Спорт
Војниците победија, Елис се повреди
Војниците на Голден Стејт со победа од 109:102 се вратија од гостувањето во Торонто. Стивен Кари беше најефикасен кај гостите со 34 поени, а водечкиот стрелец на НБА Монта Елис застана на 28 постигнати поени откако по еден судир се повреди во последната четвртина и го напушти паркетот. Дејвид Ли имаше дабл-дабл со 14 поени и 12 скокови . Во канадскиот состав Џерет Џек постигна 24 поени и 8 асистенции, а Линас Клеиза даде 20 кошеви.Во Орландо магичните извојуваа тешка победа над соколите од Атланта со 93:89. Двајт Хауард имаше значаен учинок со 27 поени и 11 скокови, а Винс Картер беше стандарден со 19 поени. Во гостинскиот тим се издвоија Џо Џонсон (23 п.) и Ал Хорфорд (16 п.).Во Шарлот дивите мачки загубија со 91:95 од Сан Антонио Спарс. За победата на гостите најзаслужен беше Ману Џинобили со 26 поени, вклучувајки го решавачкото положување во кош на 5 секунди до крајот. Стивен Џексон и Борис Диа постигнаа по 16 кошеви за Бобкетс.Во Далас Дирк Новицки (25 п.) со скок шут на 20 секунди до крајот ја донесе победата од само два поени разлика (89:87) на Маверикс над Бостон Селтик. Придонес имаа и Џејсон Тери (17 п) и Тајсон Чендлер (12 п. 12 ск.). За Селтик најефикасни беа Пол Пирс (24 п.) , Кевин Гарнет (18 п. 15 ск.) и Ражон Рондо (11 п. 15 ас.).Останати резултати:Мемфис Гризлис – Феникс Санс 109:99 (Зак Рендолф 23 п. 20 ск., Руди Геј 22 п. / О Џеј Мајо 16 п., Мајк Конли 16 п.)Чикаго Булс – Денвер нагетс 94:92 ( Дерик Роуз 18 п., Луол Денг 17 п. / Кармело Ентони 32 п. 8 ск.).крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

