Спорт
SEAT и натаму лидер во WTCC
Под екстремно лоши временски услови SEAT сепак успеа за време на трката во Окаума да ја задржи лидерската позиција во WTCC шампионатот. Последната трка од оваа сезона ќе се одржи во Макао на 22 ноември и ќе биде одлучувачка кој ќе ги понесе и двете титули
Покрај тоа што патеката во Окаума е многу поповолна за автомобилите кои имаат погон на задната оска, сепак SEAT Sport тимот успеа да ја задржи лидерската позиција, а првите две места во генералниот пласман на возачи да ги задржат Тарквини и Милер. Иако Габриеле Тарквини немаше многу среќа за време на трката, сепак Иван Милер беше лидерот за време на трката и успеа да се избори за втората позиција.По завршувањето на трката во Јапонија, Тарквини остана на правата позиција во табелата со освени 115 поени, само два поени пред Милер кој има вкупно 113. Третопласиран на листата е Агусто Фарфус со освоени 102 поени. Тројцата возачи ќе бидат потенцијалните победници на патеката во Макао и ќе се одлучува меѓу нив кои ќе ја понесе титулата. Во однос на генералниот пласман на конструктори SEAT е се’ уште на врвот, но предноста пред BMW се намали на само три поени. Поради лошите временски услови на патеката дојде до неколку инциденти каде што директно беа инволвирани возачите на SEAT. Во првата трка, Тарквини кој стартуваше од пол позиција изгуби контркола над возилото и поради тоа ја продолжи трката од осмата позиција. Рикардо Рајдел кој го презеде лидерството имаше контакт со автомобилот на Хорди Милер поради што доби казнени неколку минути. Потоа, Енди Праиулх ја зазеде лидерската позиција и беше следен со страна на Хори Милер, Хорди Гене како трет на патеката, кој на крајот од трката заврши шести зад Иван Милер и Габриеле Тарквини. Инцидентите во кои беа инволвирани голем број автомобили беа предизивкани најмногу поради лошите временски услови. Монтеиро кој стартуваше од пол позиција беше истуркан од патеката од страна на Хорди Милер, додека, пак, Тарквини со огромни напори успеа да избегне директен контакт со останатите возачи. Како резултат на тоа Габриеле успеа да се врати на патектата меѓутоа како седумнаесетти за на крајот после големи напори да заврши како седмопласиран, благодарение на одличните позиции кои ги имаа Гене и Рајдел.Квалификации:
Прва трка: 1.Е.Праилух (BMW) 32:18.887. 2.Х. Милер (BMW) + 0.484. 3.Р. Хуф (Chevrolet) + 2.552. 4.И.Милер (SEAT) + 12.066. 5.Г. Тарквини (SEAT) + 15.757. 6. Х. Гене (SEAT) + 17.131. 7.T.Монтеиро (SEAT) + 18.693. 8.A.Фарфус (BMW) + 25.403. 9.A.Мену (Chevrolet) + 28.163. 25.Р. Рајдел (SEAT) 2 круга.
Втора трка: 1.A.Farfus (BMW) 26:55.015. 2.A.Priaulx (BMW) + 0.761. 3.Y.Muller (SEAT) + 3.298. 4.A.Menú (Chevrolet) + 5.878. 5.N.Larini (Chevrolet) + 13.725. 6.R.Huff (Chevrolet) + 17.538. 7.G.Tarquini (SEAT) + 24.104. 8.R.Rydell (SEAT) + 26.212. 9.J.Gené (SEAT) + 27.272. DNF: T.Monteiro (SEAT).Генерален пласман:Возачи: 1.Габриеле Тарквини, 115 поени. 2.Иван Милер, 113. 3.Агусто Фарфус, 102. 4.Енду Приаулх, 84. 5.Роберт Хуф , 69. 6.Хорди Милер, 66. 7.Рикардо Рајдел, 64. 8.Хорди Гене, 39. 11.Тиаго Монтеиро, 36.Конструктори: 1.SEAT, 289 поени. 2.BMW, 286. 3.Chevrolet, 192. 4.Lada, 84.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

