Спорт
Традиционално ЈАР или историски Мексико?
Честа да го отворат 19. Светско првенство во фудбал, ќе ја имаат, по традиција, домаќинот Јужна Африка и Мексико
Традиционално, до сега, домаќинот на мундијалот никогаш не изгубил на отворањето на првенството, што е одличен предзнак за мотивираните Јужноафриканци, но фудбалерите на Карлос Переира, исто така ќе се обидат да станат прва генерација фудбалери што на смотрата на Светското првенство успеале да го победат домаќинот. Уште еден податок, кој оди во прилог на „бафана, бафана“, (јужноафриканската репрезентација) е тоа што Мексико, никогашш до сега не победил на премиерен меч на турнирот, а првиот натпревар го играле дури четири пати (1930, 1950, 1958 и 1970). Репрезентативците на Јужна Африка во последните 13 натпревари не се поразени, иако, тие беа пријателски, но апетитите кај навивачите пораснаа. Во последните два контролни меча „бафана, бафана“, ги победија репрезентациите на Колумбија, со 2:1 и на Данска, со 1:0. Тоа е уште еден факт кој зборува дека домаќините еќе направат се да ги поразат „сомбреросите„, во првиот натпревар, денеска, што се игра во 16 часот. Навивачите најмогу очекуваат од двојката Стивен Пиенар и Катлего Мфела, играчот кој е сега во најдобра форма и кој секако ќе биде најголема опасност за голот на мексиканската репрезентација. „Постои мислењето дека репрезентацијата на домаќинот секогаш далеку стигнува, но, верувајте ми, јас размислувам само за натпреварот со Мексико. Ако постигнеме добар резултат, тоа ќе ни биде иницијална каписла за понатамошните натпревари. Мора да покажеме метална цврстина, која може да биде клуч на успехот“, вели Пиенар за Ројтерс. Од друга страна, Мексиканците во последните десет дена имаа добри проверки, а нивниот триумф против актуелниот светски шампион Италија во Брисел (2:1) најдобро покажа колкав квалитет имаат Мексиканците на чело со Рафа Марказе, дефанзивецот на Барса, преку Џерард Торада, Џовани дос Сантос, до новиот член на Манчестер јунајтед, Хавиер Ернандез, популарниот Чикарито. „Пред нас е одлична пролика, но во исто време дуелот против домаќинот ќе биде тежок. Цел свет нестрпливо го очекува овој меч и ние сме свесни за тоа. Мислам дека најважно за нас е да не подлегнеме на атмосферата и да бидеме концентрирани на фудбалот. Само така можеме да оствариме добар резултат, вели Карлос Вела, напаѓачот на Мексико, за АФП.
фото: Associated Press во договор со www.forum.com.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вулверхемптон не се предава, го победи Ливерпул
Фудбалерите на Вулверхемптон, приредија уште една сензација во Премиер лигата. Откако одиграа 2:2 со Арсенал, успеаја да го победат Ливерпул со 2:1 (0:0) во 29-то коло од Премиер лигата.
Ливерпул пропушти шансата да се искачи на третото место, во самиот финиш „црвените“ израмнија, благодарение на Мохамед Салах, но домаќините го зададоа последниот удар.
Мрежите мируваа до самиот крај на натпреварот, кога домашните први се заканија и поведоа во 78-та минута, кога Родриго Гомес погоди за 1:0.
Ливерпул брзо одговори, само пет минути подоцна, израмни Салах.
Иако се чинеше дека тоа ќе биде конечниот резултат, Вулверхемптон успеа да ги изненади гостите од Ливерпул во судиското продолжение. Беше 94-та минута Андре го совлада Алисон и му обезбеди триумф од 2:1 на својот тим.
Последнопласираната екипа на табелата, која и по вечервашната победа има само 16 бода, покажа квалитет и силен карактер, и сосема заслужено го победи актуелниот шампион на Англија.
Ливерпул разочара и остана на петтата позиција со 48 бода, со три бода помалку од Астон Вила и Манчестер Јунајтед, директни конкуренти во борбата за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Премиер лига, 29-то коло
Вторник:
Борнмут – Брентфорд 0:0
Евертон – Барнли 2:0 (1:0)
(Тарковски 32, Дјусбери-Хол 60)
Лидс – Сандерленд 0:1 (0:0)
(Дијара 70п)
Вулверхемптон – Ливерпул 2:1 (0:0)
(Гомес 78, Андре 90+4 – Салах 83)
Среда:
20.30 Астон Вила – Челзи
20.30 Брајтон – Арсенал
20.30 Фулам – Вест Хем
20.30 Манчестер Сити – Нотингем Форест
21.15 Њукасл – Манчестер Јунајтед
Четврток:
21.00 Тотенхем – Кристал Палас
Спорт
Вардар 1961 избори место во осминафиналето во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 ја победија Бенфика во Лига Европа со 33:27 и обезбедија место во осминафиналето во ова натпреварување. Црвено-црните можат и до директен пласман во четвртфиналето, доколку во последната рунда не загубат во Мелсунген.
Вардар 1961 44 минути ја бркаше негативата од пет гола, од првиот меч во Лисабон. Имаа црвено-црните четири гола предност во првито дел, но Бенфика успеа да се консолидира и на полувреме се замина со резултат 15:14.
Црвено-црните подобро го отворија и вториот дел, потребната предност ја стекнаа во 44-та минута, а веднаш потоа се одлепија и на седум гола (27:20).
Бенфика се обиде да се врати во мечот, имаа Португалците 28:24 во 55-та минута, но Вардар 1961 го одби тој напад и на крајот славеше со шест гола.
Малус со девет и Воркапиќ со осум гола го предводеа Вардар 1961 до големата победа.
Foto/ rkvardar.com.mk
Спорт
(Видео) Барселона победи, Атлетико оди во финалето
Барселона, во полуфиналниот реванш во Купот на Кралот, го победи Атлетико Мадрид со 3:0, но не успеа да се пласира во финалето. Пресудна се покажа предноста на „јорганџиите“ од првиот меч (4:0). Барселона нема да го брани трофејот, а Атлетико се пласира во своето прво финале по 2013 година.
Реваншот на „Камп Ноу“ се одвиваше според предвиденото сценарио. Барселона константно вршеше притисок кон голот на Хуан Мусо (се истакна Аргентинецот со неколку изворедни одбрани), а Атлетико своите шанси ги бараше во контранападите.
Домашните фудбалери упатија 21 удар кон голот на Мусо, девет од нив одеа во рамките на голот, изведоа 14 корнери, но постигнаа само три гола. Атлетико, упати осум удари кон голот на Џоан Гарсија, два од нив во рамките на голот.
Бедемот на Атлетико беше непробоен до 30-та минута, кога Јамал испрати центаршут, а на два метри од голот Брнал, кој остана сам ја спроведе топката до мрежата. На истекот на првиот дел, голема шанса за Атлетико промаши Лукман, а во следниот напад Барселона доби пенал. Сигурен реализатор беше Рафиња.
Имаше Барселона неколку панси во вториот дел, Мусо беше одличен на голот, но капитулираше во 72-та минута кога повторно погоди Бернал.
До крајот двата тима имаа свои шанси кои не ги реалзиираа.
Атлетико во финалето ќе игра против победникот од баскиското дерби меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао. По првиот меч Сосиедад има предност 1:0.
Foto/ EPA

