Спорт
Дерби во Премиер лигата, Сити против Челзи
По шокантните резултати во Карлинг купот, и елиминациите на Челзи, Ливерпул и Манчестер Сити, Премиер лигашите се насочуваат кон обврските од редовното шесто коло
Најпривлечниот дуел во оваа рунда ќе се одигра утре во Манчестер, Сити ќе го пречека актуелниот лидер и шампион на Англија, Челзи. „Сините“ од Лондон имаат максимален ефект по првите пет кола и импресивна гол разлика, 22 постигнати и само еден примен гол. Менаџерот на Манчестер Сити, Роберто Манчини пред овој натпревар се наоѓа на големи маки, сите дефанзивци кои настапуваат крај левата аут линија се повредени. Неговиот колега и сонародник, Карло Анчелоти нема проблеми околу составувањето на екипата.Интерес во оваа рунда предизвикува и малото лондонско дерби, на „Аптон Парк“ Вест Хем за противник ќе го има Тотенхем.Комплетните двојки од шестото коло во Премиер лигата се : во сабота, 25 септември – Манчестер Сити-Челзи, Арсенал-ВБА, Бирмингем-Виган, Блекпул-Блекбурн, Фулам-Евертон, Ливерпул-Сандерленд и Вест Хем-Тотенхем. Во недела, 26 септември, ќе играат Болтон-Манчестер Јунајтед, Вулверхемптон-Астон Вила и Њукасл-Стоук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

