Спорт
Тиквеш во последната секунда ја прокоцка шансата

ВВ Тиквеш – Азоти Пулави 22:24. Ракометарите на Винарска Визба Тиквеш во последната секунда од мечот ја пропуштија шансата за пласман меѓу 16 најдобри екипи во Челенџ Купот на ЕХФ. По победата од 24:23 на првиот натпревар кавадарчани имаа одлична можност да продолжат со европско натпреварување и напролет. Но гостите од Полска покажаа дека не допатуваа во Македонија да се предадат. Во последната минута од мечот резултатот беше 22:23, резултат кој го водеше Тиквеш во наредното коло. Но Полјаците постигнаа погодок, па на Тиквеш му беше потребен гол да го израмни резултатот од првиот меч. Во последната секунда беше свирен седмерец, но за жал стативата ја спречи радоста на Кавадарчани и можноста барем преку изведување седмерци да изборат пласман во следната рунда.За Тиквеш головите ги постигнаа: Везенковски 9, Милосдављевиќ 5, Павловски 3, Јанчев 2, Китев 1, Плетварски 1, Попов 1.. Во тимот на Азоти Пулави најефикасен беше Зидрон со 10 погодоци. крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси и Мајами постигнаа договор

Аргентинецот Лионел Меси ќе ја продолжи кариерата во Мајами, објавува ESPN.
Нов повеќегодишен договор е подготвен за еден од најдобрите играчи на сите времиња. За клубот клубот од Флорида, Меси игра од 2023 година, кога помина „преку барата“ по брилијантната европска кариера.
„Останува двете страни да се договорат за уште некои детали пред да го потпишат новиот договор“, тврди ESPN.
По оваа вест, шпекулациите дека славниот Аргентинец ќе се пресели во друга земја, во друг клуб, паднаа „во вода“, а повеќе од плодната соработка што носи огромни придобивки за двете страни, на и надвор од теренот, продолжува.
Да се потсетиме дека Меси потпиша за Мајами во јули 2023 година, а потоа отвори нова страница од својата неверојатна кариера. Тогаш потпиша договор на две и пол години, до крајот на 2025 година.
Во претходната сезона, Аргентинецот одигра 36 натпревари и постигна 28 гола, и имаше 14 асистенции во сите натпреварувања.
Тој е моментално најдобриот стрелец на тимот.
Foto/ EPA
Спорт
ФИФА листа: Македонија е на 63-то место

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на новата ранг-листа на ФИФА за најдобрите селекции во светот.
Македонија се наоѓа на 63-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од една позиција.
Фудбалската репрезентација на Македонија, на почетокот на овој месец загуби од Саудиска Арабија (2:1) во пријателски натпревар и го победи Лихтенштајн (5:0), о квалификациите за пласман на СП.
Пред Македонија, меѓу другте на листата се Јордан, Република Ирска, ДР Конго, Саудиска Арабија, Ирак, Чиле, Мали, Јужна Африка…
На новата ранг листата на ФИФА има промени на врвот. Аргентина повеќе не е број 1, „гаучосите“сега се на третата поцизија. Нов лидер е Шпанија, пред Франција, додека Англија ја задржа четвртата позиција.
Португалија напредуваше за едно место и моментално е петта репрезентација во светот. Бразил падна на шестото место, по што следат Холандија и Белгија.
Хрватската фудбалска репрезентација го подобри својот пласман за едно место и сега е деветта на ранг-листата на ФИФА, додека италијанската репрезентација е на десеттата позиција.
Следната ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 23 октомври.
Foto/ ffm.mk
Спорт
Сити домаќин на Наполи, Барселона гостува кај Њукасл

Вечерва со нови шест натпревари ќе биде комплетирано првото коло во Лигата на шампионите. Погледите на фудбалската јавност ќе бидат насочени кон Англија, во Манчестер, Сити ќе го пречека италијанскиот првак Наполи, а во Њукасл ќе гостува Барселона.
Натпреварот на „Етихад“ стадионот во Манчестер ќе биде емотивен за домашниот клуб и неговите фанови, Кевин Де Брујне ќе го предводи Наполи. Бегиецот минатото лето по 10 години го напушти Сити, откако клупските челници не му понудија нов договор. Де Бријне ја прифати понудата од Наполи и веќе се наметна како лидер во тимот.
Менаџерот на домашниот тим Пеп Гвардиола подели комплименти за противникот од Неапол.
„Тимот што ја освои Серија А – тоа значи дека тренерот и играчите завршија неверојатна работа. Кога ќе ја освоите титулата, секој играч секогаш игра максимално. Каде и да бил Антонио Конте, тој оставил свој белег. За мене, титулата на Наполи не е изненадување“, додаде Гвардиола.
Сити игра променливо од почетокот на сезоната, стартуваше со победа во Премиер лигата, потоа загуби два натпревари, а викендов лесно славеше над градскиот ривал Јунајтед. Од друга страна Наполи дојде во Англија во одлично расположение. Шампионот на Италија забележа три победи во Серија А против Фиорентина, Каљари и Сасуоло.
Сепак, Конте повикува на претпазливост, но исто така истакнува дека е среќен што се враќа на стадионот на Манчестер сити.
„Секогаш е емотивно бидејќи ова е најважното европско натпреварување и ни овозможува да се вратиме на фантастични стадиони како овој. Бев тука и претходно со моите клубови Челзи и Тотенхем, но ова ми е прв пат да играм против Манчестер сити во Европа“, рече Конте.
Манчестер сити го победи Наполи двапати во 2017 година, со 2:1 и 4:2.
„Не го знаев тоа! Секако ќе биде тежок натпревар, бидејќи Манчестер сити освои практично сè што беше можно да се освои во последните неколку години. Зборуваме за врвен клуб со врвен тренер. Доаѓаме тука со голема скромност, но и желба да разбереме не каде сме сега, бидејќи ова е само почеток на проектот што го започнавме минатата година, туку дали растеме според планот“, објасни Конте.
Лига на шампиони, 1.коло:
Бриж – Монако 18.45 часот
Копенхаген – Баер Леверкузен 18.45
Ајнтрахт Франкфурт – Галатасарај 21.00
Манчестер сити – Наполи 21.00
Њукасл – Барселона 21.00
Спортинг Лисабон – Каират 21.00