Спорт
НБА – 50 играчи се преселија во мини преодниот рок

NULL
Синоќа со 24 часот е затворен зимскиот преоден рок во НБА. Можноста да ги променат клупските бои ја искористија дури 50 кошаркари, од кои 19 тоа го направија во последните часови пред затворањето на трејдовите. Преглед по клубови:Њујорк НиксПристигнаа: Кармело Ентони, Чонси Билапс, Реналдо Балкман, Ентони Картер, Шелден Вилијамс, Кори Боер.Заминаа: Вилсон Чендлер, Рејмонд Фелтон, Данило Галинари, Тимофеј Мозгов, Еди Кари, Ентони Рендолф. Денвер:Пристигнаа: Вилсон Чендлер, Рејмонд Фелтон, Данило Галинари, Тимофеј Мозгов, Коста Куфос.Заминаа: Кармело Ентони, Чонси Билапс, Реналдо Балкман, Ентони Картер, Шелден Вилијамс.Минесота:Пристигнаа: Еди Кари, Ентони Рендолф.Заминаа: Кори Броер, Коста Куфос.Торонто:Пристигна: Џејмс Џонсон.Чикаго:Заминал: Џејмс Џонсон.Њу Џерси:Пристигнаа: Дерон Вилијамс, Брендон Врајт, Ден ГаџуриќЗаминаа: Дерик Фејворс, Девин Херис, Трој Марфи.Јута:Пристигнаа: Дерик Фејворс, Девин Херис.Замина: Дерон Вилијамс.Њу ОрлеансПристигна: Карл Лендри.Замина: Маркус Торнторн.Сакраменто:Пристигнаа: Маркус Торнторн, Маркиз Дениелс.Замина: Карл Лендри.Голден Стејт:Пристигна: Трој Марфи.Заминаа: Брендон Врајт, Ден Гаџуриќ.Атланта:Пристигнаа: Кирк Хајнрих, Хилтон Армстронг.Заминаа; Мајк Биби, Џордан Крофорд, Морис Еванс.Вашингтон:Пристигнаа: Мајк Биби, Џордан Крофорд, Морис Еванс.Заминаа: Кирк Хинрич, Хилтон Армстронг.Кливленд:Пристигнаа: Бајрон Дејвис, Семих Ерден, Лук Харангоди.Заминаа: Мо Вилијамс, Џамарио Мун.Л.А. Клиперс:Пристигнаа: Мо Вилијамс, Џамарио Мун.Заминаа: Бајрон Дејвис.Бостон:Пристигнаа: Џеф Грин, Ненад Крстиќ.Заминаа: Кендрик Перкинс, Нејт Робинсон, Семих Ерден, Лук Харангоди, Маркиз Дениелс.Оклахома:Пристигнаа: Кендрик Перкинс, Нејт Робинсон, Назр Мухамед.Заминаа: Џеф Грин, Ненад Крстиќ, Ди Џеј Вајт, Морис Питерсон.Хјустон:Пристигнаа: Хашим Табит, Демар Керол, Горан Драгиќ.Заминаа: Шејн Батие, Иш Смит, Арон Брукс.Мемфис:Пристигнаа: Шејн Батие, Ич Смит.Заминаа: Хашим Табит, Демар керол.Шарлот:Пристигнаа: Ди Џеј Вајт, Морис Питерсон, Џоел Прзибила, Данте Канингем, Син Маркс.Заминаа: Назр Мухамед, Џералд Волис.Феникс:Пристигнас: Арон Брукс.Замина: Горан Драгиќ.Портланд:Пристигна: Џералд Волис.Заминаа: Џоел Прзибила, Данте Канингем, Син Маркс. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер испадна од клускиот Мундијал

Фудбалерите на Флуминенсе направија изненадување победувајќи го фаворизираниот Интер со 2:0 и се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.
Интер доживеа шок во четвртата минута кога Херман Кано со глава шутираше ниско во средината на голо и го совлада Јан Зомер.
Победата бразилскиот тим ја потврди во судиското надополнување, во 93.минута, стрелец беше Херкулес.
Спорт
Турците се задоволни од Монтела

Италијанскиот стручњак Винченцо Монтела ќе остане тренер на турските фудбалери до јули 2028 година, објави Фудбалската асоцијација на Турција (ФСТ).
Според ФСТ, Монтела (51) потпишал нов договор и се обврзал на нелојалност до крајот на Европското првенство во 2028 година.
Монтела седеше на клупата на Турција во 2023 година, а на претходното Европско првенство ја водеше екипата до четвртфиналето.
Турција го очекува почетокот на квалификациите за Светското првенство 2026 во септември.
Екипата на Монтела е во групата Е, во која се и Шпанија, Грузија и Бугарија. Победникот од групата ќе обезбеди директно место на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе оди во плејофот.
Спорт
Еванс ја заврши кариерата, доби интересна работа во Јунајтед

Џони Еванс ја заврши својата 20-годишна играчка кариера и се пресели од теренот во канцеларијата.
Долгогодишниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, но и на бројни други клубови (Лестер, Сандерленд, ВБА) ќе ги извршува своите должности во клубот од Олд Трафорд, а неговиот опис на работното место ќе вклучува работа со млади играчи.
Тој ќе соработува со директорот на клубот Џејсон Вилкокс и директорот на академијата за подобрување и развој на младите играчи. Неговиот фокус ќе биде испраќање играчи на позајмица.
Во два периода во Манчестер, Еванс одигра вкупно 241 натпревар за „Црвените ѓаволи“.
Учествуваше во освојувањето на Лигата на шампионите и три титули во Премиер лигата, сите под водство на Сер Алекс Фергусон.
За репрезентацијата на Северна Ирска одигра вкупно 107 натпревари.