Спорт
Бербатов влезе во премиерлигашката историја

Во пресрет на денешното дерби Тотенхем-Ливерпул тема на денот во Премиер лигата е напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов. Бугаринот во победата на својот тим над Блекбурн од 7:1, постигна неверојатни пет погодоци. Топката со која испиша дел од историјата во Премиер лигата Бербатов ја однесе дома, а кога во финишот го напушти натпреварот доби овации на отворена сцена од публиката на „Олд Трафорд“. Пред Бербатов, пет погодоци на еден натпревар во Премиер лигата постигнаа Енди Кол, Алан Ширер и Џермеј Дефо. Со победата над Блекбурн „црвените ѓаволи“ се искачија на врвот на табелата во фудбалското првенство на Англија. Челзи може да му се приклучи на Манчестер на чело на табелата само доколку денес забележи победа на гостувањето во Њукасл./крај/ап/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Куриер: Дајте му нова шанса на Ѓоковиќ

Поранешниот светски рекет број 1, Џим Куриер вели дека австралиската јавност мора да му даде нова шанса на Новак Ѓоковиќ по контроверзите околу наводната „листа на барања“ која ја објавил српскиот светски број 1.
Ѓоковиќ е еден од 72-те тенисери и тенисерки кои беа приморани да бидат во карантин во Австралија откако во нивните чартер-летови имаше позитивни луѓе на КОВИД-19 и тој побара од властите подобра храна за тие кои се во во локдаун во хотелите и можност да се преселат во „приватни куќи со тениски терени“. Австралиските власти веднаш го одбија ова, а 17-кратниот освојувач на гренд слем турнири мораше да се правда дека не е „себичен, тежок и неблагодарен“.
Куриер вели дека Австралијците не треба да се престроги кон Србинот.
„Новак сакаше да застане зад другите тенисери тука во Австралија. Тој сакаше да биде лидер, и тоа лошо се протолкува во јавноста и се надевак дека Австралијците ќе му дадат шанса барем да објасни што мислеше. Тој е чувствителен кон јавното мислење и се обидува да се докаже. Според тоа што го направил на теренот треба да е миленик на публиката, но пристигна на сцената кога многу фанови решија да навиваат за Федерер или Надал“, вели Куриер.
Спорт
Безмилосниот Абрамович со ретка објава: Лампард ќе остане икона на клубот

Роман Абрамович вообичаено е тивкиот газда, тој што ги влече конците од заднина, но не се експонира во јавноста, а по одлуката да го отпушти Френк Лампард, рускиот милијардер (кој сега наводно живее во Израел), реши да се јави со официјално соопштение.
Тој му се заблагодари на 42-годишниот Лампард за речиси двегодишната соработка и посочи дека статусот на Англичанецот како икона на Челси останува без дамка. Ова е првпат Абрамович да даде соопштение по смена на тренер.
„Ова беше многу тешка одлука за клубот не само поради моите одлични лични односи со Френк и огромната почит што ја имам кон него. Тој е човек со огромен интегритет и највисока работна етика. Меѓутоа, под сегашните услови веруваме дека е најдобро да се смени менаџерот. Од сите во клубот, бордот и од мене лично, би сакал да му заблагодарам на Френк за рабоата и да му посакам успех во иднина. Тој е важна икона на овој голем клуб и неговиот статус тука останува без дамка. Секогаш ќе биде топло добредојден на ‘Стемфорд бриџ’“, се вели во изјавата на Абрамович на официјалната веб-страница на клубот.
Спорт
Замената за Џеко Рома ја најдe во Белгија

Един Џеко до крајот на предониот рок би може да ја напушти Рома. Нетрпеливоста помеѓу него и тренерот Фонсека кулминираше пред десет дена, поради што Џеко, викендов не играше против Специја.
Во Рома се подготвени да продолжат понатаму без репрезентативецот на Босна и Херцеговина. Во клубот во Белгија го нашле играчот кој требада го замени капитенот.
Станува збор за напаѓачот на Бриж, Роман Јаремчук. Италијанските медиуми тврдат дека веќе се започнати преговорите помеѓу клубовите.
Според овие извори, Бриж, за својот напаѓач бара 12.000.000 евра.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот