Спорт
Бенфика и Евертон одат понатаму во Европа Лигата
Португалскиот гигант Бенфика и англискиот клуб Евертон се патниците во понатамошното натпреварување од Европа Лигата, а римски Лацио ќе се врати дома
Бенфика со победата на гости над Бате Борисов од 2:1 си обезбеди пласман во понатамошната фаза од Европа Лигата. „Португалците“ со головите на Савиола и Коентрао во второто полувреме обезбедија три нови бода за првата позиција во групата И. Сосновски само го ублажи резултатот во 68-та минута за Бате Борисов. Евертон во истата група и исто така на гостински терен беше поуспешен од АЕК, со единствениот гол на Билјатединов во самиот почеток на натпреварот. „Сега разбираме како АЕК ја победи Бенфика. Тие се многу силен тим, и ова беше многу тежок натпревар, но ги применивме инструкциите од тренерот и со малку среќа, победивме“, изјави фудбалерот на Евертон Тим Кејхил. Лацио загуби од Салзбург на гостински терен со 1:2 и не се пласира во понатамошното натпреварување од Европа лигата. Сите три гола на натпреварот во Салзбург беа постигнати во второто полувреме. Најпрво Афолаби погоди за водство на Салзбрург во 52-та минута, но Фоџа израмни по 5 минути за Лацио. Чоју погоди во 78-та минута, за „Австријците“. Возбудлив натпревар одиграа Тимисоара и Ајакс, каде што гостите од Амстердам, со пресврт дојдоа до победата. Гога погоди за Тимисоара во 2-та минута Сузарез израмни во 8-та. Пантелиќ погоди за 2:1 во 46-та минута, но второто полувреме донесе, два црвени картони за домаќините каде за 12 минути беа исклучени двајца играчи на Тимисоара, а Суарез два пати промаши пенал прилика да го зголеми резултатот. Патниците во понатамошната фаза од групата А ќе се решат во последното коло бидејќи дури три тима имаат шанси да се пласираат. Во истата група Динамо Загреб во гости го совлада Андерлехт. Слична е ситуацијата во групата Б, каде Валенсија со 3:1 го победи Лил за да остане на првото место од табелата со 9 бода. Селтик беше поуспешен од Хапоел Тел Авив со 2:0 но „Шкотланѓаните“ ги изгубија сите шанси за пласман, и последното коло нема да измени ништо. Тел Авив и Хамбург се квалификуваа во понатамошното натпреварување. Хамбург со истиот резултат беше поуспешен од рапид Виена. Шериф и Стеауа Букурешт одиграа нерешено 1:1, а лидерот во групата Х, Фенербахче беше поуспешен од Твенте со 1:0. Вилјареал во Софија слеваше победа над Лефски со 2:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Португалија и Норвешка ремизираа на ЕП
Португалија и Норвешка 0диграа без победник 35:35, во натпревар од четвртото коло, во Групата 1 на Европското првенство.
Динамичен и квалитетен натпревар одиграа двете репрезентации во Хернинг. Норвешка го контролираше натпреварот до 42.минута, кога Португалците ја презедоа иницијативата.
Во последните девет минути Португалците влегоа со предност од три гола, но не успеаја да победата. Се самоуништија во последните пет минути кога не реализираа два удари од седум метри.
На крајот можат да бидат задоволни со освоениот бод, бидејќи Лисе не успеа да реализира за Норвешка во последниот напад.
Уште еднаш, Педерсен беше најдобар за Норвежаните, кои сега постигнаа десет гола, додека Андерсон имаше еден гол помалку.
За Португалија, Лукас Фраде блескаше со 11 гола, Соуза имаше шест, додека браќата Коста постигнаа по четири гола. Гоеми залуги за освоениот бод има и голманот Валеро, имаше 12 одбрани, 10 од нов во второто полувреме.
И Норвешка и Португалија сега се на три бода, со минимални шанси некако да освојат едно од првите две места.
Во последното коло, Португалија ќе игра против Шпанија, додека Норвешка останува да се соочи со Данска.
Спорт
Бразилците сакаат да го задржат Анчелоти
Претседателот на Бразилската фудбалска конфедерација (CBF), Самир Шауд, изјави дека италијанскиот тренер Карло Анчелоти би можел да остане селектор на националниот тим.
Анчелоти ја презеде репрезентацијата на Бразил во мај минатата година. Италијанскиот стручњак има договор со CBF до крајот на Светското првенство.
„Разговорите веќе се во тек, а двете страни се заинтересирани за продолжување на соработката. Продолжувањето на договорот пред почетокот на Светското првенство е многу важно за бразилскиот фудбал. Секогаш велев дека верувам во среднорочни и долгорочни проекти. Анчелоти го потврди својот квалитет и компетентност за кратко време. Тој е совршен за бразилската репрезентација. Сакаме да му дадеме повеќе време да работи во бразилскиот фудбал“, рече Шауд за италијанската веб-страница „Туто Меркато“.
Анчелоти ја водеше бразилската репрезентација осум натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рој Кин: Карик не е вистинскиот човек за Јунајтед
Мајкл Керик со Манчестер Јунајтед забележа две импресивни победи, над Манчестер Сити и Арсенал, но легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“, Рој Кин, не е премногу импресиониран. Рој Кин е убеден дека Мајкл Карик е вистинскиот човек за „црвените ѓаволи“.
„Два одлични натпревари, но секој може да победи на два натпревари. И да ги добие Јунајтед сите натпревари до крајот на сезоната, не би го задржал. Не сум убеден дека тој е вистинскиот човек за менаџер на Манчестер Јунајтед. Апсолутно не“, рече Кин и додаде:
„Им треба познат и подобар тренер. Толку голем клуб, толку големи предизвици во следните неколку години, ви треба тренер за кој сметате дека може да ви ја донесе титулата во Премиер лигата. Дали ќе седиме тука и ќе велиме дека Мајкл Карик може да му донесе титули на Јунајтед? За мене, тоа не е доволно. Не верувам дека тој е тој човек.“
Тој не само што критикуваше, туку имаше и пофалби.
„Со оглед на тоа каде беа и каде се сега, тие вратија малку дрскост, смиреност во играта. Два брилијантни гола, играчите од клупата имаа големо влијание. Навивачите можеа да се слушнат, како во добрите стари времиња. Карик заврши навистина добра работа. Два брилијантни натпревари, вистински квалитет“, рече Кин.
Јунајтед моментално е четврти во Премиер лигата со 38 бода.
Foto/ depositphotos

