Контакт

Спорт

Мурињо ја одби Португалија

Објавено пред

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо нема да ја прифати понудата, во октомвриските квалификациски натпревари да ја предводи репрезентацијата на Португалија

Фудбалската федерација на Португалија која минатата недела го раскина договорот со Карлос Кеирош, на Мурињо му понуди да ја предводи репрезентацијата на натпреварите со Данска и Исланд.На прес-конференцијата о петочниот тренинг, Мурињо рече дека не може да ја прифати понудата поради несогласувањата помеѓу челниците на клубот. „Поради гордоста и љубовта, на мојата земја никогаш не би можел да и кажам не, но не можам ниту да ја прифатам понудата, бидејќи знам дека тоа во клубот не го одобруваат. За да бидам селектор на Португалија мора да постои согласност од трите страни, Реал има право да го каже тоа што го соопшти“, изјави Мурињо.Квеирош доби отказ откако доби шестмесечна суспензија. Поранешниот селектор на Португалија суспензијата ја заработи поради упатените навреди кон лекарите, кои пред почетокот на СП во Јужна Африка, вршеа допинг контрола врз португалските репрезентативци.Португалија лошо стартуваше во квалификациите за пласман на ЕП, на домашен терен одигра 4:4 со Кипар, а како гостин загуби од Норвешка со 1:0



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Пити ја проби магичната граница од 57 секунди

Објавено пред

Адам Пити стана првиот човек што успеал да ја преплива делницата на 100 метри градно со време по 57 секунди.

Олимпискиот шампион кој е непоразен во последните пет години на големите натпреварувања успеа да го подобри сопствениот светски рекорд 57.10 секунди поставен во Глазгов.

Пити на светското првенство во Јужна Кореја делницата од 100 метри ја препливал за 56.88 секунди. Новиот светски рекорд на 100 метри градно Пити го постави во полу-финалето.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Бејл ќе замине кога тоа ќе биде во негов интерес“

Објавено пред

Менаџерот на Герет Бејл, Јонатан Барнет, веднаш му одговри на Зинедин Зидан, кој по мечот на Реал и Баерн (1-3), рекол дека клубот сака да го продаде Велшанецот и дека најдобро би било кога веќе утре би заминал од „кралскиот клуб“.

„Треба да се засрами што така зборува за некој што направил толку работи за Реал“, изјавил Барнет за ЕСПН и дополнил.

„Ако и кога Герет замине тоа ќе биде така бидејќи е во нeгов интерес и тоа нема да има никаква врска со изјавата на Зидан.

Тренерот на Реал рекол дека одлуката да го отстрани Бејл од тимот е последица на промените што се случуваат во секој клуб.

Бејл е играч на Реал од 2014 година, со клубот има освоено четири титули во Лигата на шампионите, а во финалињата во 2014 и 2018 против Атлетико и Ливерпул беше стрелец.

Зидан: Ништо лично, ама Бејл мора да си оди

Прикажи повеќе...

Спорт

Проблем за Лампард, Канте се вратил во Лондон

Објавено пред

Светскиот првак со Франција и освoјувач на премиер лигата со Лестер и Челси, Нголо Канте, ги напуштил подготoвките на „сините“ и се вратил во Лондон.

Челси се наоѓаат на турнеја низ Азија, во Јапонија пред два дена беа поразени од Кавасаки, а во вторник ги очекува натпревар со Барселона.

Турнејата е мине без Канте кој поради повреда се вратил во Лондон. Играчот редот за врска го повреди коленото во финишот на минатат сезона, тогаш пропушти неколку натпревари, но играше во финалето во Лига Европа против Арсенал (4-1).

Повредата е таква што Канте не само што ќе ја пропушти турнејата низ Азија, туку нема да биде подготвен ниту за почетните мечеви во Премиер лигата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија2 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Свет4 часа

Граѓаните да се воздржат од криминал додека не залади, апелира полицијата во Масачусетс

Полицијата од Масачусетс побара од граѓаните да се воздржат од криминал и нелегални активности до понеделник, поради топлотниот бран што...

Македонија5 часа

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет5 часа

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет6 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија7 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет8 часа

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет20 часа

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет21 час

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија1 ден

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија1 ден

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија1 ден

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија1 ден

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија1 ден

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион1 ден

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија1 ден

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија2 дена

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија2 дена

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Досие