пред Интер кој денес на Сан Сиро ја пречекува екипата на Палермо. Удинезе ја победи Рома во Удине со двата гола на Флорес по еден во секое полувреме, а Де Роси за момент во 42-та минута израмни за 1:1.И градскиот ривал на Рома, Лацио, изгуби во Рим, минимално од Калјари благодарение на единствениот гол на Матри во 50-та минута. Наполи и Милан одиграа нерешено 2:2 во Неапол. Милан рано поведе со 2:0 и веќе до 6-та минута од натпреварот со головите од Инзаги и Пато, и кога фудбалерите на Милан мислеа дека ќе си заминат од гостувањето во Неапол, Денис и Кигарини го израмнија резултатот во судиското продолжение. Катанија изгуби на домашен терен од екипата на Киево, со конечен резултат 1:2. Мантовани погоди за водство на Киево, но Катанија израмни со голот од пенал на Маскара во 42-та минута. Марколини погоди за победа на Киево. Фиорентина изгуби од Џенова со истиот резултат. Головите за Џенова ги постигнаа Паладино во 43-та и Место во 73та, додека пак Маркиони за момент израмни на 1:1 во 64-та минута. Парма беше убедлива на домашен терен против Бари, а двата гола за Парма ги постигнаа Божинов и Палоши во второто полувреме. Болоња беше поуспешна од Сиена. Головите за Болоња ги постигнаа Адаилтон во 16-та и Освалдо во 59-та пред самиот крај на натпреварот Калаио го намали резултатот за Сиена.Ливорно минимално со голот на Миглионико ја победи Аталанта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шифрин доминантно до златниот медал во слалом
Микаела Шифрин, на импресивен начин, со предност од 1,50 секунди, го освои златниот медал во слалом.
За 30-годишната Американка, ова е осма победа во слалом оваа сезона, таа само ја продолжи доминацијата од Светскиот куп со две брилијантни трки. Во Милано и Корина го освои четврти олимписки медал во кариерата, трет златен.
Шифрин, во првата трка создаде огромна предност пред ривалките. Втората трка донесе хаотичен финиш.
Корнелија Елунд, трета по првото возење, направи голема грешка во долниот дел од патеката и не ја заврши тркаат. Лена Дир, втора по првото возење, излета на првата капија и ја шокираше публиката и остана без медал.
Покрај Шифрин, на подиумот завршија Камила Раст и Ана Свен Ларсон.
Швајцарката Раст, која во јули полни 27 години, освои сребро, за неа ова е прв олимписки медал. Прва пат медал на Олимпијадите освои и Швеѓанката Ларсон. Ја искористи последната можност, со оглед на тоа што во јуни полни 35 години.
Швајцарката Венди Холденер беше четврта, 21 стотинка зад Ларсон, Катарина Труп беше петта, а по неа следуваа: Катарина Хубер, Мелани Мајер, Ема Ајхер и Кејтлин Мекфарлан.
Foto/ EPA
Спорт
Атанасовска не ја заврши трката во слалом
Maкедонската скијачка Јана Атансовска, претпладнево го имаше вториот настап на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
И вториот настап на Атанасовска, заврши неславно. По трката во велеслалом, таа не успеа да ја заврши и трката во слалом.
Атанасовска стартуваше како 61-ра, направи грешка во раната фаза од трката, поради што не успеа да се избори за настап во втората трка.
Инаку, по првата трка убедлива предност има Американката Микаела Шифрин.
Foto/ mok.org.mk
Спорт
(Видео) Спалети: Три чекори назад
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, зборуваше на прес-конференцијата по убедливиот пораз од Галатасарај.
Фудбалерите на Јувентус доживеаа дебакл во Истанбул, турскиот тим победи убедливо со 5:2.
„Лошо го завршивме првото полувреме и се обидовме да ја подобриме ситуацијата во второто. Нашиот тим падна во однос на посветеноста и карактерот. Денес, Јувентус се врати три чекори назад, а не еден“, рече Спалети.
Искусниот стратег потоа ја опиша ситуацијата поради која Хуан Кабал беше исклучен на почетокот на второто полувреме.
„Камбијасо ризикуваше да добие втор жолт картон кон крајот на првото полувреме. Ако веќе имате жолт картон во вакви натпревари, мора да знаете како да се однесувате, но сепак ја плативме цената со исклучувањето на Кабал. Тоа ни создаде некои тешкотии, а потоа и самите направивме премногу грешки, вклучително и во организацијата на нападот.“
Потоа Спалети ја анализираше играта на својот тим.
„Верувам дека нашиот тим може да ја подобри својата дефанзивна игра ако игра правилно. Немаме фудбалери кои се особено добри во контранападите или такви кои гарантираат голема сигурност во одбраната. Ако паднеме под нашето ниво, секогаш ќе бидеме во опасност“, истакна Спалети, а потоа продолжи:
„Секогаш сакаме да играме во нормални ситуации. Кога има сериозна опасност, топката мора да се исфрли, идејата дека секогаш треба да се игра не е точна. Кога се случуваат екстремни ситуации, никогаш не е лесно. Мора да преземеме одговорност. На индивидуално ниво и во разбирањето на одредени ситуации, тимот сè уште не е во најдобра форма и вечерва само ја влошивме ситуацијата“.
Ревашот, во кој Јувентус ќе биде домаќин ќе се одигра наредната среда, во Торино.
Foto/ depositphotos

