Спорт
На списокот на Јужна Африка го нема Макарти
Селекторот на домаќинот на Светското првенство 2010 од конечниот список со 23 фудбалери го изостави напаѓачот на англиски Вест хем, 32-годишниот Бени Мекарти, што се смета за едно од големите изненадувања што се однесува до репрезентацијата на Јужна Африка
Селекторот Карлос Алебрто Пареира покрај искусниот Бени Мекарти, се откажа и од услугите на голамнот Роуен Фернандез и одбранбениот играч Брис Мун.Голмани на јужноафриканците ќе бидат Моениб Џосефс од Орландо Пирејтс, Итимеленг Куне од Кајзер чифс и Шу-Аиб Валтерс од Марицбург јунајтед.Во одбраната ќе играат Метју Бут и Сибонисо Гакса од Мамелоди сандаунс, Бонгани Кумало од Суперспорт јунајтед, Цепо Масилеле од Макаби Хаифа, Аарон Мокоена од Портсмут, Анеле Нгконгоа од Расин Генк, Сиабонга Сангвени од Ламонтвил голден ароус и Лукас Твала од Орландо пирејтс.Играчи за врска на Јужна африка нмна мундијалот ќе бидат Ланс Дејвидс од Ајакс Кејптаун, Кагишо Дикгачои од Фулам, Тандуисе Кубони од Ламонтвил голден ароус, Ренеилве Летшолониане од Кајзер чифс, Теко Модисе од Орландо пирејтс, Сурписе Морири од Мамелоди сандаунс, Стивен Пиенар од Евертон, Мекбет Сибаиа од Рубин Казан, Сифиве Цабалала од Кајзер чифс, Напаѓачи се Катлего Мпхела од Мамелоди сандаунс, Сијабонга Номвете од Морока свалоус и Бернард Паркер од Твенте.Домаќинот на Светсктоо првенство Јужна Африка се антрпеварува во групата со Мескико, Уругвај и Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

